
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Пазарче „Буњаковец“. „Луксузна локација“ скриена зад купиштата ѓубре и урбаниот хаос… За мене, Буњаковец е копче на кое пишува rewind. Притискам и се враќам. Се враќам во едно минато, кое иако избледено, сепак е живо. Како стар графит, измиен од дождовите на времето. Шарени букви, избледени контури, но пораката уште е таму. Чека да биде видена. Сендвичарата „Флорида“. Името звучи како реклама за егзотична дестинација, а таму… плескавици и ...
Свесноста е она што нè прави луѓе – но од каде потекнува? Дали е производ на мозокот или нешто повеќе, и дали нејзините корени се кријат во квантниот свет, како што претпоставуваат некои истражувачи? Од Платон до Пенроуз, филозофите и научниците ја истражуваат оваа мистерија со векови. Во 21 век нашите познавања на светот се огрмни, сепак имаме мапирано само 4% од универзумот и 5% од океаните, додека нашата свесност останува подеднакво ...
Непостојаноста, тој фундаментален принцип во будистичката филозофија, одеднаш стана опиплива реалност во мојот дигитален живот. Зарем не е парадоксално што во ерата кога создаваме повеќе информации од кога било во историјата, податоците се помалку трајни од кога било? Ова откритие ме одведе на необично патување низ источните филозофии, квантната физика и сопствените спомени – потрага да разберам дали воопшто постои нешто трајно во овој универзум ...
Во театарот на универзумот, атомот е несомнено најстариот актер со најдолгата кариера. Навистина, оваа микроскопска „ѕвезда“ била тука од речиси самиот почеток, уште од првите моменти по Големата експлозија (точно 380.000 години по неа). Овој момент кога настанале атомите во науката е познат како „епоха на рекомбинација“ што им овозможило на фотоните да се движат слободно и универзумот да стане транспарентен за светлината – буквално момент на ...
Во ера во која доминираат инфлуенсери на социјалните медиуми и јутјубери, вниманието на младите луѓе сè повеќе се свртува кон личности кои малку придонесуваат за нивниот интелектуален развој. Нашата серија „Мала Фактопедија” произлезе од овој предизвик, со цел да ги инспирира помладите генерации да се заинтересираат за некои поинакви и повредни идоли. Се разбира, помеѓу другото, ја искористивеме и вештачката интелигенција да ни помогне да го ...
Пред неколку години го архивиравме сајтот на Точка и на Електролит (како дел од нашите архивски напори во полето на културата и уметноста, но и пошироко). Помладите веројатно не ни знаат што се овие нешта, па да појасниме. Точка (2002-2010) беше Културен Центар и магично место за многу алтернативни културњаци кое изгради една цела генерација млади уметници. Речиси да нема уметник од Скопје од „помладата“ генерација на кој патот не му се вкрстил ...
Преодот од тинејџерски во возрасен живот може да биде предизвикувачки. Многу млади луѓе се наоѓаат во ситуација кога мораат да научат низа практични вештини за кои можеби не биле подготвени во текот на образованието. Оваа листа, оригинално создадена од Jennifer Scott преку социјалните медиуми, содржи околу 200 практични вештини што младите луѓе би требало да ги совладаат пред да започнат самостоен живот. За потребите на нашите читатели, листата ...
Овој текст претставува сеопфатна анализа на зборовите што почнуваат на буквата А во македонскиот јазик. Преку комбинација на квантитативни и квалитативни методи, истражувањето ги открива структурните, историските и семантичките карактеристики на овие зборови. Анализата вклучува испитување на должината на зборовите, нивните завршетоци, префикси и суфикси, како и временска и емотивна категоризација. Забелешка: Вкупниот број на користени зборови е ...
Приказната за тоа како еден едноставен процесор за пишување Smith Corona од 1986 година ја одредил судбината на култниот режисер Кевин Смит, и како еден ZX Spectrum со 48 KB меморија го насочил творечкиот пат на македонскиот автор Берт Стајн, нè потсетува дека вредноста на технологијата не лежи во нејзината софистицираност, туку во начинот на кој ја буди човековата имагинација. Овие паралелни приказни од два сосема различни светови, еден од ...
Мапирање на урбаната култура Минатата година се впуштив во една интересна авантура наречена истражување на графитите во нашиот град Скопје. Отсекогаш сум ги сакал тие интересни пораки на ѕидовите, тие изрази на младешки бунт, уметнички крик и моментална инспирација. Иако и претходно сум ги документирал за себе, ова беше поинаку. По отворањето на групата „Графити.мк“, почнав систематски да ги истражувам и документирам. Избирав локација, ја ...
Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски во издание на „Антолог“ ја освои наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобра прозна книга. По тој повод се навраќаме на една негова збирка раскази насловена „13“ , објавена во 2010 година. Жарко е присутен на литературната сцена неверојатни 25 (а има 44!) години – од објавувањето на неговиот расказ „Симбиоза“во списанието „Студентски збор“ во март 1999 година. Уште од неговата дебитантска книга ...
Starlink, сателитската интернет-констелација на SpaceX, е една од најамбициозните технолошки иновации во областа на комуникациите во 21 век, иницирана од мултимилијардерот Илон Маск. Со цел да обезбеди глобален интернет пристап, особено во руралните и недоволно покриените региони, оваа мрежа значително се прошири од своето прво лансирање во 2019 година. Сепак, и покрај нејзините предности, проектот наидува на бројни предизвици, вклучувајќи ...
Еден маглив Скопски ден го допрев дното… здравствената состојба ме натера да се одлепам од столчето и од екранот – и да планинарам! Да, добро слушнавте. Но, како се случи тоа? Матичниот лекар, тој садист во бел мантил, ми мавна со резултатите од крвната слика како со смртна пресуда. “Холестерол двеста, триглицериди триста – или почнуваш да вежбаш или отиде!” И така, по препорака на еден пријател, наречен Давор – фанатик по здрав живот од ...
Шест години креативност, иновации и културен активизам – тоа е патот што го изодивме досега. Од пионерски чекори во вештачката интелигенција (ВИ) до зачувување на македонското културно наследство, Арно.мк продолжува да создава единствена дигитална содржина што ја збогатува македонската интернет-сцена. И оваа година, со гордост можеме да кажеме дека останавме верни на нашата мисија – да создаваме, истражуваме и споделуваме содржини што го ...
Македонскиот јазик е неисцрпен извор на креативност. Денес ви претставуваме алатка која ќе ви помогне да го истражите од еден поинаков агол – преку создавање анаграми. Како дел од нашата колекција на јазични алатки на Арно.мк, овој генератор на анаграми ви овозможува да откриете нови зборовни комбинации и да се забавувате со богатството на нашиот јазик. За алатката: Генератор на анаграми Генераторот на анаграми е интуитивна веб апликација која ...
Во ерата на вештачката интелигенција, старите фотографии добиваат нов живот. Користејќи ги најновите AI алатки Runway Gen-3 Alpha Turbo и Pika Art 2.0, успеавме да создадеме серија на кратки видеа од историски фотографии од Македонија. Видеата се збогатени со традиционална македонска музика, вклучувајќи ги безвременските „Море сокол пие“ во изведба на легендарните Васка Илиева и Александар Сариевски и класичниот евергрин „Кажи нешто драга“ од ...
Ви ја претставуваме нашата нова апликација „Проверувач на палиндроми“, која е дел од нашиот поширок проект „Јазични алатки: креативно истражување на македонскиот јазик“. Овие јазични алатки се создадени со цел да го истражат, збогатат и прослават нашиот јазик. Без разлика дали сте писател, ученик, или едноставно љубител на јазикот, нашите алатки ќе ви помогнат да го доживеете македонскиот на нов и возбудлив начин. Покрај „Проверувачот на ...
Седам во „Кинотека“ и го гледам филмот „Снежана на крајот умира“. Лажам, всушност седам пред лаптоп и зјапам во лошата 480 пиксели резолуција на филмот на Youtube врз 15.9 инчен екран.. но првото поубаво звучи. Да почнам одново. Го гледам филмот преку очите на една мува. Да, буквално. Таа е нашиот водич низ приказната, лебди над ѕидовите ишарани со графити додека тројца пријатели муабетат за бизнис идеи пред видеотеката „Слабо поведение”. Мувата ...
Културниот центар Точка, на ул. Илинденска бр. 38, каде се наоѓаа просториите на издавачката куќа Темплум во 2005 година, беше своевидна мала фабрика на свежи идеи, книжевни иновации и нови гласови. Од тие простории, полни со ентузијазам и интелектуални разговори, произлегоа многу значајни дела, а едно од нив е и збирката раскази „Големиот куфер“ од Иван Додовски. Оваа книга не само што го носи времето во кое е создадена, туку и тежината на едно ...
ZIP/ZIPER е млад графити уметник од скопската населба Ченто чија приказна почнува со еден празен ZIP фајл на факултет, а денес прераснува во нешто многу поголемо. Неодамна нè контактираше за да ни ја претстави новоформираната екипа DreadCrew и да сподели информации за современата графити сцена во Скопје, помагајќи ни да го дополниме нашиот историски преглед на графити движењето во Македонија од 1995 до 2025 година. Летото 2024 година, ZIP и ...
Во време кога дигиталната комуникација често нè оддалечува од правилното користење на македонскиот јазик, со гордост претставуваме едноставна, но моќна алатка за зачувување на нашето писмо – интерактивната игра „Букволовка“. Оваа апликација е дел од континуираните напори на арно.мк за создавање на корисни јазични алатки кои помагаат во истражувањето, збогатувањето и прославувањето на македонскиот јазик. Иако оваа конкретна алатка е техничка и се ...
Генеративната вештачка интелигенција и јазичните модели станаа неразделен дел од нашето секојдневие. Речиси секој човек во развиениот свет денес користи некаква форма на вештачка интелигенција. Но се поставува клучното прашање – колку е оваа технологија навистина „интелигентна”? Концептот на машинска интелигенција е исклучително комплексен, со дефиниции што постојано еволуираат. Низ годините, бројни научници и мислители придонеле кон нашето ...
Апликацијата „Генератор на благослови и клетви” е наша најнова интерактивна јазична алатка што на уникатен начин го истражува македонскиот фолклор и креативниот потенцијал на нашиот јазик. За апликацијата Создадена со помош на вештачка интелигенција, апликацијата нуди едноставен интерфејс преку кој корисникот може да генерира случајни благослови и клетви од богатата ризница на македонската народна традиција. Пробајте ја апликацијата тука. ...
Pika.art е платформа базирана на вештачка интелигенција која го олеснува создавањето на видеа, овозможувајќи им на корисниците брзо и лесно да ги претворат своите идеи во динамични видеа. Целта на платформата е да ја направи видео продукцијата подостапна за сите. Pika.art нуди функции како конверзија на текст во видео, прилагодливи шаблони и богата медиумска библиотека, што ја прави погодна и за почетници и за професионалци. Ние ја искористивме ...
Viggle.ai е нова AI алатка која го трансформира начинот на кој креираме видеа и анимации. Оваа апликација овозможува едноставно анимирање на било кој лик во постоечки видео материјал. Нашето искуство со Viggle.ai Направивме кратко видео користејќи ја култната сцена со танцување од филмот Napoleon Dynamite (веќе 20 години стар филм!) и лик правен според Алберт Ајнштајн. Со едноставен избор на сликата и видеото, апликацијата сама го креираше ...
2024 година беше исполнета со иновации и значајни достигнувања за тимот на Арно.мк. Фокусот беше ставен на неколку клучни области: истражување и примена на вештачката интелигенција во македонски контекст, развој на креативни дигитални алатки за македонскиот јазик и култура, значителен придонес во документирањето на графити културата, и активен ангажман во еколошкиот активизам. Покрај богатата издавачка дејност која резултираше со книги, ...
Зелен пазар во Скопје. Меѓу тезгите со пластични домати и ѕидовите исчкртани со пораки, откривам приказна за нашиот град во постојана транзиција. Овде, графитите не се само вандализам – тие се огледало на нашите надежи, фрустрации и секојдневие. Срцето на Скопје, место каде што цените на зеленчукот се менуваат почесто од политичките слогани на ѕидовите, а уметноста никнува и таму каде што најмалку ја очекувате. Зелен пазар, срце на градот што ...
Кога на мејл ни пристигна промото за новиот албум на Д.Н.О. наречен „Вистински”, наместо да го „копи-пејстираме“ прес-материјалот како многумина други, решивме да си дадеме време и простор да го преслушаме и доживееме албумот онака како што заслужува – со целосно внимание и отворено срце. Од 1999 година Д.Н.О. поминале низ многу промени на составот, а во бендот членувале одлични инструменталисти и музичари од највисок ранг. Сегашниот состав е ...
Замислете свет каде што вашата стара омилена кошула не завршува на депонија, туку се преродува во модерно парче облека. Токму тоа го прави Катерина Димитровска со својот бренд Луна Адитеја – и сега е време да ѝ помогнеме да направи уште поголемо влијание. По девет години посветена работа во трансформирање на облека во уникатни дизајни, Катерина е подготвена за следниот голем чекор, а вие можете да бидете дел од оваа модна револуција. Се ...
Замислете еден ѕид. Сив ѕид од кој било град во Македонија прекриен со графити, ѕид што ги памети сите слоеви на времето, сите генерации што оставиле свој белег на него. Токму таков е новиот плакат на Арно.мк, насловен „(Скоро) дефинитивен времеплов – СК/МК графити екипи (1995-2025)“ – своевиден родослов на скопската и македонската графити сцена што ги открива слоевите на една богата урбана култура која се развивала три децении. Плакатот во ...