
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини за повеќето земји по 9 јули, кога истекува неговиот рок за преговори, и дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските казни ќе стапат на сила доколку не се постигне договор. Трамп изјави за Фокс њуз дека известувањата за воведување царини за земјите што нема да постигнат договор ќе почнат да се ...
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје ќе имаме слично време со минимална температура која ќе достигне до 20 степени и максимална температура до 37 Целзиусови степени. Во текот на неделата се ...
Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...
Во летната сезона кога се зголемува бројот на пожари, властите не се целосно подготвени за борба со огнените стихии. Само еден од трите авиони е во функција, додека другите два се на сервис. Во меѓувреме, општинските противпожарни единици се соочуваат со недостиг од пожарникари. На ниво на цела држава, од предвидените 800 пожарникари според закон, во служба има само 400. Тие немаат ни основни услови за работа, како што се соодветна облека и ...
Апсолутен молк во ДУИ во врска со одлуката на Уставниот суд, со која беа укинати членовите според кои при последниот попис населението беше поделено на резиденти и нерезиденти. Наместо да се изјаснат за ова прашање, од ДУИ ги избегнуваат медиумите, додека разни истакнати претставници на интегралистите преку социјалните мрежи се обидуваат да ја оттргнат темата, користејќи спинови, зборувајќи за процентите, но не и за поделбата на населението или ...
Меѓу многуте граѓани пред вратите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, ја сретнавме Наџија Бејлурова пред влезот на Универзитетскиот институт за радиологија, која чекаше да ги добие резултатите. Таа вели дека страда од болки во рбетот. Откако госпоѓа Бејлурова конечно го доби долгоочекуваниот резултат, нејзиниот мачен пат не завршува тука, бидејќи сега ѝ претстои ново чекање – овојпат пред вратите на одделот за неврологија. Пациент од ...
етири лица беа спасени синоќа од водите на Охридското Езеро откако нивната едрилица останала без управување поради механичко оштетување. Брзата реакција на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ спречи трагедија. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јуни 2025 година, во 19:30 часот, било пријавено дека од пловен објект, кој се наоѓал на околу 2,5 километри од езерскиот брег ...
Во понеделник, средните училишта кои имаат слободни места повторно ќе ги отворат вратите за полуматурантите кои не аплицирале за средно образование, како и за оние кои биле одбиени во одредени училишта при првото пријавување. Најмногу слободни места има во стручните училишта, со исклучок на медицинските. Во средното училиште „Димитар Влахов“ останале малку слободни места во насоките Фризер и Графички дизајн. Во меѓувреме, според раководството на ...
Пожарот што избувна во скопската населба Визбегово, претставуваше ризик да се прошири и кон базенот лоциран во таа населба, каде што одмораа околу 100 лица кои го користеа викендот за рекреација. Сопственикот на базенот, изјави дека првата екипа на противпожарната служба пристигнала со 25 минути задоцнување, а втората екипа доцнела повеќе од еден час. Тој нагласи дека вработените на базенот, заедно со посетителите, успеале да спречат поголема ...
Иако методологијата за пописот на населението во 2022 година можеби во најголем дел била усогласена со ЕУ, Северна Македонија не била обврзана на такво нешто, сè додека е земја кандидат, а не членка со полноправен пристап во ЕУ. Со таков став се изјасни Евростат во одговор на медиумите, во период кога пописот веќе беше спроведен, а се очекуваа неговите резултати. Став на ЕВРОСТАТ за методологијата на пописот во 2022 година „Законот за попис и ...
Мината точно една година откако врнежите од град во Полошко ја уништија 100% жетвата на земјоделците на нивите. Имаше посета и од заменик-министерот за земјоделство, како и од други институции и нивни претставници, при што беа дадени многу ветувања. Сепак, земјоделците велат дека една година подоцна – останале само со тие ветувања. Едвај успеваат да ги отплатат долговите во земјоделските аптеки, каде што земале средства на сметка на државата, ...
По прилогот на Алсат во врска со недостигот од анестезиолози во Болницата во Куманово, министерот за здравство Азир Алиу вели дека во моментов испраќаат анестезиолог според потребата, а најави и распишување на конкурс за прием на 300 нови специјализанти. „Точно е дека во моментов нема вработен анестезиолог со полно работно време, но преку договори ние испраќаме кога има потреба, за да може болницата да спроведува операции. Проблемот не е ...
Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не ...
Ова е ситуацијата со која се соочуваат сопствениците и работниците на десетици компании на Индустриската улица во Куманово. Големи дупки, постојано оштетени возила и никакви преземени мерки – речиси никогаш. Бизнисмените велат дека властите ги заборавиле, и покрај тоа што компаниите лоцирани во оваа индустриска зона имаат голем придонес во економијата на земјата. Состојбата на патот е непроменета веќе две децении. Тука-таму се фрла по некоја ...
Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат. „Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати ...
Управата за хидрометеорологија (УХМР) за денес прогнозира претежно сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. Од понеделник следува период на ...
Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија го регистрирала потресот на неколку сеизмолошки станици ширум државата, при што е утврдено дека епицентарот се наоѓа во епицентралното подрачје Валандово, оддалечено околу 120 километри југоисточно ...
Реката Вардар во Скопје се претвори во мочуриште поради големото количество на наталожен отпад и различни остатоци. Наталожениот отпад долж коритото на оваа река создаде идеални услови за комарци, кои за граѓаните станаа неподносливи. Според нив, Македонија е меѓу првите земји во светот по загадување и по негрижа кон граѓаните, а додаваат дека дури и кога се врши прскање против инсекти – тоа е само колку за око. Од Град Скопје велат дека ...
Пораст на бројот на жртви на семејно насилство. Само во првите три месеци од оваа година се регистрирани 391 нова жртва на насилство, од кои 284 се жени и 54 деца, како секундарни жртви. Повеќето насилници се мажи. Од вкупно 286 сторители, 266 се мажи, а 20 се жени. Податоците од Министерството за социјални работи покажуваат дека во споредба со годишните податоци за 2023 и 2024 година, во 2024 година бројот на жени жртви на семејно насилство се ...
Во опуштена атмосфера, пред тетовската публика се одржува третиот и последен ден од Балканското првенство во одбојка на плажа. На ова натпреварување учествуваа 15 екипи, 8 машки и 7 женски. „Отидовме многу силно, бидејќи го имаме и националниот проект на Турската федерација, и сè уште сакаме многу успех, за да бидеме победници. Завршивме на првото место со последниот натпревар и сме задоволни што победивме и во полуфиналето и одиме во финале. ...
Се уште не е извршен повратот на данокот на солидардност кон компаниите од страна на државата . Минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска,вели дека не била запознаена со тоа дека компаниите се жалат, вели дека сите компании биле членки на Стопанската комора во Македонија и имале комуникации во насока да изнајдат заеднично решение како ќе ги враќаат средствата. Додава дека одлуката на уставниот суд за повратот на овој данок кон ...
Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку однапред испланирано предавство, спроведено по наредба од врвот, со послушници во секоја институција. Со ова, ВЛЕН упати обвинувања кон ДУИ за пописот на населението, за кој Уставниот суд донесе одлука пред два дена. Билал Касами вели дека треба да има одговорност за бришењето на повеќе од 200 илјади Албанци. „Дали ова е цената што Албанците ја платија за ‘Соравија’ и лотаријата? Секако дека треба да ...
Пазарниот Инспекторат забележал покачување на цените на основните прехранбени производи до пет отсто кај малопродажните трговци, додека големопродажните трговци ги вратиле цените што ги имале пред одлуката за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кои завршија на 30 април годинава. Овие наоди произлегуваат од инспекции спроведени во над 1.000 продажни места, а за сето тоа е информирано и Министерството за економија. Во последните ...
Владата ќе бара кривична одговорност од ексдиректорот на Државниот завод за статистика Апостол Симоски и неговиот тогашен заменик Илми Селами откако Уставен вчера одлучи дека за време на пописот од 2021 година граѓаните спротивно на Уставот биле поделени на „резидентно“ и „нерезидентно“ население. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи обвини дека ДУИ преку заменик-директорот во заводот за статистика ја спровел својата идеја за неуставно ...
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури,извести Авто-мото сојузот на Македонја (АМСМ). Збраната ќе важи во термините: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со ...
Денес, кога Србија празнуива Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот, објави Нова.рс. Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност. Првото барање е распуштање ...
Истражувањата покажуваат дека климата на Земјата може да биде почувствителна на загадувањето со стакленички гасови отколку што процениле многу климатски модели, фрлајќи сомнеж врз надежите за ограничување на глобалното затоплување под 2 °C. Гунар Михре од норвешкиот центар ЦИЦЕРО за меѓународни истражувања на климата вели дека ова се лоши вести за глобалните напори за борба против климатските промени. Научниците одамна знаат дека стакленичките ...
По промените на властите за пресметката на „владината кошничка“, од тричлено на четиричлено семејство, економистот Абил Бауш вели дека потребна е прецизна методологија усогласена со параметрите на Европската Унија. „Прв пат кога рекоа тричлено семејство тоа беше интересно, таа теза, но сепак ќе кажам едно семејство колку може да потроши треба да се направи стандард .Значи стандард на кој што таа варијабила ќе ја користиме ние како држава еднаш ...
Додека локалните власти се однесуваат незаинтересирано за проблемите со кои стружани се соочуваат, неколкумина граѓани самоиницијативно денес го поправаа Дрвениот мост на реката Црн Дрим кој подолго време е во лоша состојба. Поминувањето по него е вистински предизвик и потребна е голема внимателност. На повеќе места дрвените штици и даски се трули, а отворени беа и дупки. Стравуваат дека еден ден мостот може да се сруши. „Ова е навистина ...