Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Десет тони опасен и несоодветно складиран хемиски материјал е отстранет од простории на Институтот за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Отпадот со години бил неправилно складиран, а станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Директорката на Институтот, Марија Андоновска, изјави дека отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во ...
Премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека војната на Блискиот Исток може да предизвика економски предизвици за државата. Според него, конфликтот може да доведе до зголемување на цените на енергенсите, особено на нафтата и гасот. Сепак, тој нагласи дека Владата разгледува можности и мерки со цел да се намали ударот врз животниот стандард на граѓаните. „Можеби во делот на нафтената индустрија ќе имаме одредени притисоци и ќе треба да се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово. Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничен премин „Деве Баир“, поради технички проблеми со системот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Првите македонски граѓани, евакуирани ое Израел синоќа се вратија во Македонија. Тие патуваа по копнен пат од Израел до Египет, од каде со владиниот авион се вратија дома. „Благодарение на координацијата меѓу институциите и нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана од Тел Авив преку Шарм ел-Шеик, до Скопје“ рече заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој на ...
Уставните промени се услов околу кој не се преговара. Доколку овие критериуми и услови не се исполнети, нема да има напредок на патот кон пристапување. Имам многу јасна комуникација со владата на Северна Македонија дека овој услов мора да се исполни и дека за него нема да има преговори. Ова го изјави европратеникот и известувач за Северна Македонија, Томас Вајц, во интервју за бугарската агенција БГНЕС. „Уставните промени се услов. Ова не е ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во телевизиско гостување изрази сомневање дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето со податоците што ги собира системот. „Што се случува со податоците. Како да поддржиме закон во кој што никако не е ...
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода 55-годишниот Б.С. од Скопје, под сомнение за семејно насилство и употреба на огнено оружје кон неговата 48-годишна сопруга и трите ќерки кои биле на возраст од 18, 24 и 26 години. Според информациите од МВР, првиот настан бил на 1 март, кога по расправија во домот во населбата Кисела Вода, пријавениот испукал еден куршум од пиштол кој завршил во прозорецот. Потоа, тој физички ја ...
СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите ...
Јавното обвинителство извести дека е оформен предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за констатирани неправилности утврдени при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе, кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното ...
52-годишен битолчанец загина вчера во тешка сообраќајна несреќа во атарот на демихисарското село Сопотница, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата се случила кога колата излетала од патот. „Во 12:20 во ОВР Демир Хисар е пријавено дека патничко возило „фиат” со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот во месноста викана Крбла, во атар на село Сопотница, Демирхисарско. Во сообраќајната незгода на ...
Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за прецизирање на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржина, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отвори процесот ...
Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД. Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата. Продуктоводот од Солун ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер. На средбата, информираат од МНРиНТ, министерот Муцунски го истакна континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ги нагласи посветеноста кон унапредување на институционалните ...
Цената на нафтата на светските пазари од утрово порасна за повеќе од 8 отсто поради стравувањата на трговците дека нападите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран би можеле да излезат од контрола што ќе доведе до големи прекини во снабдувањето. Меѓународниот превоз е речиси запрен на влезот во Ормутскиот теснец, најважната сообраќајна точка во светот за глобалната трговија со нафта, а стравот од нарушувања веќе ги зголемува ...
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенстте во формулирањето на цените на другите производи. Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a ...
Властите и работодавачите не попуштија – минималната плата ќе добие само законско усогласување и од април ќе изнесува 26.046 денари. Зголемувањето е 1.667 денари. Денеска, на седница на Економско-социјалниот совет, беше утврден растот на минималната плата. Усогласувањето се пресметува според законската формула: 50% од порастот на просечно исплатената плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Според оваа пресметка, минималната плата се ...
Научните докази сѐ појасно укажуваат дека вејпингот не е безбедна алтернатива на пушењето, туку сериозен ризик за здравјето на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека вдишувањето на аеросолите од електронските цигари може да предизвика тешки воспалителни оштетувања длабоко во белодробното ткиво. Вејпинг и оштетување на алвеолите Аеросолите од е-цигарите продираат до алвеолите – ситните воздушни ќеси во белите дробови одговорни за ...
Вкупно 1 113 случаи на грип или заболувања слични на грип се регистрирани во последната недела, односно во периодот од 16 до 22 февруари. Бројот на нови случаи на грип, како што соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), е 3,2 отсто помал во споредба со претходната недела. Најголем број новозаразени, односно 621 лице, се на возраст од 15 до 64 години, 185 од заболените се деца на возраст од 5 до 14 години, 164 заразени се деца на возраст од 0 ...
И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европејци се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди одделот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европскиот Регион, пренесе „Евроњуз“. Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун. – Употребата на тутун веќе предизвикува повеќе од ...
Вкупно 13,6 отсто од ученици од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ, покажуваат резултатите од истражување спроведено во 75 училишта во државата во 2024 година, а објавени на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. На темата се обратија министерот за здравство, Азир Алиу, претставникот на Светската здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјата, Аким ...
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објави детали за случајот со 34-годишната родилка која почина по породување со царски рез, нагласувајќи дека официјалната причина за смртта ќе биде соопштена по пристигнувањето на патохистолошкиот наод. Телото е предадено на обдукција, а случајот веќе бил разгледан и од Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК. Според информациите што ги соопшти ...
На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуманиот папилома вирус (ХПВ) – еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но, превентабилен здравствен проблем, соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО). – ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови вируси, од ...
Рускиот тенисери Данил Медведев, Андреј Рубљов и Карен Хачанов извесно време беа „заглавени“ во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но на крајот успеале да ја напуштат земјата и да го продолжат патувањето кон следниот турнир. Како што за руската агенција “РИА Новости” изјавила мајката на Рубљов, тројцата тенисери веќе пристигнале во Истанбул, од каде што треба да летаат кон Лос Анџелес, а ...
Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на јуниорското Светско првенство (У21), кое ќе се одржи следната година. На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена. „Ракометната федерација на ...
Шпанскиот стручњак Кике Санчез Флорес е новиот тренер на Алавес, објави клубот. Тој ќе го замени Едуардо Куде, кој поради лошите резултати ги замина од клупата на шпанскиот клуб. 61-годишниот Санчез Флорес со Алавес потпиша договор до јуни 2028 година. Во текот на својата кариера, новиот тренер на Алавес ги водеше и Севиља, Хетафе, Вотфорд, Еспањол, Атлетико Мадрид, Валенсија, Бенфика, како и Шангај, Ал Аин и Ал Ахли. Алавес е на 16. место на ...
Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, во изјава за американските медиуми зборуваше за повредата на Кристапс Порзингис, кој одигра само еден натпревар за Голден Стејт Вориорс, откако дојде од Атланта, поради здравствени проблеми. Не е познато со што се бори летонскиот центар…. „Мистериозно е… Малку е чудно… Работиме на тоа и се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации и дека ќе оздрави и ќе продолжи да се справува добро. Целиот ...
Зголемувањето на нивоата на јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата на Земјата се мери и во крвта на луѓето, открива нова студија. Научниците, анализирајќи ги здравствените податоци собрани во текот на 20 години во Соединетите Американски Држави, забележале промени во хемијата на крвта, кои велат дека се во согласност со зголемената изложеност на CO2. Промените засега не се опасни, но ако продолжат сегашните трендови, моделите на истражувачите ...
Американските истражувачи користат дронови за поставување телеметриски уреди на морските цицачи, подобрувајќи ги методите за следење и спасување на китовите. Овие уреди овозможуваат да се собираат податоци за однесувањето, движењата и живеалиштата на китовите, што е клучно за нивното зачувување. Високотехнолошки ознаки за следење китови Дроновите поставуваат привремени ознаки со вакуумски чашки на китовите, што им овозможува да ги следат ...
Иако често се пишува за тоа како вештачката интелигенција (AI) може да ја намали бројката на некои работни позиции, помалку се зборува за новите работни места и можности што ќе ги создаде. Според истражувања, очекувањата се дека бројот на работни места поврзани со фундаментални активности околу AI ќе порасне на околу 3,9 милиони до 2035 година, а до тогаш може околу 9,7 милиони луѓе да работат во области кои директно користат AI технологии. ...