По усвојувањето на предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството. Наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку отстапување од ...

По пребројување на 90% од гласовите, крајнодесничарската партија на холандскиот популист Гертс Вилдерс е „рамо до рамо“ со либералните демократи 66 (D66), по парламентарните избори кои се одржаа во среда (29 октомври). Се очекува двете партии да освојат 26 од 150 места во парламентот, според најновата проекција од изборната служба на холандската новинска агенција ANP, објавена рано во четврток, на 30 октомври. Прелиминарните конечни резултати ...

Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, се вели во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто ...

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците, сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на ...

Полицијата во Босна и Херцеговина спроведе голема операција на крајниот северозапад од земјата во четврток против членови на организирани криминални групи кои злоупотребуваат и шверцуваат нелегални мигранти. Во операцијата, со кодно име „Ист-Сват“, учествуваа неколку полициски агенции, вклучувајќи ја и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (OSA). Ирена Марјановиќ Чавкиќ, портпаролка на Обвинителството на Унско-Санскиот ...

Птичјиот грип повторно брзо се шири низ Германија, а научниците предупредуваат дека актуелниот сој H5N1 поседува потенцијал да предизвика нова глобална пандемија, доколку мутира и почне да се пренесува меѓу луѓето. Според Институтот Фридрих Лефлер, од почетокот на септември се регистрирани повеќе од 30 жаришта на вирусот во живинарските фарми и над 130 случаи кај диви птици. Само во последните недели, повеќе од половина милион кокошки, патки, ...

Лукоил соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот, кои втората по големина руска нафтена компанија се обидува да го продаде откако Вашингтон воведе санкции врз неа минатата недела. Планираната продажба на странски имот е досега најзначајната акција од страна на руска компанија како резултат на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со ...

Кремљ не верува дека започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно денеска нареди итен почеток на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така спомена дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна. „Ова во никој случај не може да се протолкува како нуклеарен ...

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер и претставници на земјите од Западниот Балкан денеска во Сараево ќе потпишат Договор за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам. Како што јави МИА, договорот ќе биде потпишан во рамки на денешниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, што се одржува во главниот град на БиХ. „Западниот Балкан не е само наш сосед. Тој е длабоко поврзан со ...

Францускиот претседател Емануел Макрон во моментов е најмалку популарниот француски претседател во последните 50 години, според најновите резултати од анкетата на јавното мислење објавени денес. Анкетата на Verian Group на 1.000 луѓе, објавена од Le Figaro, покажува дека рејтингот на Макрон е 11 проценти, најнизок што компанијата некогаш го забележала за француски претседател. Претходникот на Макрон, Франсоа Оланд, имаше ист рејтинг на ...

Германските партии од Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) повикуваат на реформа на законот за државјанство и ограничувања на двојното државјанство, со повици за одземање на пасошите на оние што ги загрозуваат уставните вредности на Германија. „Ние како земја мора да се запрашаме дали сè уште сакаме двојно државјанство и дали сè уште можеме да си го дозволиме тоа“, изјави за „Билд“ пратеникот на Христијанско-социјалната унија (CSU) во ...

Екипата на Башкими брзо пронајде замена за Муарем Муарем по неговата вчерашна оставка на тренерската позиција и тоа во човек што исто така пред неколку дена си замина од прволигашот што го предводеше. Нов кормилар на составот од Куманово ќе биде Ѓорѓи Мојсов, кој пред една недела поднесе оставка како предводник на Тиквеш. Договорот помеѓу него и раководството на клубот, наводно, веќе бил постигнат, а останува само официјалната потврда. Мојсов ...

Четири центристички групи во Европскиот парламент побараа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да направи големи измени во нејзиниот план за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, според писмо до кое увид има „Политико“. Групите се закануваат дека ќе отфрлат клучен дел од буџетот за 2028-2034 година на следната пленарна седница на 12 ноември, доколку нивните барања не бидат исполнети во новиот ревидиран предлог на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на 7 ноември, изјави началникот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас, на брифинг во четврток. Гуљас рече дека средбата ќе им овозможи на двајцата лидери да разговараат за мапа на патот што би можел да доведе до мировен договор во Украина. Орбан претходно изјави дека ќе разговара со Трамп за санкциите на САД врз руските нафтени компании на ...

Во САД е предложен нов двопартиски закон што би им забранил на малолетници да комуницираат со чат-ботови базирани на вештачка интелигенција (AI). Овој потег претставува прв сериозен обид за федерална регулација на индустријата, поради растечките грижи за безбедноста и менталното здравје на децата. Предлог-законот, наречен GUARD Act, го претставија сенаторите Џош Холи (републиканец од Мисури) и Ричард Блументал (демократ од Конектикат). Тој ...

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) вчера со огромно мнозинство повика на укинување на економското ембарго на Соединетите Американски Држави (САД) врз Куба и покрај лобирањето на Вашингтон, кое, меѓу другото, вклучуваше и обвинувања дека околу 5 000 Кубанци се борат на страната на руските сили во Украина, пренесе Ројтерс. Резолуцијата за укинување на ембаргото врз Куба ја поддржаа 165 земји членки на светската организација, седум беа ...

Официјалните лица досега пријавија 25 смртни случаи на Хаити, осум на Јамајка и еден во Доминиканската Република. Снимките од воздух ги прикажуваат градовите уништени од бурата, која стигна до копното на Јамајка во вторник, 28 октомври, како ураган од категорија 5 со ветрови до 185 милји на час. Hurricane Melissa has devastated Jamaica, becoming the strongest storm on record ever to hit the Caribbean island. Hear how local residents describe ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. -Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е ...

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната ...

Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за ...

Во периодот од 20 до 26 октомври што е 43.недела од годината, во земјава се регистрирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот. Ова претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со претходната недела, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од ИЈЗ велат дека пријавената инциденца сѐ уште е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, што значи дека не е достигнат прагот ...

Никола Јокиќ го оствари својот четврти последователен трипл-дабл оваа сезона и постави уште еден рекорд во кариерата. Јокиќ го заврши натпреварот против екипата на Њу Орлеанс со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции во победата на Нагетси од 122:88. Тој им се придружи на Оскар Робертсон (1961–62) и Расел Вестбрук (2020–21) како единствени играчи кои ја започнале сезоната со четири последователни трипл-дабл ефекти. Кошаркарите на Далас на домашен ...

И покрај 28-дневното затворање на американската влада, буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп се вклучи во три различни сметки за да се осигури дека американските војници ќе бидат платени во петок, објавија денес американските медиуми. Порано оваа недела, не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа (OMB) ќе може да ги пронајде приближно 5,3 милијарди долари потребни за исплата на воениот персонал до ...

Времето денеска наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје, утрото ќе биде постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до ...

Центристичката либерална партија Д66 (D66) е на пат да победи на парламентарните избори во Холандија, покажуваат излезните анкети, пренесуваат светските медиуми. Доколку се потврдат овие прогнози, победата на Д66 над крајната десница ќе му го отвори патот на нејзиниот енергичен лидер Роб Јетен да стане најмладиот премиер на Холандија, кој отворено се декларира како хомосексуалец. Две излезни анкети предвидуваат дека Д66 ќе освои 27 места во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постигнал договор со кинескиот претседател Си Ѓинпинг во спорот околу контролата на извозот на ретки метали од страна на Кина, јави ДПА. Трамп рече дека пречките се отстранети и дека договорот првично ќе важи една година. „Проблемот со ретките метали е решен, и тоа за целиот свет… Ова не беше само ситуација во Соединетите Американски Држави. Нема повеќе кинеска блокада. Секоја земја – ...

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чиишто пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...

Веднаш по завршувањето на осминафиналните натпревари во англискиот Лига куп беше извлечена и ждрепката за четвртфиналето. Со поразите на Ливерпул и Тотенхем бројот на фаворит се намали, а оние кои останаа се избегнаа во битката за полуфинале. На хартија најлесно помина можеби Челси кој ќе се соочи со Кардиф, но ќе треба да игра на гостински терен. Во останатите три средби, Сити го пречекува Брентфорд, Арсенал ќе се соочи со Кирстал палас и ...

Дали некогаш сте слушнале за поимот „сив развод“? Овој термин се однесува на разводи меѓу парови на подоцнежни години, обично во педесеттите години или подоцна, и се случува поради различни причини. Додека помладите парови често се разведуваат поради неверство, насилство, финансиски проблеми или недостиг на искуство во долгорочни односи, постарите парови најчесто се разделуваат поради низа наталожени проблеми што се појавуваат низ годините. ...

Бил Гејтс во вторникот наполни 70 години, а многу нешта се променија откако, како млад технолошки визионер, сонуваше во секој дом да има компјутер. Низ годините коосновачот на „Мајкрософт“ се разви од софтверски пионер во глобален филантроп и футурист, многупати претчувствувајќи го правецот во кој ќе се движи технологијата. Иако некои од неговите предвидувања предизвикаа дебати, многу од нив се остварија. Во чест на неговиот 70. роденден, ова ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1026
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1029
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.66
63%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
85%
1018
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
7.2
41%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
84%
1022
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
62%
1027
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225