Според договорот меѓу Кина и САД, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Бусан, Јужна Кореја, утре, 30 октомври, по локално време, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи. Двајцата претседатели ќе разменат мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес на средбата, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи. Трамп, кој денес пристигна во ...

Експерт за сајбер безбедност ги предупреди корисниците да ги проверат своите сметки откако беше откриено масовно протекување на податоци што може да содржи милиони украдени лозинки. Австралискиот експерт Трој Хант откри дека количината на податоци што се вклучени е дури 3,5 терабајти. Хант предупреди дека „огромната колекција“ на компромитирани податоци вклучува е-адреси од „сите главни даватели на услуги“. Во разговор за Mail Online, тој ...

Александар Медарски, директор на брендот Мидеа и Игор Рибески, проект менаџер на Сетек Солар, ги презентираат иновациите што носат заштеда, одржливост и енергетска независност. Компанијата Сетек, долгорочен партнер на брендот Мидеа, ќе се претстави на претстојниот саем Енерго Технома 2025, водејќи се од стратегијата за промоција на енергетската ефикасност и одржливите технологии на македонскиот пазар. На овој водечки настан во регионот, кој ги ...

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Газа, и покрај обновеното насилство на територијата, јави ДПА. Во разговор со новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат од Јапонија кон Јужна Кореја, Трамп рече дека Израел има право да одговори на нападите. „Хамас уби еден израелски војник. Значи, Израелците возвратија удар. И треба да ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на отворањето на осмото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Таа, како што информираат од нејзиниот кабинет, ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна – да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што се ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје. Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Против осомничените, како што информира ...

Екипата на Баерн дојде до третата победа во Евролигата откако го победи Реал на домашен терен со 90-84. Германскиот првак одигра одлично второ полувреме во кое на Реал му дозволи само 27 поени и тоа беше клучно за големиот триумф. Гостите во првиот дуел не само што го диктираа темпото, туку имаа предност и од 16 разлика во финишот од вториот период (57-41). Баерн потоа направи две серии од по 8-0, а пред крајот на третата четвртина веќе го ...

Американскиот гигант во онлајн малопродажба „Амазон“ објави дека ќе отпушти околу 14 000 вработени како дел од поширокото реструктуирање, делумно поттикнато од инвестициите на компанијата во вештачка интелигенција. Официјалната причина за овој потег е желбата на компанијата да ги намали трошоците и да работи како најголемиот стартап во светот. Целта на извршниот директор на „Амазон“, Енди Џаси, е компанијата да остане агилна за да може брзо да ...

Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал. Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на ...

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...

По ведрото и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од -4 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 20 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ...

Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во различни области, вклучувајќи ја љубовта, кариерата, здравјето и личниот раст. Истражете што ѕвездите ви подготвуваат во ноември 2025 година. Ноември 2025 година ветува дека ќе биде полн со настани и трансформација за многу хороскопски знаци. Овој месец ќе донесе нови можности, неочекувани откритија и промени што ќе влијаат и на вашиот ...

На 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека енергетската отпорност денес значи способност системите да издржат и да се прилагодат на глобалната неизвесност и геополитичките предизвици. Таа истакна дека иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија и дека енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст и ...

Од Општата болница во Охрид велат дека прво ќе се изврши санација, а потоа што побрзо ќе се стави во функција. Станува збор за објект со површина од 690 м², каде ќе се преместат дел од амбулантските одделенија. „Сепак, тука се соочуваме со некои административни проблеми, бидејќи тој објект е евидентиран како привремен, а не како траен објект, и јас веќе сум во напредна фаза заедно со Општина Охрид за да ги надминеме тие административни пречки, ...

Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања, уште пред појавата на првите знаци или симптоми. Водени од искусен лекар и насочени индивидуално според вашите лични карактеристики, пол, возраст, медицинска и семејна историја, тие можат да откријат ризик- фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања. Ваквиот пристап овозможува превенција на болести и рано откривање со цел ...

Примероци земени од Кина од далечната страна на Месечината открија седум фрагменти од астероиди кои потекнуваат надвор од земјиниот систем, менувајќи го разбирањето за потеклото на водата и животот во Сончевиот систем. Кинеската мисија Chang-e-6, која ги врати првите примероци од темната и мистериозна далечна страна на Месечината во јуни 2024 година, откри нешто што никогаш порано не е забележано: остатоци од антички вонземјани кои не ...

Образованието е основа за раст и иновации. Јужна Кореја, Финска, Данска, Сингапур, Канада, Германија и Холандија го предводат глобалното образование во 2025 година. Тие комбинираат иновации, пристапност и силно управување за да создадат ученици подготвени за иднината. Дознајте повеќе подолу. Јужна Кореја – Академска извонредност и технолошка интеграција Јужна Кореја е рангирана на прво место во светот по квалитет на образованието во 2025 ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради ...

Неколку основни и средни училишта добија закани за бомби преку е-пошта попладнево. Полицијата е распоредена во сите училишта, а учениците се евакуирани. Полициски извори го потврдија инцидентот за Алсат, велејќи дека официјално соопштение ќе биде издадено по проверката. “Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени ...

Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, реагираше на коментарите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на АКИ во Кичево, Фатмир Дехари. Во интервјуто на Алсат, Касами нагласи дека не ја гледа реакцијата на Мицкоски како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава е извадена од контекст. „Првично, не сметам дека имало каква било опомена. Мора да го земеме предвид ...

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се појави и во детската возраст, изјави проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија, ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми, и уште едно лице од раководството на претпријатието сè уште се наоѓаат во полициска станица, откако вчера беа приведени во врска со проблемот со отпадот во главниот град. „Лицата се задржани и постапката е во тек“, велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде повеќе детали најавуваат за подоцна. Рустеми и вториот приведен се во полициската станица „Гази ...

Разговорите меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул, со цел постигнување долгорочно примирје, завршија без договор, изјавија два извори запознаени со ситуацијата, што претставува удар врз мирот во регионот по смртоносните судири овој месец. Целта на разговорите беше да се постигне траен мир меѓу двата јужноазиски соседа откако десетици луѓе беа убиени по должината на нивната граница во најлошото насилство откако Талибанците ја презедоа власта во ...

На денешната Владина седница помина предлог-буџетот за 2026 година, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа истакна дека буџетот ќе биде доставен до Собранието, а е насочен кон одржување на макроекономската стабилност, дисциплинирано управување со јавните финансии и поддршка на економскиот раст. Проекции се економски раст од 3,8 проценти и инфлација од 2,5 проценти. Вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди ...

Денеска СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (38) и А.С. (55) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, С.Р. како в.д. директор, а А.С. како управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност ...

Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер го забележа својот најнизок рејтинг во историјата, додека најпопуларната партија во Велика Британија моментално е „Реформ УК“, додека Зелените се на рекордно високо ниво, според анкетата на „ЈуГов“ објавена денес. Исто така, покажа дека само 17 проценти од Британците изјавиле дека би гласале за Лабуристите доколку изборите се одржат утре, објави „Телеграф“. Десничарската популистичка ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени состојбата на безбедносната архитектура во Евроазија на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, зборувајќи за „агресивните планови на Западот“, проширувањето на НАТО, перспективите за решение на конфликтот во Украина и односите со Вашингтон. Лавров предупреди дека Русија нема да дозволи Евроазија да стане „феуд на НАТО“, обвинувајќи ги западните земји дека „се ...

Играј одговорно – играта е забава, не ризик! Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано ги едуцира играчите за опасностите што може да ги предизвика прекумерното играње игри на среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците и промовирање на одговорно однесување при играње. Со постојани активности за информирање и поддршка, компанијата нагласува дека играта треба да остане само забава. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225