Протестот на работниците го принуди премиерт Христијан Мицкоски да влезе пеш во Владата, а не со службено возило. Сојузот на синдикатите на Македонија ја организира последната од трите блокади пред одредени институции. Tие од пред Владата побараа на денешната владина седница да се предложат измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Денеска протестираа на две локации, со по 24 лица, симболично посочувајќи дека 24 министри во Владата ...

Владата не може да им сугерира на приватните компании како да ги регулираат односите со работниците – вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој додава дека Владата не е таа што треба да ги прифаќа барањата на работниците. Според него, Владата како работодавач веќе ги регулирала односите со 98–99% од вработените во институциите што се под нејзина надлежност. „Ние не можеме да сугерираме во приватните компании како ќе бидат регулирани нивните ...

Ф.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.070.623 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Флеминг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Моцарт“, на 15.02.2026 година, во Скопје. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Ф.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 година, Видеолотарија ...

Јас би рекол дека сме многу блиску до склучување договор, а самата заедничка изјава е потврда за тоа. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, прашан од новинарите кога може да се очекува формализирање на рамковниот договорот меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави (САД) за реципрочна, фер и избалансирана трговија, за што Белата куќа минатата недела објави заедничка изјава. Тој своите очекувања ги ...

Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави (САД) Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува Си-ен-ен. Белата куќа е информирана дека војската би можела да биде подготвена за напад до викендот, по значителното зголемување на воздушните и поморските сили на Блискиот Исток во последните денови. Сепак, постојат и ...

Украина и Русија се поблиску до завршување на воените, а не на политичките преговори, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Војската разговараше во трилатерален формат како да се формира мисија за следење на прекинот на огнот, кога таа ќе се воспостави и кога политичката насока ќе ги отвори овие можности. Тие разговараа за деталите, техничките нијанси и можностите на двете страни, особено на Американците, бидејќи тие ќе играат ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има мали шанси за брзо завршување на војната во Украина преку преговори. Тој изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“. „Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц. Германскиот канцелар Фридрих Мерц ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска одржа седница на високо ниво посветена на прекинот на огнот во Газа и на последните потези на Израел на Западниот Брег, во момент кога светските лидери се подготвуваат за заминување во Вашингтон на првото заседание на „Одборот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Седницата се одржува во чувствителен дипломатски момент, кога прашањето за одржлив прекин на огнот и заштита на ...

И Ватикан не сака да се откаже од можностите што ги нуди вештачката интелигенција, па затоа папската базилика „Свети Петар“ во Ватикан соработува со компанијата за јазични услуги „Транслејтед“ за да креира преводи во живо на 60 јазици. – Сакаме да ѝ служиме на мисијата што го дефинира срцето на Католичката црква, универзална по самиот нејзин повик и улога – истакнал кардиналот Мауро Гамбети. Услугата ќе им овозможи на верниците да ја следат ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа барањето за забрана на социјалните медиуми за лица под 14 години, што го побара и неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), беше објавено во среда. Во ситуација кога 14-годишниците поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целата нивна социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие ...

Зголемените напади и присилните трансфери на Палестинци од страна на Израел „предизвикуваат загриженост во врска со етничкото чистење“ во Појасот Газа и на Западниот Брег, соопштија Обединетите нации во четврток, 19 февруари. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека кумулативното влијание на военото однесување на Израел за време на војната во Газа, плус блокадата на територијата, предизвикало услови за живот „сè понеспоиви со ...

Кремљ не ги потврди медиумските извештаи дека следната рунда разговори за Украина во трилатералниот формат Русија-САД-Украина би можела да се одржи следната недела во Женева, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Не, засега не можам да го потврдам тоа. Кога ќе се постигне точно разбирање, ќе ве информираме, како што правиме во последно време“, рече Песков, одговарајќи на барање на новинар да ја потврди информацијата. ...

Полска официјално се повлече од Конвенцијата од Отава од 1997 година со која се забранува употребата на противпешадиски мини во среда и планира да го продолжи нивното производство за да ги брани своите источни граници од Русија, изјави заменик-министерот за одбрана на земјата, Павел Залевски. Полска претходно ги уништи своите домашни залихи од мини во 2016 година и го ратификуваше договорот во 2012 година, но сега има намера да произведува ...

Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат. Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и ...

На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна ...

Се укинува забраната за сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, која претходно беше воведена поради врнежи од снег, соопштија од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Оттаму информираат дека останува воведената забрана за сообраќај на камиони на патниот правец на кракот Маврово – Дебар, како и таа за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка. За другите видови возила се ...

Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. ...

Комисијата за надворешна политика при Собранието не ја одобри нацрт-резолуцијата за почитување на стандардите во кривичните постапки против поранешните водачи на ОВК, откако не беше обезбеден потребниот кворум за одлучување. Пратениците Македонци го бојкотираа состанокот, со што го оневозможија разгледувањето и евентуалното усвојување на Резолуцијата. На седницата присуствуваа само пратениците од Европскиот фронт, ВЛЕН, Алијанса за Албанците ...

Опозициската СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски за директно мешање во изборот на нов државен јавен обвинител и „погребување“ на правната држава. Реакцијата доаѓа откако премиерот синоќа во телевизиско гостување изјави дека обвинителката Ленче Ристоска апсолутно не е во игра за оваа функција. Од СДСМ тврдат дека промената на јавниот обвинител била политичка цел на Мицкоски со цел воспоставување на целосна контрола врз судството и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски. – Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. ...

Поради врнежите од дожд и снег,во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот ...

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната ...

На едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 969 денари повеќе во однос на претходниот месец за да ги покрие само основните потреби. Синдикалната минимална кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари и сега изнесува 67.382 денари. Доколку семејството живее во изнајмен стан, вкупните месечни трошоци достигнуваат 82.757 денари. Според претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, за само два месеца ...

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите – истакна денеска претседателката ...

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривично дело – неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истражната постапка се темели на докази и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донел наредба за спроведување истражна постапка против дваесетгодишен жител на тетовска Мала Речица кој се товари за сторено кривично дело тероризам. Според описот на делото, осомничениот на крајот на минатиот месец преку социјалната апликација Дискорд (Discord) упатил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – ...

Додека продолжува страдањето на стружани поради недостигот од вода, проблемот добива и политичка димензија. Градоначалникот на Струга, Менди Ќира, го обвини Зијадин Села дека во времето кога бил градоначалник на Општината биле доделени концесии за хидроцентрали над изворите во Горна Белица, од каде што со вода се снабдува и Струга. Alsat го контактираше Села, кој изјави дека нема дадено никаква дозвола за концесии за изградба на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
53%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
51%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.93
83%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
69%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
71%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
62%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
37%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
76%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
55%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Родиум

353658.21

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86