Уставниот суд на Шпанија ѝ наложи на владата на земјата да врати околу 26 милиони евра казни изречени за време на карантинот во 2020 година поради пандемијата Ковид-19. Судот пресуди дека делови од вонредните декрети се неуставни, што ги прави многу од казните неважечки, објави „Евровикли њуз“. На врвот на пандемијата во 2020 година, полицијата низ цела Шпанија изрекуваше казни за работи како што се излегување без дозвола или собирање во групи, ...

Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации. Секоја нова технологија што ја воведуваме, секој киловат што го произведуваме без загадување е чекор кон економија што ќе ја напојува иднината – порача премиерот Христијан Мицкоски од отворањето на 14. Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој што денеска се одржува во Скопје. Мицкоски изрази задоволство што Скопје е домаќин на Меѓународниот форум за ...

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека земјата се надева дека ќе формира централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверени влади и делат слични ставови за надворешната политика и украинското прашање. Зборувајќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто нагласи дека Будимпешта дели заеднички ставови со Братислава за ...

Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се ...

Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт, стои во соопштението на ВЛЕН. Во текстот се додава: „Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди ...

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. -На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства ...

Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините. Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен во Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили „нема да се повлечат ниту чекор“ на бојното поле за да отстапат територија. Тој, исто така, им рече на новинарите дека „Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина“, објави Укринформ. Зеленски, ...

Откако синоќа земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди регионот Баликесир во Турција, беа почувствувани повеќе од 100 последователни потреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени. Во земјотресот се повредени најмалку 22 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања. A 6.1 magnitude earthquake shook Turkey and caused buildings to collapse in ...

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има намера да го продаде данскиот напаѓач Расмус Хојлунд на Наполи во зимскиот трансферен период. Според информациите, клубот од „Олд Трафорд“ се надева да добие околу 43 милиони евра за Хојлунд. Моменталните услови на позајмицата во наполитанскиот тим вклучуваат клаузула за откуп во вредност од 44 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ сакаат договорот да биде финализиран што е можно поскоро. Се очекува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи, потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви со ретки минерали, објави денеска Белата куќа, а пренесува Ројтерс. Договорот е потпишан за време на посетата на Трамп на Јапонија, како дел од неговата турнеја низ Азија, а со цел да се зајакнат синџирите на снабдување со материјали, клучни за обновливите извори на енергија, електрониката и автомобилската индустрија. ...

Повеќе од еден милион корисници на нејзината платформа ChatGPT покажуваат знаци на самоубиствена намера секоја недела, соопшти OpenAI во извештај за безбедноста на својот чет-бот. Според официјален блог пост, OpenAI проценува дека пораките со „експлицитни индикатори за потенцијално самоубиствено планирање или намера“ сочинуваат значителен дел од вкупните интеракции на корисниците, објавува Guardian. Ова е едно од најдиректните признанија на ...

Ураганот „Мелиса“, бура од петта категорија и една од најсилните регистрирани во историјата, се приближува кон островот Јамајка, носејќи опасност од силни ветрови со 282 километри на час, како и катастрофални поплави. Синоќа, ураганот веќе однесе четири животи на островот Хиспањола, на кој се наоѓаат Хаити и Доминканската република. Во самата Јамајка, пак, три лица веќе загинале, а 13 се повредиле подготвувајќи се за ударот, изјавил министерот ...

Американскиот музички продуцент и рапер Шон Диди Комбс е осуден на 50 месеци затвор за подведување, но ќе помине околу три години во затвор, според федералните затворски евиденции, вклучувајќи го и времето поминато во притвор. Според Федералното биро за затвори на САД, Комбс треба да биде ослободен на 8 мај 2028 година, објави денес NBC News. Комбс беше прогласен за виновен претходно овој месец по две точки од обвинението за подведување, додека ...

Во услови кога во Србија продолжуваат продемократските протести предводени од студентите, а довербата во Брисел еродира, ЕУ се наоѓа заглавена помеѓу демократските принципи и нејзината зелена индустриска стратегија, оценува бриселскиот портал „Еурактив“ во својот осврт на состојбите во Србија. – Актуелните антивладини протести и контроверзиите околу отворањето на рудникот за литиум поврзан со ЕУ во Србија, ги затегнуваат и онака веќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 3 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи ...

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени. Според Американскиот геолошки институт земјотресот веројатно е почувствуван и на македонска, бугарска, грчка и кипарска територија. ...

Голема американска студија покажала дека процентот на возрасни од 18 до 39 години кои пријавуваат сериозни тешкотии со концентрирањето, помнењето или носењето одлуки речиси се дуплирал во изминатата деценија – од 5,1 % во 2013 година на 9,7 % во 2023 година. Истражувањето, објавено во списанието „Неврологија“, користело податоци од повеќе од 4,5 милиони испитаници. Клучните двигатели на овој тренд се луѓето на помлада возраст. Имено, иако има ...

Јапонската компанија „Сајнс корпорејшн“ ја претстави „Мираи нинген сентакуки“, футуристичка машина за перење луѓе, на светската изложба „Осака-Кансаи експо“ 2025. Овој необичен концепт има цел да го промени традиционалниот начин на одржување на хигиената и да ги воведе луѓето во ново време каде што истовремено се чистат и телото и умот. Како функционира машината? Машината е, всушност, капсула со ниско седиште. Откако корисникот ќе се смести, ...

Цените на основните метали забележаа силен раст во последните недели, а бакарот ја проби психолошката бариера од 10.000 долари за тон на Лондонската берза за метали (LME), додека алуминиумот и цинкот достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години. Трендот на раст е видлив и на азиските пазари, вклучувајќи ги Кина и Индија, што укажува на глобален моментум во побарувачката и инвестицискиот интерес Основните метали повторно се во центарот ...

По тридневните интензивни врнежи што ја зафатија земјата и предизвикаа проблеми на повеќе места, синоптичарите велат следува подобрување. Марија Цветковска Атанасова од Управата за Хидрометеролошки работи, вели дека уште утре ќе има локални врнежи и облачност, а веќе од задутре времето значително ќе се стабилизира. „Врнежи како што имавме во претходната ноќ каде што имаше скоро 90литри на Попова Шапка не не очекуваат деновиве, типично есенски ...

Само мал број деца на возраст од 6 месеци до 5 години биле вакцинирани против сезонскиот грип минатата година, и покрај фактот што лекарите ја препорачуваат вакцината, која е бесплатна и за оваа категорија, со цел да се заштитат од грип и други настинки. Како резултат на тоа, амбулантите и детските клиники низ целата земја секоја година се преполнуваат, а голем број деца завршуваат во болница поради тежок грип или компликации од грипот. Засега, ...

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...

Нова варијанта на коронавирусот, наречена XFG или „Франкенштајн“, стана доминантна во Германија и делови од Европа од средината на 2025 година. Поради својата генетска сложеност и необично име, варијантата привлече внимание од јавноста, но здравствените експерти ги повикуваат луѓето да се смират. XFG е рекомбинација на две претходни вирусни под-лози, LF.7 и LP.8.1.2, што значи дека комбинира генетски елементи од различни вирусни лози, слично ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделник изјави дека се надева оти Кина и САД ќе можат да се сретнат на половина пат за да се подготват за разговори на високо ниво. „Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп имаат големо почитување еден кон друг, а нивниот однос е највредната стратешка лост во односите меѓу двете земји“, ...

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на ...

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имаомоглу, вчера беше сослушан околу три часа во Палатата на правдата во Чаглајан во рамки на нова истрага за наводна шпионажа, додека денес турскиот суд издаде дополнителен притворски налог по истите наводи. Опозицискиот лидер, кој се смета за клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани. Обвинителството поднесе нови точки на обвинение поврзани со наводни ...

Литванија ја затвори границата со Белорусија, откако синоќа го затвори својот аеродром во Вилнус по четврти пат за една недела откако неколку објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, влегоа во нејзиниот воздушен простор. Литванската премиерка Инга Ругињене изјави дека никаков хибриден напад нема да се толерира и најави дека ќе ги собори балоните откако 66 објекти беа забележани од радарот преку ноќ. Се верува дека балоните ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...

СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје, пренесе Канал 5. Сабахaдин Рустеми за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025. Рустеми претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“од 2017 до 2021 година, а потоа од 2023 до 2024 ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225