Скопје
                                    9ᴼ /
                                    9ᴼ
                                
                                Украина мора да ги забрза реформите ако сака да ја исполни самонаметнатата цел за завршување на процесот на пристапување во ЕУ до крајот на 2028 година, според нацрт-извештајот на Европската комисија за проширување на ЕУ. Во нацрт-извештајот се забележува дека, и покрај „многу тешките околности“ во кои се наоѓа Украина поради војната со Русија, земјата покажа „извонредна посветеност на процесот на пристапување во ЕУ во текот на изминатата ...
Студен фронт вчера донесе нагло влошување на времето во регионот. Дождот и врнежите беа придружени со силни ветрови и драстичен пад на температурата. Температурите паднаа за повеќе од 10 степени, па времето е навистина есенско. Најголеми врнежи беа забележани во северниот дел на Јадранското Море, во Словенија и во северозападна Хрватска. Во текот на вечерта, времето се стабилизираше во северозападниот регион, додека студениот бран продолжи во ...
Портпаролот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Никола Мемов, во објава на својот фејсбук-профил упати критики до коалицијата ВЛЕН со која се дел од владиното мнозинство. Мемов, кој е и директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, смета дека ВЛЕН ја изиграле владејачката ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски. Според Мемов, тоа е голема грешка. „ВМРО го знае тоа и премиерот јавно ...
Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА лигата, водејќи го својот тим Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 130-124. Двократниот МВП одигра маестрален натпревар, постигнувајќи 34 поени, најмногу за него во тековната сезона, на кои додаде 14 асистенции и 7 скокови. Одлична партија одигра и Расел Вестбрук, кој против својот поранешен тим запиша 26 поени (10/17 шут), 12 скокови и 6 асистенции, ...
Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на Република Северна Македонија од Европската комисија. Извештајот ќе биде презентиран од страна на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Во текот на денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 7 до 16 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремен слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот ...
“Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени ...
За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство. – Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за ...
PDQ Arm & Prop, компанијата за реквизити што работеше на филмот „Rust“, во кој во текот на на снимањето беше застрелана снимателката Халина Хачинс, го тужи актерот Алек Болдвин. Сопственикот на компанијата, Сет Кени, ги обвини Болдвин и другите продуценти на филмот дека водат медиумска кампања за да ја префрлат вината за смртоносната рана од огнено оружје врз него. Кени тврди дека Болдвин и продуцентската куќа ги користеле медиумите за да ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) постапувала по повеќе пријави поврзани со изборниот процес. Од нив, дел се проследени до надлежни институции, а дел затворени поради утврдено непостоење на прекршувања – соопштија од Комисијата на денешната седница. Една од пријавите се однесува на директорка на средно училиште, која во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија и изборен плакат, со ...
Доцна синоќа, околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во понеделник во Сараево потврди дека ЕУ останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и дека нема да дозволи безбедносен вакуум и ја гледа земјата како идна полноправна членка, под услов да се спроведат реформи. – ЕУ ќе направи сè што е во нејзина моќ за да спречи каков било безбедносен вакуум во оваа земја. ...
Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани) и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за ...
Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ). „Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната ...
Вашиот напредок е значителен и извонреден. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порача денеска претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос кој е во посета на земјава. Пред пратениците во македонското Собрание, Русопулос рече дека во изминатите 30 години членство во Советот на Европа, Северна Македонија ...
Научници од Универзитетот во Пекинг во Кина развија материјал толку јак што слој со дебелина од само 1,8 милиметри може да запре куршум, што го прави потенцијално најсилната ткаенина некогаш произведена, надминувајќи материјали како кевлар и динема. Панцирите нормално работат со распределба на енергијата на проектилот низ меѓусебно поврзани влакна. Кевларот користи арамидни полимери познати по нивната исклучителна цврстина, но под голем стрес, ...
Печурките можеби не се првата храна што ни паѓа на ум кога ја замислуваме исхраната на дивите примати – или на нашите рани предци. Склони сме да мислиме на овошјето и зелените лисја како претпочитана храна за мајмуните и човеколиките мајмуни. Но, нова студија спроведена во Западна Танзанија истакнува изненадувачка и потенцијално клучна улога на печурките во исхраната на приматите. Речиси две децении работата на научниците се фокусирала на тоа ...
Лице облечено во попска мантија викендов, на верскиот праник Задушница на гробиштата во Ѓорче Петров, се претставувал како свештеник и нудел да врши погребни обреди за пари. Во објава на социјалните мрежи, случајот го посочи еден граѓанин, според кого при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле. Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. На 01.11.2025 на гробиштата во ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело убивање и мачење животни. Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите. Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, како ...
Кајри Ирвинг е сè поблиску до враќање на паркетот по тешката повреда на коленото, потврди тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид. Американскиот плејмејкер се повреди во март, кога ги скина лигаментите, а по операцијата и долгиот процес на рехабилитација, неговото враќање се очекува пред крајот на годината, иако најавите беа „поцрни“. „Едвај чекаме Кајри да се врати. Очекуваме тоа да се случи пред Нова година, но ќе видиме како ќе оди. Се ...
СВР Скопје информираше дека возачот на автомобилот кој денеска околу пладне смртно прегази велосипедист во близина на мостот Гоце Делчев, го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – ...
Хамас е „решен“ да се држи до примирјето во Газа, изјави во понеделник (3 ноември) турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека е клучно муслиманските нации да играат водечка улога во реконструкцијата на палестинската територија. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ. „Се чини дека Хамас е решен да се држи до договорот“, им рече Ердоган на делегатите од Организацијата на исламски држави (ОИК) собрани во Истанбул ...
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата Костадин Ацевски, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради, како што посочува во видео-обраќање на Фејсбук, лошите резултати на изборите. Тој повика оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ. „Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултат е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на ...
Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка. Вишвашкумар Рамеш, чија неверојатна снимка од него како се оддалечува од местото на падот на летот за Лондон во Ахмедабад стана вирална, го опиша своето преживување како „чудо“. Во несреќата која се случи во јуни, го изгуби и својот помлад брат кој седел ...
Под ледената површина на Антарктикот, тим научници ги откри најстарите директно датирани примероци од глацијален мраз досега пронајдени, кои датираат од пред приближно шест милиони години. Предводен од глациологот Сара Шеклтон од океанографскиот институт Вудс Хоул, водечки американски институт за океанографски и климатски истражувања, проектот откри мраз што зачувува воздушни меурчиња и траги од условите на животната средина од далечната ...
Речиси 30 илјади неважечки ливчиња имало на вчерашниот втор круг од локалните избори во 32 општини и во Градот Скопје. Вкупниот број изнесува 29 815, од кои 10 528 се од изборот за градоначалник на главниот град, а другите 19 287 од гласањето во 32-те општини каде што се одржуваше втор круг. Според резултатите што се објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од 100 отсто обработени избирачки места, може да се забележи дека ...
Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да се повлечат од обидите да посредуваат меѓу Русија и Украина за крај на војната, најави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Тој, одговарајќи на прапања во претседателскиот авион „Ер форс уан“, рече дека засега не размислува да ѝ испрати на Украина ракети со долг дострел „томахавк“. Додаде дека во иднина може да го смени мислењето. Новинарите го прашаа што би можело да биде ...
Европската комисија подготвува закон за квантни технологии и пред да се усвои законот, бара јавни коментари. Законот е планиран за усвојување во 2026 година (втор квартал од 2026 година) и ќе има три главни цели: прво, да се поттикне истражувањето и иновациите; второ, да се зголеми индустрискиот капацитет, вклучувајќи пилот линии и проектантски објект; и трето, да се зајакне отпорноста и управувањето со синџирот на снабдување. Ќе се темели на ...