Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
„Велигденска недела“ започнува утре со низа настани во Кавадарци, а ќе трае до 9 април. Како што соопштија од Општина Кавадарци, предвидени се низа настани со цел да се одбележи празникот Велигден. Во Винскиот музеј за утре е најавена да се одржи креативна работилница за мали уметници, насловена како „Велигденска магија“. Во вторник по повод Светскиот ден на здравјето, предвидено е да се реализира настанот „Грижи се за себе, започни денес“. ...
Утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради протестен марш, кој ќе започне во 12:30 часот, а се организира од група граѓани како израз на незадоволство поради поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Како што соопшти денеска МВР, трасата на маршот ќе започне пред плоштад „Карпошово востание“, продолжува по ул. „11-ти Март“ преку Камени мост, по ул. „Никола Вапцаров“ и завршува на ул. ...
Македонските граѓани во моментов го носат товарот на најниските примања во Европа, додека истовремено се соочуваат со европски цени во маркетите. Пред новиот инфлаторен бран поттикнат од глобалните кризи и конфликтот на Блискиот Исток, кој се заканува дополнително да го стопи скромниот домашен буџет, Либерално-демократската партија (ЛДП) повторно го поднесува Законот за платежни услуги и платни системи со кој се укинуваат банкарските провизии ...
Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име ниту процес – одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен. Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе се фокусираат на реструктурирање во партијата што ја предводи, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и ...
Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава. Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една ...
Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа. Сообраќајот ќе биде привремено затворан во три временски интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени. До средината на следната седмица ќе се задржи ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска ќе извршат увид во реализација на проектот „Градски воз“. Очекувањата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција. -Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба, пишува Гаши во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно испрати остра порака до Иран, заканувајќи се со сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор. Трамп во објавата на социјалната мрежа Truth Social, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина. – Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува – уште ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вечерва од Битола порача дека земјоделството останува еден од најважните столбови на македонската економија. На трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, Трипуновски истакна дека регионот има значително влијание врз вкупното земјоделско производство во државата и дека токму затоа е важно директно да се слушне гласот на земјоделците. -Целта на трибината ...
И во сабота, вратите на Град Скопје беа широко отворени за сите граѓани кои побараа прием кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со цел да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози. Дел од разговорите ги реализира и телефонски, затоа што, како што посочува „секој е важен, а секоја порака заслужува внимание и одговор“. Градоначалникот изрази задоволство од искрената поддршка и добриот збор од граѓаните, истакнувајќи дека многумина ретко имале ...
Под слоганот „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“, денеска во Градскиот парк во Велес се одржа Отворен ден на Армијата со граѓаните, на кој беше презентирана воена опрема, возила и способноста на сите единици на македонската Армија. Во рамките на повеќечасовната програма, која продолжена траеше до доцна попладнево, се одржа и показна вежба со службени кучиња. Настанот го организираа Министерството за одбрана, Генералштабот на ...
Ахмети упорно ги потценува Албанците. Неговото писмо е стоти опозициски обид своите грешки и пропусти да ги префрли на туѓа адреса. Цели 20 години беше власт и наместо системски да ги решава правата на Албанскиот народ остави во наследство половични и недоречени акти. Тогаш кога му одговараше лажно, со гол популизам, сееше магла дека ги решил сите прашања на Албанските права, а реалноста е сосема поинаква, се наведува во соопштението од ...
Рекорден проток на патници и возила е забележан во текот на денов на граничниот премин „Ќафасан”, на македонско – албанската граница кај Струга. Речиси 80 отсто од оние кои минуваат преку овој премин се албански граѓани кои во Струга, каде денеска е пазарен ден, но и во Охрид доаѓаат заради набавка на гориво и храна, кои се по пониски цени од оние во нивната земја, но и поквалитетни. -Редицата автомобили за преминување на границата е долга со ...
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во соработка со САЕ „Тигар“, вчера спроведоа оперативно-тактичка мерка „заседа“ долж автопатот „Пријателство“ во близина на Градско, со цел спречување на недозволена трговија со дрога, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога – марихуана и запленета е поголема количина. Како што соопшти МВР, лишени од слобода се две лица и се спроведени во ...
Доколку во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и нема да заминат додека не добијат соодветна информација. Како што нагласија во своето обраќање, што пред Судот и Обвинителството во Кочани го прочита Александар Наунов, татко на ...
Со едно прво и едно второ место, учениците од Академијата СТЕМ, се враќаат од Олимпијадата за роботски спортови – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит. Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев поделени во три тима: SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години), SPACE WALKERS JR (од ...
Мисијата Артемис II е на околу половина пат до Месечината. Кога астронаутите ќе пристигнат, тие ќе спроведат лунарен прелет и ќе соберат научни набљудувања на површината на Месечината, објави НАСА. Вселенското летало „Орион“ сега се наоѓа поблиску до Месечината отколку до Земјата. Тројцата американски и еден канадски астронаут, кои се на десетдневна мисија, се чувствуваат добро. НАСА веќе ги сподели првите фотографии од Земјата со висока ...
Иран постави низа услови за завршување на конфликтот со САД и Израел, меѓу кои најважен е признавање на правото на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република за руската државна агенција РИА Новости. Според изворот, меѓу условите за завршување на војната се: Дипломатскиот извор додава дека од почетокот на конфликтот не се воделе директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон, иако САД наводно се ...
Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Општина Илинден и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата. -Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи ...
Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Општина Илинден и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата. -Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските празници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден. Тој при тоа упати честитки за вклученоста на сите институции за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект, односно на ова основно училиште, проект којшто, потенцира ќе значи многу за Општина Илинден. -Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците ...
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект со 10 училници кој ќе овозможи да се воведе едносменска настава, концепт кој го промовира Владата, а го прифаќаат сé поголем број општини во државата. Увид во градежните работи денес извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Александар Георгиевски. -Честитки до општината за оваа инвестиција што ќе ...
Буџетот е во добра состојба и има доволно средства поради домаќинското работење на оваа Влада, вели премиерот Христијан Мицкоски и како што додава, затоа може да се донесе мерката за намалување на акцизата на горивата со која ќе се амортизира поскапувањето. Намалената акцииза, како што рече, ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но, додаде дека буџетски средства има доволно и таква мерка може да биде донесена. -Ги враќаме старите ...
Со две столчиња и два душека, приватен факултет функционирал во спортска обложувалница. Тој е еден од затворените 14 таканаречени приватни високообразовни институти последниов период. Состојбите со високо образование во моментов се аларматни и предивдените законски измени треба да воведат ред во овој сектор.. -Најбруталниот пример беше кога комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт, тој беше регистриран во кладилница, во ...
Оваа пролет, Општина Чаир спроведува вистинска офанзива во градежната инфраструктура, јасно покажувајќи дека работата и посветеноста не се само празни зборови. Во моментот, 22 инфраструктурни проекти се во активна фаза на реализација, додека над 10 други проекти се во почетна фаза, допирајќи до секое населено место и секоја населба во општината. Граѓаните се соочуваат директно со конкретната работа на терен, гледајќи реални промени и ...
Во посета на општина Илинден беше премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и пратеничката Драгана Бојковска, извршија увид во тековните градежни активности за изградба на нова училишна зграда во рамки на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден. Со изградбата на новиот објект ќе се овозможи над 1000 ученици да ја следат наставата ...
Под мотото „Нов живот за езерото“ на 31 мај годинава во селото Радожда ќе се одржи четвртата подводна еко акција во организација на нуркачките клубови „Езерски пулс“ и „Скаут“ од Струга. – Оваа година, на акцијата ќе учествуваат над 120 нуркачи од речиси сите нуркачки клубови од Македонија, како и гости од Србија и Хрватска. Главната цел е чистење на подводниот и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, како и подигнување на јавната свест за ...
Земјава има доволно нафтени деривати и во моментов нема потреба од било какви ограничувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека ограничувања се уште не се потребни, иако, како што нагласува, има зголемена потрошувачка, пред се поради тоа што голем дел од граѓаните од соседните земји доашаат да точат гориво кај нас. -Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување од аспект на волумен како што направија ...