Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ски терените на ски центарот Ниже Поле со кој управува ЈП „Стрежево“. Како лани, така и оваа година, Општина Битола и меѓуопштинското Јавно претпријатие „Пелалинк“ за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина. -По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ...
Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти. Цените на ...
Еден кавадарчанец бил пријавен за закани кон тетка, друг за обид за напад врз сопругата со тврд предмет, а трет за закани и обид за напад врз таткото. Сите настани се случиле во еден ист ден, а тројцата биле лишени од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 39-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом ...
Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинешното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...
Поради обилните врнежи од дожд на територијата на Македонија, заклучно до 18 часот регистриран е зголемен водостој на реките, локални излевања и интервенции на надлежните служби во повеќе региони. – Во Штипско-кочанскиот Регион е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска Река има локално излевање кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ – Кочани со механизација. Оризарска Река е излеана кај селото Грдовци, ...
Македонија е подготвена за преговори, некои кластери дури и целосно се исполнети за влез во Унијата, единствено – Софија останува кочничар. Дел од експертите велат – на институционално, регулаторно и економско ниво, Македонија ја заврши поголемата работа. Техничките реформи се на место, законите се усогласени, економијата е интегрирана, а според европските индикатори државата не заостанува зад Албанија, Србија или Црна Гора. Но и покрај тоа, ...
Министерот за култура и туризам, Љутков на своја рака, спротивно на законот донел упатство за пресметка на плати со кое им се скратуваат правата на вработените во Култура, обвинија од Синдикатот. Според нив новото упатство, донесено на 9 декември минатата година, не носи ништо ново, туку само е продолжение на спорниот начин на пресметка, од април 2025 година, со кој платите на културните работници им се намалуваат за 3%. Од Синдикатот велат ...
Општина Битола утврди програма за развој на туризмот и буџет кој во 2026 година е проектиран на осум милиони денари. Според програмата, главен акцент ќе биде ставен на промотивните активности поврзани со Националниот парк „Пелистер“, реализација на актуелни и изработка на нови студии за развој на туризмот во националниот парк. Општина Битола во текот на годината ќе ја поддржи работата на здруженија на граѓани кои се посветени на туризмот или ...
Учениците се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари за да ја продолжат наставата од второто полугодие во учебната 2025/2026 година. Овој месец се очекува да биде донесена Стратегијата за образование 2025-2030, а ќе претстојат и јавни расправи за пакет закони за високото образование и за наука откако ќе бидат поставени на националниот регистар за прописи ЕНЕР за предлози и сугестии. Како што најави МОН, во ...
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, денеска, по повод именденот, традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв. Како што информирираат од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и премиерот Христијан Мицкоски. На приемот ќе присустуваат и митрополитот ...
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавата, во текот на денот тој добил телефонски повик од лице кое се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка се наоѓа во болница поради скршеница на нога и дека е потребна итна операција со вградување на шипки. Наводно, за ...
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании. -Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија ...
Општина Кисела Вода денеска информираше дека се набавени компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес. -Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството. Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска во ...
-Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ...
Склучување договор на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески со кој Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи. Видеото може да го погледнете на следниот линк: Склучување договор на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и ...
На полноќ завршува изборната кампања за повторените избори за градоначалник в недела на 11 јануари во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк ќе трае до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација денеска се дистрибуираат до Општинските изборни комисии а оттаму ќе бидат подигнати од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе достигне од три до девет степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти. Со склучениот договор, како што информираат од ФЗО, ...
На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
Партијата на пензионери, како партија на политичкиот центар, ја поддржува иницијативата на Премиерот Христијан Мицкоски за постигнување на широк политички консензус за клучните реформски закони за трасирање на единствен пат кон Европската Унија и за укинување на техничката Влада, стои во соопштението на партијата. Исто така, неопходно е да сите стратешки и витални прашања во врска со државата се решат на еден консензуален и транспарентен ...
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. -Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која ...
Се подготвува ски – стазата Михајлово, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница. -Покрај слабите природни врнежи, во ски – центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски – стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови ...
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев утрово информираше дека зимската служба на подрачјето на општината работела до доцна во ноќните часови на расчистување на снегот од коловозите, со цел да обезбеди услови за побезбеден сообраќај. -Зимската служба до доцна вечерта, континуирано вршеше посолување и одржување на повеќе патни правци со цел обезбедување побезбедни услови за сообраќај. Посолени се патните правци Страгово, Чемерско и Бохула, а ...
Утрово најниска температура од -11 степени Целзиусово е измерена на Попова Шапка. Следат -9 во Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола. Во изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд наврнал во Охрид од 5 л/м2, 3 во Маврови Анови, 2 Тетово, Демир Капија, Пожар и 1 л/м2 ...
„Оптимист сум, мојата цврста цел е да го подигнам квалитетот на фудбалот во Македонија“, вели во интервју претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Во пресрет на квалификациите за Светското првенство 2026, Омерагиќ испраќа порака на единство и заедничка поддршка за националниот тим. Тој верува дека координираниот напредок во сите сегменти – од работа со младите до создавање подобри услови за тренинг и натпревари – ...
Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско поради излевања на реки се делува со механизација. На подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во Општина Кочани е забележан значително ...
-Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес на средба со граѓани во општина Маврово Ростуше ги повика граѓаните на масовна излезност и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски. Тој се осврна и на инфраструктурните проекти, како и на економскиот развој и поддршката на Владата за отворање нови директни авиолинии, вклучително и кон Италија, како и на личната и институционална поддршка за завршување на сите ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонија пат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои Попова Шапка, Стража, Маврово–Брод и Буково. И покрај ваквите временски услови, сите патни правци во моментов се проодни. Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на ...