Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска остварија проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата во Министерството за одбрана присуствуваше и одбранбениот аташе Даниел Скваерс. Како што информира Министерството за одбрана, за време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиот период соработката со амбасадорката Агелер и со ...
За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. – За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето ...
Еден човек загина, а неговиот син е повреден во пожар што изби во стан во Тетово. Пожарот бил пријавен вчера вечерта, а се случил во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. Кога пристигнала пожарната, од станот излегувал густ чад. При интервенцијата, пожарникарите влегле во запалениот стан, каде што нашле едно починато лице, а второто, односно неговиот син, било повредено. Починатиот 42-годишник Обрад Стојановиќ работел како наставник ...
Иран ги предупреди земјите во регионот дека, во акт на одмазда, ќе ги нападне американските воени бази на нивните територии во случај ако САД го нападнат Иран. „Техеран им кажа на регионалните земји, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран, и побара од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“, изјави висок функционер од Техеран. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да се сретне со делегацијата на Европскиот парламент која најави посета на Белград, оценувајќи дека „доаѓа непоканета“ и дека нема причина да „губи време“ со европратеници кои, според него, ја мразат Србија. Делегацијата на Европскиот парламент треба да биде во Белград од 22 до 24 јануари. И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, порача дека ниту таа нема да се сретне со ...
Во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот Гренланд. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, е домаќин на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд и на државниот секретар на САД, Марко Рубио, а фокусот на дискусијата е иднината на најголемиот остров во светот. Доналд Трамп изјави дека ја сака земјата и дека ќе ја земе „со лесни или тешки средства“, а по неговата неодамнешна воена ...
Податоците за инфлацијата за декември 2025 година укажуваат на стабилизација на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен пораст не претставува сигнал за нов инфлаторен бран, оцени министерот за економија Бесар Дурмиши. Според него, анализата на инфлаторните движења покажува дека основната инфлација е под контрола, додека одредени краткорочни отстапувања се резултат на поединечни и сезонски фактори, а не на структурни проблеми во ...
Македонија бележи напредок на листата на моќност на пасошите што ја објавува „Хенли Паспорт Индекс“. Македонскиот пасош е рангиран на 38. место, со можност за влез без виза во 128 држави. Сингапур го има најмоќниот пасош во светот, со безвизен пристап до 192 од вкупно 227 дестинации. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја, чии државјани можат да патуваат без виза во 188 земји. Хрватска се најде на шестото место, позиција што ја дели со ...
Православните верници денеска ја празнуваат Василица, празник посветен на свети Василиј Велики, еден од најзначајните светители на христијанската црква, но и почеток на новата година според Јулијански календар. „Св. Василиј Велики го празнуваме затоа што на денешен ден се упокоил и тоа е еден од најголемите богослови кој што живеел во историјата на христијанската црква. Оставил аманет или пример на сите христијани како да се однесуваат во ...
Венко Филипче и СДСМ покажуваат една политичка незрелост, со која сами целосно се изолираат и маргинализираат на политичката сцена во Македонија. Партијата си ја влошува и така катастрофалната состојба во која се наоѓа по минатите парламентарни, а посебно последните локални избори. За политиките на Филипче и партиското раководство веќе подолг период низа силни критики доаѓаат од сите страни, а од и поранешни видни партиски членови и ...
Техничката влада и СЈО конечно треба да заминат во историјата, затоа што беа наметнати ад-хок решенија, кои наместо стабилен и правен систем, донесоа само дисфункционалност, смета поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. „Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата. Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфункционалност. Така беше со ...
Засилени контроли и казни. Надлежните имаат конкретен план како ќе постапуваат на терен откако ќе се изгласа предлог законот за забрана за пушење. Вкупно 300 инспектори, од кои 120 пазарни и 180 трудови, ќе вршат засилени контроли низ целата држава. Министерот за економија Бесар Дурмиши е уверен дека ваквиот пристап ќе даде резултати за колективното здравје. Најави дека нема да има толеранција за прекршителите, без разлика дали станува збор ...
Депонијата Вардариште заминува во историјата. Местото кое што со децении ги труеше скопјани, полека, но сигурно почна да се средува. Багери го претрупуваа земјиштето и рамена теренот, а опасниот отпад и ѓубре беше изнесен со камиони. Надлежните започнаа со површинско чистење, а потоа ќе следи и процесот на одгаснување. Операциата која трае веќе неколку дена се спроведува согласно изработена физибилити студија и предвидена динамика. „Станува ...
Православните верници денеска ја празнуваат Василица, празник посветен на свети Василиј Велики, еден од најзначајните светители на христијанската црква, но и почеток на новата година според Јулијански календар. „Св. Василиј Велики го празнуваме затоа што на денешен ден се упокоил и тоа е еден од најголемите богослови кој што живеел во историјата на христијанската црква. Оставил аманет или пример на сите христијани како да се однесуваат во ...
Дел од традиционалните обичаи поврзани со празникот Василица и прославата на Старата Нова година постепено исчезнуваат во кумановскиот регион, предупредуваат етнолозите. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно брашно, кој се служел со сланина и ...
Атина е високоинтелигентна, со силен инстинкт, извонредна концентрација и физичка издржливост. Таа се грижи за безбедноста, а нејзина специјалност е заштита од експлозивни средства и направи. Гордо го носи елечето на кое пишува „полиција“. Атина е прекрасна, мила, насмеана и позитивна. Нејзината кроткост ги освојува симпатиите на сите што ќе ја запознаат. Ја забележавме кон крајот на јуни, на настанот по повод пуштањето во употреба на ...
Утрово најниска темепратура од -7 Целзиусови степени е измерена во Скопје кај Петровец, соопшти УХМР. Следуваат Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово со -6 степени, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола и Кавадарци, -4 во Прилеп и Попова Шапка, -3 Гевгелија, -2 Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови и -1 степен во Охрид, Претор и во Kрушево. До 7 часот утрово највисока снежна покривка од 24 см има на Попова Шапка, 14 см во ...
Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во земјава како и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Словенија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Како што се наведува во соопштението од оваа Мрежа на фестивали, публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да погледне шест ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Општина Центар, го објавува интегрално. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на ...
Претпладнево во битолското село Маловишта, единствено населено место што се наоѓа во Националниот парк Пелистер, ќе се одржи Василичарски карневал. На улиците во планинското село Маловиште ќе дефилираат учесници со маски потсетувајќи на дамнешната традиција, која се одржувала токму на Василица, соопштија од организацискиот одбор. Василичарскиот карневал е можност да се потсети и на туристичкиот потенцијал на потпелистерското село Маловишта, ...
По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари во Дебар ја продолжија вековната традиција карактеристична за овој крај. Тие ги посетија православните домови, пеејќи „сура, сура година, до година повесели“, а за убавите и искрени детски желби домаќините ги даруваа со пари и слатки. Некогаш, кога во градот живееле голем број православни, имало повеќе групи по десеттина деца, но последните години традицијата ја ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар синоќа лишиле од слобода 60-годишен жител на градот, кој управувал патничко моторно возило под дејство на алкохол. – Синоќа, во 21.13 часот, на улицата Јусуф Багери во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ. М. (60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, ...
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него во општина Центар, а од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски(општина Аеродром), соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 ...
Здружението „Василичарите од Боемска“ денеска попладне во скопско Дебар Маало со хуманитарен настан ќе го одбележат празникот Василица. -Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните. Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме хумани. Сите средства собрани од продажбата на ...
Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. – Дополнително, се очекува значително намалување на ...
Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вечерва по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. – Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе ...
Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...
Министерството за економија и труд со поддршка на Европската унија денеска ќе ја презентира Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030 година. Стратегијата ги дефинира клучните насоки за подобрување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста и иновациите, унапредување на пристапот до финансии и поддршка на зелената и дигиталната транзиција, во согласност со европските политики и стандарди. Најавено е ...
На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на ...