
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Врсничкото насилство остава длабоки последици врз менталното здравје на младите. Сè почесто се соочуваме со случаи на анксиозност, депресија и изолираност кај деца и адолесценти, предизвикани од навреди, исклучување или насилство од врсниците – како во училиште, така и онлајн. 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение, покажуваат податоците од ХБСЦ студијата. -Потребна е заедничка акција од ...
Советот на јавни обвинители го избра Дарко Јакимовски за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тој дојде од Основното јавно обвинителство Скопје, каде помина дел од својата правничка кариера. Учеството во случаите „Ласкарци“ со 16 загинати и несреќата кај Струма во Бугарија со 45 загинати и епилог со никој обвинет или микро обвинети со смешни казни, очебијно е рецептот на ЈО за напредување во кариерата. Јакимовски е особено познат по ...
Врз основа на доказите добиени преку Скај комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврати организирале неовластена набавка, ...
Камен-темелник на Ветерниот парк кај Штип беше поставен денеска. Изградбата е на компанијата „Алказар енерџи“, а инвестицијата вредна над 500 милиони долари треба да отвори 630 нови работни места. Ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари. Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства. Ко-основачот на „Алказар ...
Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е нарушена безбедноста, Тошковски порача дека добро би било кога обвинува опозицијата да прави компарација со ...
Владата донесе одлука за изградба на мултифункционален научно-технолошки парк на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Своевидната „Силиконска долина“ ќе претставува национален центар за иновации, знаење и нови технологии, кој ќе привлече домашни и странски компании – инвеститори. Во изградбата на паркот ќе учествуваат и приватниот сектор и државата, а бенефитите се бројни, открива министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски смета дека како нација можеме да водиме големи проекти. -Во еднос на економијата имаме директен и индиректен импакт. Директен е она што ќе се произведе и продаде кое директно влегува во БДП, а индиректниот е многу поголем. За стопанството, за индустријата затоа што светот оди напред. ЕУ ги постави правилата за зелена транзиција ги постави, а тие велат дека особено во металната, во ...
На вчерашната затворена седница, Владата донела заклучок да се формира Меѓуресорска работна група откако била разгледана информација во однос на доставените податоци од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга, соопшти Министерството за финансии. На барањето од Министерството за финансии одговориле 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за ...
Работна посета на Обединетото Кралство, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Утрово во Лондон имавме работен појадок со специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дама Карен Пирс. На средбата разговаравме за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и новите безбедносни закани како и за развојот на одбранбената соработка помеѓу нашите земји. Обединетото Кралство за ...
Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни ...
Точно три години откако без консултација со никого, СДСМ и ДУИ во Собранието си го изгласаа Францускиот предлог, сега лидерот на социјалдемократите вели дека тој бил најдоброто нешто, иако најголем број од македонските граѓани беа и се против таквото решение. Во моменти додека бара лидерска средба за постигнување на натпартиски консензус од сите политички партии, Венко Филипче вели дека мораме да го прифатиме она што го договорија Димитар ...
Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што запленети се вкупно 5,6 илјади парчиња. Во текот на изминатата една година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги открија и спречија 275 обиди за криминални активности, или за повеќе од двојно ...
Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење. Одлуката, како што информираат од ...
Македонија очекува да добие транша од 8,5 милиони евра од Европската Комисија за дел од исполнетите обврски од Реформската Агенда. Комисијата треба да се изјасни, дали земјава ги направила потребните чекори, за да добие дел од парите од Планот за раст – шест милијарди евра, наменети за земјите од Западен Балкан. Ресорниот министер, Орхан Муртезани на брифинг со новинарите порача дека Македонија е прва земја од регионот која ја претстави ...
Нема политичко влијание врз мојата работа, тврди републичкот обвинител Љупчо Коцевски. Според него извештајот на Европската комисија за правосудството е реален и објективен. Се согласува со констатацијата во документот, дека Обвинителството работи со една третина од потребниот капацитет на човечки ресурси и дека немаат доволно пари. Во однос на пријавите за дивоградби во Чаир од страна на градоначалничка Арсовска, вели дека Обвинителството ...
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денес почнува со градба ветерниот парк на Алказар Енерџи од збор до дело за една година. – 500 милиони евра најголема инвестиција досега за чиста енергија за 100.000 домаќинства. За енергетска независност, за подобра иднина за сите. Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија, стои во објавата на премиерот на Фејсбук. Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот ...
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, говореше за предлог Законот за вредносни ваучери за студенти, со кој секој студент од новата 2025/26 студентска година, ќе има можност за 250 евра или 15300 денари за нов електронски уред. „Се работи за Закон со којшто се овозможуваат вредносни ваучери од 250 евра за сите студенти и редовни и вонредни, и на државен и на приватен универзитет, и притоа еден од условите е да биде државјанин ...
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, голем број припадници на руската елита починале на сомнителен и таинствен начин. Аналитичарите велат дека причините за тоа се сложени, но и типични за руската висока политика, објавува Хина. Иако поради затвореноста на Русија не постои точна и сигурна бројка, според западните агенции и руски активисти, повеќе од 75 важни личности од политичките, воените и деловните кругови на Русија починале под ...
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен ...
Владата ја усвои Информацијата за отпочнување активности за основање на Мултифункционален научно-технолошки парк, кој ќе претставува национален центар за иновации, знаење и нови технологии, со цел креирање на производи и услуги со висока додадена вредност. Како што соопшти владината прес-служба, анализата покажала дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е идеална локација за поставување на ваков парк. Локацијата ...
Соопштение на коалцијата ВЛЕН: „Во еден единствен ден, вчера Владата во која ВЛЕН е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат. Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот. Ние сме во ...
Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало. Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до ...
Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници. -Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. Обучувачите и менторите кои се квалификувани експерти во своите области, ќе бидат ...
СДСМ е во сериозна криза и паника. СДСМ се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според информации кои кружат во јавноста, помеѓу споменатите имиња за кои се тврди дека не прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје е и архитектот Ралев. СДСМ добила негативен одговор и од адвокат близок до партијата кој одбил да се впушти во трка за која знае дека е однапред изгубена. Во СДСМ ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, иако Техеран изразува желба за разговори со САД, тој „не брза да започне преговори“. -Тие би сакале да разговараат. Не брзам да разговарам, бидејќи го уништивме нивниот објект, изјави Трамп по враќањето во Вашингтон од посетата на Питсбург. Како што објави вчера порталот Аксиос, повикувајќи се на информирани извори, американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во четврток ќе се задржи многу ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка, соопшти Министерството за одбрана. За време на посетата, Мисајловски ќе има средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе се сретне и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во Лондон министерот Мисајловски заедно со министерот за ...
Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“, инвестиција вредна над 500 милиони долари што треба да отвори 630 нови работни места. На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски и ко-основачот и управувачки партнер на „Алказар ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за култура и туризам, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките и Предлог на законот за изменување и ...