
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Синоќа, населбата Козле беше домаќин на една од највпечатливите средби во рамки на иницијативата „Се гледаме низ Карпош“. Стотици граѓани се приклучија на неформалното дружење со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, за да споделат свои идеи, предлози и грижи поврзани со иднината на нивната заедница. Во пријатна атмосфера и со многу срдечни разговори, Лукровски уште еднаш ја потврди својата заложба дека политиката треба ...
Причината за доцнењето на судењето, како што соопшти судијата Илија Трпков, е известувањето што Судот го добил од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Имено, како што било наведено во известувањето, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран поради што со болничко возило бил пренесен во Клиничкиот центар на преглед. Наместо во 10 часот, кога беше закажано, ...
Проширувањето на ЕУ е повеќе од само проширување на границите, туку тоа е и проширување на перспективите и заедничките судбини на граѓаните, па затоа земјава останува непоколеблива во негувањето на социјалниот дијалог, јакнењето на граѓанското општество и инвестирањето во младите, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Во обраќањето на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во повеќедневна посета на Лондон, Обединетото Кралство. Во рамки на посетата, денес ќе оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република ...
Соопштение на коалицијата ВЛЕН: „Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа од страна на Владата, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели која со години ја претвораше сиромаштијата на Албанците во своја валута. Го наследивме општеството во кое секој агол, од селските улици до центарот на градовите беше обележан со светкави излози на казина и обложувалници. Над 7 000 VLT-апарати безмилосно им ги празнеа џебовите на ...
Во Брисел се одржа состанок на кој присуствуваа Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство( ДГ ЕНЕСТ). На состанокот кој се одржа во позитивна и конструктивна ...
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град. Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. Во Скопје, слично време со пороен дожд и засилен ...
Во Собранието ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на ...
Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на ...
Венко Филипче јавно призна дека СДСМ нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДСМ е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Филипче бледо се обидува да прикрие дека сеуште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова. Очигледно е дека никој не ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата, инвестицијата која беше најавена уште вториот ден од изборот на Владата го постави камен темелникот. Со поставување на камен темелник започна изградбата на ветерниот парк во близина на Штип со инвестиција од 500 милиони долари на „Алказар енерџи“ ќе се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 000 домаќинства, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека оваа ...
Почитувани медиуми, почитувани граѓани, ми претставува особена чест што можам еве токму од општина Зрновци да најавам дека продолжуваме како ВМРО-ДПМНЕ со теренските активности, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Денеска сме во посета на општина Зрновци, успеавме да посетиме две населени места, да разговараме со сограѓаните, да видиме кои се предизвиците коишто имаме можност да ги подобриме но и да слушнеме што е она што можеме да ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше пречекан со почести во Обединетото Кралство на значајна средба со лорд Вернон Коукер, државен министер во британското Министерство за одбрана. – Со лорд Коукер разговаравме за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот и пошироко. Заеднички заклучок е дека нашите одбранбени односи се темелат на заеднички вредности и цели – мирен и ...
Почитувани медиуми, почитувани граѓани, ми претставува особена чест што можам еве токму од општина Зрновци да најавам дека продолжуваме како ВМРО-ДПМНЕ со теренските активности, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Денеска сме во посета на општина Зрновци, успеавме да посетиме две населени места, да разговараме со сограѓаните, да видиме кои се предизвиците коишто имаме можност да ги подобриме но и да слушнеме што е она што можеме да ...
Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево. Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот. -Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, ...
Повеќе од еден век делото на Едвард Бернајс таткото на односите со јавноста истовремено ги осветлува и фрла сенка врз настаните од политиката, економијата и секојдневието. Бернајс е внук на Фројд кој успешно ја применува масовната психологија во развој на односите со јавноста. Она што тој го открива е поврзаноста на психологијата со современиот маркетинг така што ја создава современата пропаганда. Овој модел долго време опстојуваше преку ...
На состанокот во посебна сесија на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка одлучи, со сила од веднаш, да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и да потврди нашата полна заедница со нејзините хиерарси, свештеници и верници. Оваа радосна вест беше пренесена на Црквата во целост од Неговата Блаженост Митрополитот Тихон во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от ...
Добра вечер од преубавиот Штип, вечерва сме тука на отворање на месен изборен штаб, за поддршка на нашиот актуелен и иден градоначалник на Штип, Иван Јорданов, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде: Вечерва сме тука со една заедничка цел, да испратиме една порака на заедништво, на сплотеност, на стабилност, на посветеност, на успех. Вечерва сме тука да испратиме порака дека мора да имаме континуитет на промените ...
Во општина Гевгелија утре со почеток од 20:30 часот, ќе се одржи трибина на тема: „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од таму наведуваат дека на трибината говорници ќе бидат: Христијан Мицкоски- претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Александар Николоски – министер за транспорт; Синиша Ивановски – директор на ЈП Железници инфраструктура; Коце Трајановски – директор на ЈПДПП; Андон Сарамандов ...
Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување на една од националните телевизии зборуваше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Стојаноска истакна дека Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност. „Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа навистина профил на личност којашто му е потреба на Градот ...
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во КЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“. Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична ...
Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе синоќа на забава запалил прскалка, при што од искрите настанал пожар и зафатил трева на државно земјиште. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека синоќа во 22.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека 17-годишник од Свети Николе, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка при што од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште. Пожарот бил изгаснат ...
Во продолжение е обраќањето на претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски на денешното поставување на камен темелник на ветерниот парк на „Алказар Енерџи“: „Почитувани граѓани, Почитувани претставници на компанијата „Алказар Енерџи“, Драги пријатели, инвеститори и партнери, Во принцип имам убав говор којшто ми е напишан, но генерално работите коишто требаше во овој говор да ги кажам е веќе кажано од страна на Даниел, сопственикот ...
Во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Министерот за одбарана Владо Мисајловски, оствари значајна средба со лорд Вернон Коукер, државен министер во британското Министерство за одбрана. Целиот статус и фотографии може да ги погледнете на следниот линк: Со лорд Коукер разговаравме за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот и пошироко. Заеднички заклучок е дека нашите ...
Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока ...
Јавното обвинителство попладнево информираше дека Основното јавно обвинителство Битола и СВР Битола постапуваат во случајот со примање поткуп кај медицинско лице од ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола. Од Јавното обвинителство информираат дека се работи за докторка и повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден. – ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка. Се уште се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на американската невладина тинк- тенк организација „Data Foundation“, предводени од нејзиниот претседател Џејсон Барнет. Претставувајќи ја Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци, гостите ја информираа за глобалната иницијатива за поддршка на малите и средни претпријатија на Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема соработка во оваа област. ...
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец од Битола до граничниот премин Меџитлија, а сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп останува во прекин за товарни возила, а патничките возила и понатаму се пропуштаат наизменично, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија. На овие два патни правци, како што претходно информираше АМСМ, се случиле сообраќајни незгоди. На граничните премини за влез и излез од земјава, според информациите ...
Над дваесетина лица се уапсени поради сомнение дека намерно ги предизвикувале пожарите што летово беснеат низ Македонија. Дел од нив, се во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пак, се пуштени на слобода бидејќи се малолетници. Министерот Тошковски, споделувајќи ги опвие информации, рече и дека постојат докази за организирана група која намерно потпалувала пожари околу витални објекти, од значење за државата. „Оние кои што беа пиромани и кои ...
Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Армијата во текот на денешниот ден беше ангажирана за гасење на пожар во реонот на селото Џидимирци и Крушје, велешко. Целиот пост и фотографии може да ги погледнете на следниот линк: ...