Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 13 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 17 до 39 степени. Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во вторник, кога во ...

Пожар во куќа избувнал вечерва, околу 20 часот на улицата „Скупи“ во општина Карпош. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку бројот за итни повици 112. Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа за да може екипите на Бригадата за противпожарна ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 ...

До 18:30 часот евидентиран е вкупно 21 пожар, од кои осум се уште се активни. Изгаснати се 12 пожари, а еден е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во дојранско Николиќ, во велешките села Џидимирци и Крушје, во виничкото село Ласки, во село Локвица на територија на општина Македонски Брод. Активни пожари има и во гостиварското село Чегране и општина Куманово – Липково, над село Умин Дол кон село ...

Голем пожар избувна вечерва во скопската населба Злокуќани, при што, според првичните и неофицијални информации, огнот зафатил најмалку три до четири куќи. Густиот чад и пламенот се издигнуваат високо над населбата, а шест противпожарни екипи се борат со огнената стихија. Интервенцијата е отежната поради тесните улички во овој дел на Скопје, кои го отежнуваат пристапот на противпожарните возила до куќите зафатени од пожарот. Според информациите ...

Она што беше незамисливо, станува реалност. Почнува да се пушта во сообраќај автопатот Кичево-Охрид, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Од денеска за сообраќај се пушта потегот од Врбјани до Ботун, ова е првиот дел од автопатот Кичево -Охрид. Огромното е значењето на овој автопат како дел од коридор 8 кој ќе ја раздвижи економијата, туризмот и севкупното живеење во овој дел од Македонија. Нека е со среќа, ...

Утре, 14.07.2025 година (понеделник) во 10: 30 часот, претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува и свое обраќање ќе има на настанот во Царинската управа, на кој ќе се презентираат резултатите од изминатата една година. Во дворот на Царинската управа, ќе се одржи настан „Една година резултати“ на којшто ќе ги презентираат резултатите од работата на Царинската управа во текот на изминатата една година. На настанот ...

Измислиците на СДСM за патот Кичево-Охрид се навистина безобразни. Најкриминалниот договор во историјата го направија они заедно со ДУИ, кадешто како држава потрошивме стотици милиони евра, а не беше изграден ниту еден километар пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се виде разликата. Покрај Кичево-Охрид, готови се Охрид-Св.Наум, Гевгелија-Богданци, Страцин-Крива Паланка, Градско-Фариш, а се градат уште 4 автопати ...

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Кривичниот суд утре ќе одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје, дали куќниот притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Данела Арсовска ќе го преиначи во затворски. Јавниот обвинител веќе достави предлог до судот за определување мерка притвор поради опасност од повторување на делото и можност за бегство. Во саботата, скопското обвинителство отвори постапка против две лица по инцидентот во петокот на улицата ...

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната филхармонија на Македонија, а под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар синоќа беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико. ...

После цели 11 години, за пат и официјално е пуштен во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид. Граѓаните и бројните туристи безбедно ќе возат по делницата во должина од 20 километри, од Врбјани до Ботун. Само една година откако ја превзедовме одговорноста да ја водиме државата, успеавме да го одблокираме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски. “Проектот кој со години стоеше ...

Методологијата не беше донесена од страна на СДСМ, Владата и ресорното министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и превземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше земјоделски институт и ја пресмета производствената цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -На СДСМ им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп. Кога СДСМ ...

Силен порој го преплави срцето на Каталонија, поплави болница во Барселона и приземји патнички авион, додека аеродромот и железничкиот сообраќај беа целосно запрени, јави Ројтерс. – Властите прогласија црвен метеоаларм – изјави портпаролот на Државната метеоролошка агенција на Шпанија. Агенцијата соопшти и дека во некои делови на земјата наврнале до 90 литри дожд на квадратен метар за само неколку часа. Некои медиуми во Шпанија напишаа дека ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на ирански медиуми. Иранската новинска агенција „Фарс“ јави дека израелските воздушни сили бомбардирале комплекс на зграда на Советот за национална безбедност на 16 јуни, три дена по почетокот на војната. По нападот, електричната енергија била прекината, се наведува во извештајот. Учесниците на кризниот состанок ...

Од околу 15 пожари на отворен простор, најсериозни се три, во атарот на дојранското село Николиќ, пожарот кај велешкото село Крушје и кај село Локвица, на територија на општина Македонски Брод. Пожарите во Крушје и Локвица, кои избувнаа денеска ќе бидат потешки за гаснење, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. – Пожарот во село Николиќ се одвива подолго од една недела. Рано наутро со дејство ...

Денес, хеликоптерот Ми-8МТ од Хеликоптерскиот сквадрон на воздухопловниот ВИНГ учествуваше во акцијата за гасење на шумскиот пожар во село Николиќ, Општина Дојран, информираат од АРМ. Со испуштање на 45 тони вода (18 ведра) на најкритичните жаришта, операцијата започна околу 13:00 часот и траеше 3 часа и 10 минути. Акцијата беше спроведена во тесна соработка со локалните и државни институции за што побрзо и поефективно гасење на пожарот. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. Постот и фотографиите од Галиката свадба, може да ги погледнете на официјалниот фејсбук на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на следниот линк: Честитајќи им го бракот на годинешните ...

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри. Целиот пост и фотографиите од автопатот Кичево – Охрид, можете да ги погледнете на официјалниот Фејсбук профил на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на следниот линк: Тој во своето обаќање истакна: „Големо е задоволството на овој убав ден да ...

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен. Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија. Тендерот очигледно е уште еден механизам за Владата да си избере „своја“ маркетинг агенција преку која ќе се одвива и ...

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. На денешната Божествена литургија, со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, тој беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на епархијата. Тој пред членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА и присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид се завети дека ќе работи согласно каноните на Црквата и оти ќе извршува ...

Тендерите во 4 очи се синоним за СДСM. Оние кои државата ја испокрадоа и градат облакодери по Дубаи, се дрзнаа да говорат за тендери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на прес конференција СДСМ, Богданка Кузеска. „Целиот мандат им помина во местење на тендери, правење на анекси и класифицирани договори, на Филипче, Заев и Груби. Модуларната болница се случи поради криминал, трагедијата кај Ласкарци се случи поради корупција, Лотарија ја украдоа ...

На околу 5000 метри квадратни ќе се простира новата зграда во која ќе биде сместен Факултет за медицински науки, при штипскиот Универзитет„Гоце Делчев„. Објектот ќе го проектират реномирани компании од Обединетотот кралство, а со градежни активности ќе се започне веднаш откако ќе заврши доизградбата на новата болница. Освен амфитеатри, предавални за најсовремени симулации, во него ќе бидат сместени и неколку институти кои ќе имат ...

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, наспроти минатата која го оставила како проект кој бил заборавен и напуштен, на кој немало работници инженери, ниту машини. Целото видео и статус на министерот Александар Николоски, може да ...

Македонец е новиот потпретседател на европската десница. Тодор Конески е избран за втор човек во младинската организација на Европската н0ародна партија. Тој за Алфа вели дека ова е историски исчекор за државава и доказ дека Европа ги почитува политиките на младите од Македонија. -Ова е на некој начин историско достигнување за Унијата на млади сили, поради фактот што прв пат во нашето постоење имаме ваква позиција. Полноправни членки сме на ...

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото пуштање во употреба се обрати и Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски кој се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада. Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, ...

Свирепо си ги убил сопствениот внук од сестра и малолетниот правнук. Вчера крвава заложничка драма во домот на 63-годишниот прилепчанец Петар Ѓ. – Белото. Прославата на неговиот именден завршила кобно по животите на 43-годишниот Панче Ч. и неговиот 13-годишен син Милан Ч. Двојното убиство, вујкото го извршил вчера, најверојатно уште во попладневните часови во сопствената куќа. А по првото пристигнување на полицијата, околу 22 часот, убиецот и ...

Висок процент дури 41% од граѓаните целосно или делумно го поддржуваат стратешкото партнерството на Македонија и Велика Британија и кредитот за проекти во инфраструктурата. Покажува истражувањето на порталот МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн. Уште поголем процент од граѓаните веруваат дека семејството Заеви и Венко Филипче се замешани во криминалот со набавката за јаглен за ЕСМ. Дури 53,1% веруваат, а 31,9 % не можат да проценат ...

Златните визи за Дубаи, селењето на фирмите и капиталот таму, како и епскиот криминал во ЕСМ за кој осомничен е директорот на Зоран ЗАев и СДСМ, бегалецот Васко Ковачевски. Ова е товарот кој на плеќи ќе си го понесат социјалдемократите на претстојните локани избори и затоа ќе бидат поразени, вака новинарот Бранко Героски ги коментира последните анкети во коишто, речиси пола Македонија верува дека семејството Заеви и Венко Филипче имаат врска со ...

Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што денес бевме меѓу граѓаните и на пазар и на зелениот пазар, од кафич до кафич, навистина приемот меѓу луѓето, меѓу народот е одличен, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е дека Македонија застанува на нозе, дека Македонија се консолидира, дека ги санираме работите и чекор по чекор Македонија оди напред. Тука во овој дел од Македонија имаме голем голем ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
22%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
30%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.44
21%
1015
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 23ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
48%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.14
29%
1017
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.03
30%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
57%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088