
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри. – Денес заедно сведочиме на нешто за многумина делуваше веќе невозможно. Ова пуштање на употреба на автопатска делница туку ова е монемт на враќање на вербата доказ дека кога ќе ја превземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат. На овој потег на делницата Пресека-Песочани денес ...
Вчера 0дделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, на подрачјата на ПО Сарај, поточно во рекреативниот центар Матка, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва. Притоа, во рамки на активноста, во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително ...
Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фрјсбук профил. Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, додаде ...
На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возилa, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот меѓу селата Горњани и Блаце, каде има шумски пожар. Под контрола се четири пожарите и тоа во ...
Она што се случуваше околу Скопје со пожарите, воопшто не беше случајно, туку очигледно цел од една организирана акција на лица кои не му мислат добро ниту на Скопје, ниту на Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . „Полицијата пронајде дрва потопени во бензин, гума и ракавици на неколку места на кои имаше пожари околу Скопје. Институциите реагираа и приведоа неколку лица, дел од кои се поврзуваат и со опозицијата, и се ...
На 12.07.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во шумски предели на подрачје на Струмица биле преземени мерки и активности со цел утврдување дали од страна на граѓаните се почитува донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 01.07.2025 година, а ќе трае до 31.08.2025 година. При контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во ...
„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Она што сакам да го соопштам е рекордната цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка. Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше на работна вечера посветена на Украина – важен политички формат на кој, како регион, уште еднаш беше потврдена силната и недвосмислена поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во согласност со принципите на меѓународното право. Во своето обраќање, министерот Муцунски јасно ја истакна континуираната поддршка и ...
Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи. Ова го покажува анкетата на Маркет-вижн. Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите, праша ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа ...
СДСМ и неговите кандидати за градоначалници и активни градоначалници се пример за тоа како не треба да се води една општина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во Општина Дојран, за жал граѓаните се сведоци на неработењето на актуелниот градоначалник, кој се води на принципот едно евро за општината и евро за партијата. Досегашниот градоначалник во заминување, ветуваше брда и долини на жителите на Дојран, но не успеа да реализира ништо. Локалната самоуправа во ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години, соопшти Јавното обвинителство. Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, ...
Секој предизвик за државата, за СДСM претставува можност за евтин политички напад. Наместо конструктивност и поддршка, сведоци сме на обиди за собирање ситни политички поени, дури и во моменти кога државата се справува со сериозни кризи, како што се неодамнешните пожари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Постојат индиции дека дел од пожарите кои избувнаа во изминатиот период се подметнати од лица блиски до поранешната власт на СДСM и ДУИ. Надлежните ...
Тешка трагедија ја потресе синоќа Прилеп – две лица, татко и малолетен син, се убиени, а сторителот на двојното убиство извршил самоубиство. Според првичните информации од истрагата, мотивот е семејна расправија поврзана со имотни недоразбирања. Како што соопшти јавниот обвинител Стевчо Биноски, 63-годишен прилепчанец, во својата куќа на улицата „Стеван Апостолоски“, прво ги застрелал својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 12-годишен син, а ...
Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект. Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците. По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за ...
52% – Повеќе од половина од испитаниците кои споделиле за која партија ќе гласаат на наредните избори, го избираат ВМРО-ДПМНЕ. Тука, ако се споредат резултатите на определените гласачи со минатите истражувања, пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има кај Левица и ДУИ. Падот на Вреди е поврзан со напуштањето на коалицијата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 ...
Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка што ќе се одржи во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, е и централен настан на манифестацијата. Денот на венчавката, ќе почне со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување ...
Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска ќе биде извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија. Со тоа тој и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија, место што беше успазнето со упокојувањето на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година. На храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник вчера беше спроведено Наречение ...
Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец, и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“. Тој зборуваше за инфраструктурните и социјалните проекти во општина Петровец, и според него општината бележи значителен развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Тој истакна дека мотивацијата зад сите овие проекти е јасна, а тоа е создавање подобри услови за живот за сите жители ...
Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава. Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули. Во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, и оваа анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Како што информираат од УХМР, во ...
Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот во енергетиката, дигитализацијата, се дел од чекорите кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во вчерашната анкета на МКД.мк, спроведена од 20 јуни до 4 јули, се гледа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, или во бројки разлика од 5 спрема 1. ...
Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и повредените и нивната финансиска помош и состојба е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Човекот кој заради криминал ја презема модуларната и наместо друго министерство тој распиша тендер кој го доби Кочо Анѓушев потпретседателот на таа влада, за потоа да изгорат живи луѓе пациенти во таа болница, сега ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји. Се согласија дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти во ...
На убав ден – Петровден, денес сум во убавото Тетово, на средба со Тетовчани. Ги примив позитивните реакции и задоволствата на тетовчани, заради тоа што веќе не е Тетово како до сега. Заради тоа што интензивно се работи на автопатот од Тетово – Гостивар, заради тоа што се покачија пензиите за 5.000 денари, заради тоа што се покачија платите во образование, администрација, здравство и полиција, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ...
На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата. Времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 17:20 часот регионалниот пат Фариш-Велес е нормализиран за сообраќај. АМСМ ...
Задоволни сме што се дава акцент на големи инфраструктурни проекти и гледаме дека тоа помага во растот на економијата, но исто така овие капитални проекти се трајна вредност за целата држава, истакна денес од Струмица, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. -По однос на самиот крај во југоисточна Македонија мислам дека е битно да се напомене, имаше многу години со заостанати субвенции од 2021, 2022, 2023 година којшто благодарание на доброто ...
Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце. -Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше нормализирана. Но, ...
Тодор Конески од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ е новиот потпретседател на YEPP – младинската организација на Европската народна партија. Изборот претставува значаен успех за македонското младинско политичко претставништво на европско ниво. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, преку социјалните мрежи го честиташе изборот, нарекувајќи го „испишување историја“ од страна на УМС. „Ова е голема валоризација на трудот на УМС вложен ...
ВЛЕН ја изразува својата длабока загриженост поради координираните обиди кои последниве денови се прават за создавање на вештачки меѓуетнички тензии, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неуспесите и политичката корупција на партиите кои сега се во опозиција, велат од коалицијата. -Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој го осудивме веднаш, претставува чист пример на инсценирање на меѓуетнички тензии, ...