Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции, не се последица на природни фактори туку на намерно дејствување и подметнување од страна на човечки фактор, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Најновиот пример, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намерни пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи не се изолирани, напротив на повеќе локации се пронајдени натопени ...

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти. Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид. Делницата ...

Времето денеска во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје, претпладне ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва присуствуваше на свечениот прием по повод 14 Јули, Национален ден на Француската Република. Приемот беше можност да ја потврдам македонската решеност за продлабочување на билатералните односи и унапредување на соработката во економијата, културата и образованието, истакана Претседателката. -Честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот народ! Нека Петтата француска република продолжи ...

Од СДСМ, ги отфрлија обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за потпалувањето на огновите низ државата и ги нарекоа ваквите тврдења лудост. „Поголема лудост, мислам, не може ни да се слушне, ни да се замисли! Зошто? Сетете се дека од моментот кога е формирана Владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш се пласираат теории на заговор: ќе има дестабилизација на државата на есен, ќе се организира дестабилизација на пролет и така натаму. Можеби ова беше интересно за граѓаните ...

Многу работа и големи предизвици ќе бидат исправени пред градоначалникот на Скопје, со оглед на очајната состојба во која се наоѓа метрополата. Катастрофата со јавниот превоз, отровниот воздух и потребата од итно подигање на хигиената во градот се главните проекти кои треба да се најдат на врвот во програмата кај кандидатите за градоначалник на Скопје. Изминатите 4 години со Данела Арсовска беа изгубено време за градот кој стана еден од ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:30 часот денеска се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, четири пожари се сè уште активни, додека осум се успешно изгаснати. Меѓу активните пожари, најсериозни се оние во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина. Активни пожари се пријавени ...

Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави еуроњуз.ал (euronews.al). Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето ...

Армијата на Македонија деноноќно е во првите редови на новонастанатите пожари што ја зафатија државава овој летен период. Припадниците на инженерискиот баталјон на Армијата се рамо до рамо со отанатите учесници во гасење на пожарите во Велес. Фотографиите може да ги погледнете на официјалниот фејсбук профил на Армијата на Македонија, на следниот линк: Тие активно се вклучени во гасењето на пожарите во реонот на селата Крушје и Џидимирци кои се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

СДСM и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „СДСM и Филипче се најдобра продолжена рака на шовинистичките политики на Софија. Наместо да ја прифатат подадената рака од претседателот Мицкоски, СДСM и Филипче мислат како да ја искодошат државата. Ова што го гледаме сега е продолжение на политиките ...

„Ние земјоделците сме задоволни со откупната цена на винското грозје. Оваа година ќе имаме поголем принос за разлика од минатата”, истакна младиот земјоделец Стефан Стојчев од Кавадарци за објавените откупни цени на винското грозје за Вранец – 21,3 денари/кг и Смедеревка – 18,9 денари/кг. Тој при својата изјава посочи дека се покриваат трошоците со оваа откупна цена и остануваат дополнителни средства како приход. Младиот земјоделец одгледува ...

Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството. Тоа е и основната цел на секоја државна институција – да служи со ефикасност, отчетност и транспарентност – рече денеска инистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во обраќањето на настанот насловен „Една година резултати“ на кој Управа даде отчет за сработеното во изминатата една година, Димитриеска-Кочоска ...

Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест. Според издадените одобренија за градење, предвидената ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која се раговараше за тековните и идните активности насочени кон унапредување на енергетскиот сектор во Македонија, со фокус на енергетска транзиција, зголемена ефикасност и развој на обновливи извори на енергија. На средбата беше истакната подготвеноста за продлабочување на соработката во областите на ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен Радев во понеделникот изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ и рече дека спорот меѓу Софија и Македонија е нивно внатрешно прашање. „Ми се чини сè поверојатно дека овој цинизам и дрскост на одредени европски структури е незапирлив. Овие луѓе се чини дека се опседнати со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер. На средбата се разговараше за приоритетите и претстојните активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Собранието на Македонија, се обрати на Петтата седница на Националниот совет за евроинтеграции, на чиј дневен ред беше презентација на Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2025 година. Програмата и приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ беа презентирани од Перниле Деилер Кардел, амбасадорка на ...

Бидејќи денес и официјално заврши комисијата за финансирање и буџет во Собранието, што се однесуваше на ребалансот за 2025 година, еве едно кратко резиме од страна на нашата пратеничка група, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноска додаде дека, што се случи при овој ребаланс? Се случи не кредибилни ликови од народот да нудат кредибилни проекти за луѓето. Зошто велам не кредибилни? Затоа што се тоа ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Река Менон, менаџер за здравство, исхрана и популација за регионот на Европа и Централна Азија, како и со д-р Свен Нелсен, кораководител на здравствен сектор на Светска банка за земјава, Али Хаманди, виш економист и Мрика Алиу, виш специјалист за човечки развој. Министерот Алиу ги презентираше стратешките приоритети на ...

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните сега се задоволни и резултатите се гледаат на терен. Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот, потегот од Климештани до Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа, ...

Здружението „16 Март 2025 – Кочани“ изготви технички проект за изградба на спомен-обележје кое ќе биде посветено на загинатите во трагедијата во клубот Пулс. Спомен-обележјето со називот „Ангели“ треба да биде на планината Пониква, во близина на локалитетот Аеродром. Според проектот, се работи за монумент со парковско уредување на површина со димензии 30 на 40 метри. На средина ќе биде поставен метален столб висок 9 метри. Се предвидува да се ...

Кривичниот суд чека одговор од одбраната за да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски. Рокот е 24 часа за одговор на жалба, по што судиите треба да оценат дали е оправдано барањето на обвинителството, кое смета дека постои опасност осомничениот да го повтори делото или да се даде во бегство. Претходно, од судот пак во ...

Во рамки на денешните активности заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени го посети Секторот за внатрешни работи Велес. На средбата со раководството на СВР Велес заменик министерот Исени беше запознаен со тековните активности на секторот и проблемите со кои се соочуваат и како истите се надминуваат. Се разговараше и за безбедносната состојба, при што беа истакнати актуелните трендови на криминал и мерке што се преземаат за негово ...

Македонија има напредок во борбата против корупцијата и има имплементирано 17 од вкупно 23 препораки – шест од нив се делумно исполнети. Групата држави против корупција на Советот на Европа – ГРЕКО ги нотираше мерките преземени за зајакнување на транспарентноста и промовирање на интегритетот на извршната власт, а го поздравува и формирањето на електронска база на податоци за евидентирање и проверка на анкетните листови за имотот на избраните или ...

Царинската управа за една година наплати приходи во висина од две милијарди евра или 105 милиони евра повеќе средства во Буџетот од годината претходно. Преку Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесена е 181 кривична пријава за сторени кривични дела. Вкупно сузбиени се над 520 случаи на криминални активности. Изготвен е нов Царински закон и се ...

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно Албанци. И покрај тоа што на отварањето на фестивалот, единствен висок гостин од странска држава, беше претседателот на Албанија, тоа за нив било иронично, и не било доволно за да организаторите размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Иако секоја година, па така и оваа на фестивалот ...

По изборот на популарниот Орце Ѓоргиевски за кандидат за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ набрзо ќе ги објави и имињата на други две клучни општини – Куманово и Центар. Очекувањата се дека во овие две општини владеачката партија ќе се потрпе на кадри од коалициониот партнер ЗНАМ, односно дека во Куманово ќе го подржи нивниот лидер Максим Димитриески кој веќе ја објави кандидатурата.Премиерот Мицкоски најави дека одлука за овие две општини ...

Турската „Казанџи груп“ со полна пареа ја планира инвестицијата во Македонија од една милијарда евра. Премиерот вели дека во моментиов преговара со компанијата околу локацијата на која треба да ги изгради когенеративните гасни електрани. Во игра се поголемите градови како Скопје, Тетово и Куманово, но и индустриските зони во другите градови. Мицкоски потенцира дека интензивно се работи на подготовка на зоните за влез на нови инвеститори, а ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
29%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
4.12
31%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
6.69
29%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
5.44
19%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 25ᴼ
4.12
75%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.72
46%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
24%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1017
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
10.29
54%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088