Денеска во попладневните часови од круната на Браната „Градче“ во бездната длабока седумдесетина метри се фрлил триесетгодишниот К.Ј. (1992 г.), од Кочани, при што починал на самото место. Дека загинатиот го планирал самоубиството потврдува тоа што пред да скокне во смртта, го соблекол палтото и го оставил паричникот. Екипа од полицијата извршила увид на местото на трагичниот настан. Актуелности.мк дознава дека при самоубиственото фрлање имало ...

Почитувани, Зборувате за кочење на Проектот за изградба на Дом за стари лица – Проект кој СДСМ го започна, а вие не умеете ниту да го реализирате. Да не зборуваме затоа дека не сте ни близу до решавање на главните општински проблеми кои се од суштинско значење и ги засегаат најмладите лица во Општината – учениците. Се закитувате со туѓи перја и напаѓате без причина, а нашите деца одат на училиште плаќајќи од џебот на нивните родители. Факт е ...

Почитувани, Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!? Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања со кој било политички субјект. Поинтересно е што Левица не го поддржа истиот тој ...

Почитувани, Дали граѓаните се должни да субвенционираат одредени бизниси кои се во сопственост на одредени подинци? Во нормална држава ова е недозволиво, ама кај нас во општина Кочани очигледно дека суровата вистина е токму таа. За што всушност се работи? ВМРО – ДПМНЕ како десна партија секој пат се залага за поддршка на бизнисите кои се општествено одговорни и даваат свој економски бенефит во општината. Но исто така ВМРО ДПМНЕ е народна партија ...

Почитувани, Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа значи дека секоја одлука, секој проект, секаков план не смее да штети никому. Вашата очигледна ...

Почитувани, На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода. Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната ...

Почитувани сограѓани, Денес, на седница на совет на општина Кочани присуствував на театар на кој опозицијата, а посебно Аки Акиов кој би требало да се бори и да ги штити интересите на ромската заедница во Кочани, одбија да дадат подршка за реализација на проектот за изградба на куќички за Ромите од старата касарна. Иако знаат дека процедурата е закочена во Министерството за животна средина, односно истата е закочена од централната власт, наместо ...

Почитувана јавност, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ. Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза, инфлацијата, зголемената ...

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“. На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и ...

Вкупно 3 672 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Кочани. Од нив 1 037 се средношколци, а 2 635 се ученици во основно образование. Првиот училиштен ден беше посебно свечен за првачињата, кои годинава се 322. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака добро здравје и успех во учењето. Директорите на сите училишта ја ...

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а потоа и на сите нас како даночни обврзници, ќе ја коментирам само денешната ситуација. Превозникот Авто Атом со ...

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус. На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, која го изрази ...

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. -Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување на растежот и развојот, создавање ...

30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година ги потпишаа договорите со Општина Кочани. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки. Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да ...

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на ...

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, ...

Две работи му се случија на Драмскиот аматерски фестивал деновиве, кои најавуваат посодржајна и поквалитетна организација. Првата е одобрените средства од Министерството на култура во износ од околу 370.000 денари. Втората е промената на извршниот директор на ДАФ. На местото на Дарко Спасов собранието ја избра актерката Кристина Атанасова Арсова. До промената дојде по поставувањето на Спасов за в.д. директор на Националната установа „Театар ...

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание. Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот ...

Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Со оваа промоција се одбележа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Се работи за дело во кое се поместени повеќе циклуси песни, работени во период од 10 години. За оваа поетска збирка авторката има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. ...

В петок, на 6 мај, со почеток во 20 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде прикажана театарската претстава „Тој и Таа“. Претставата е во колективна режија, подготвена е од Театарската група ,,ГОДО“ од Кочани и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Во неа настапуваат двајца актери – Зорица Митева и Владимир Игнатов. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое ...

Со прес конференција , закажана за утре 23 мај во Градскиот парк во Кочани,започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фестивал. По официјалната прес конференција итсиот ден во 20 часот фестивалот свечено ке биде отворен со претставата „Самоубиство во одбрана „ од Алтернативниот театар „Отпишани„ од Скопје, а веднаш по претставата следува музичка програма со Light show и DJ Pancho. Вториот ден од ДАФ , вторник во 12 часот ке се одржи претставата ...

59. издание на Драмскиот аматерски фестивал коeшто започна на 23.05.2022 и се одржува во Градскиот Парк пред широката кочанска публика, секојдневно се збогатува со најразлични содржини.На свеченото отворање по поздравниот говор на Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ и официјалното отворање кое го прогласи градоначалникот Љупчо Папазов, започнаа секојдневните прикажувања на драми кои се дел од овогодинешната ...

Денеска започна 16. Саем на книга во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Саемот ќе трае од денеска 7 ноември до 12 ноември, секој ден од 10 до 18 часот. – Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови – истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, ...

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ СО ДВА ПРЕДНОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТА ЗАОКРУЖИ УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ И НАСТАПИ НИЗ ДРЖАВАТА. ДВАТА КОНЦЕРТА ВО ЗАРНОВЦИ И ВО ОРИЗАРИ СЕ НАЈУБАВАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА И НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОАМБИЦИОЗНА ПРОГРАМА ВО 2023 ГОДИНА. Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, тековната година ја круниса со два предновогодишни концерта наменети за публиката од која произлегуваат неговите членови. ...

Во чест на 70 години од постењето, кочанската општествено одговорна компанија Ruen Inox Automobile денес го прослави својот 70 годишен јубилеј. Ruen Inox Automobile е кочанска реномирана фирма чијшто напредок се зголемува и издигнува од година во година. Основана е во 1952 година, додека во 2014 година со приватизацијата оди чекор нанапред со новото име Ruen Inox Automobile. Денес деловната област на компанијата се состои од производство на ...

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СЛУЧАТ НЕКАКВИ ЗАСТОИ, НАСИПОТ НА БРАНАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ЗА НЕПОЛНА ГОДИНА, А ОВДЕШНИТЕ ГРАДЕЖНИ СТРУЧЊАЦИ ПРЕДВИДУВААТ ДЕКА ОВОЈ КАПИТАЛЕН ВОДОСТОПАНСКИ ОБЈЕКТ ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ. ИНТЕРЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ПРОЈАВИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ, КОЈ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИ ГРАДИЛИШТЕТО, КАДЕ БЕШЕ ЗАПОЗНАЕН СО ТЕКОВНИТЕ АКТИВНОСТИ За помалку од една година може да започне изградбата на насипот, односно ...

ПРИ ДЕНЕШНАТА ПОСЕТА НА ДЕЛОТ ОД ПАТОТ ОД МЕСНОСТА КРУШКА ДО БЕЛА РЕКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДРУГИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА УВИДОА ДЕКА ЗЕМЈЕНИТЕ РАБОТИ ПРИВРШУВААТ И ДЕКА СЕ ПРАВАТ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ ДЕКА ОПШТИНАТА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ПРОБИВАЊЕ И АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТИШТА ВО ПОВЕЌЕ РЕОНИ НА ОСОГОВИЕТО, ШТО Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ. Поставен е тампонот и привршуваат другите земјени работи на преостанатиот ...

ФИРМИ ОД ВОЈВОДИНА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ, КОЈ БИ ГО ПЛАСИРАЛЕ НА НИВНИТЕ ПАЗАРИ. БАРААТ СРЕДБА СО ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ПРЕРАБОТУВАЧИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА, КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ КОНКРЕТНИ ИЗВОЗНО-УВОЗНИ ДОГОВОРИ. За почетокот на наредната седмица се заговара деловна средба на стопанственици од Војводина со градоначалникот Љупчо Папазов и производители и преработувачи на ориз, кој би се одржал во Кочани. На состанокот ќе се ...

ЦЕНОВНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО СИТЕ СФЕРИ ЈА ЗАГРОЗУВА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ, КОИ СЕ ЧУДАТ КАКО СЕГА ДА ПРЕЖИВЕАТ, А НЕ НИ ПОМИСЛУВААТ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СНАЈДЕ ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА. ПОМЛАДИТЕ СЕМЕЈСТВА ГИ ОЧЕКУВААТ ИЗДАТОЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ. И ПОДГОТВУВАЊЕТО ЗИМНИЦА ПОРАДИ ЗЕЈТИНОТ, ДРВАТА И ДРУГИТЕ ТРОШОЦИ, ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ. Лето е па човек од дворот може да скине домат, пиперка, или јаболка и некое друго овошје за да касне нешто. Што ќе се прави кога ќе ...

РАЗОЧАРАНИ ТРГОВЦИ И СТОЧАРИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ЗОШТО ПОВЕЌЕ ДА СЕ ДОАЃА ВО ОБЛЕШЕВО, БИДЕЈЌИ НИТУ ИМА ДОБИТОК, НИТУ АСАЛНА ТРГОВИЈА И БЕСКОНЕЧНИ ПАЗАРЕЊА. НАМЕСТО ХРАНА ВО ДОБИТОК И ЖИВИНА, НА ГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО ДВЕ МАЛИ КУТИИ СЕ ПРОДАВАА ГУЛАБИ КАКО ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ. Како што фигуративно вели еден трговиц, нема зошто да се доаѓа на добиточниот пазар во Облешево. Нема добиток, нема народ, нема што да се снима или кажува. Оваа држава ги уништи ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58