Свет Техеран

Иран е подготвен да се брани со сите потребни средства

Иран е цврсто решен да го брани својот суверенитет, територијален интегритет, национална безбедност и народ со сите потребни средства, напиша портпаролот Есмаил Багаџ на платформата „X“.

Иран е подготвен да се брани со сите потребни средства

Иран е подготвен да се брани „со сите потребни средства“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи откако САД синоќа ги бомбардираа нуклеарните објекти во Иран.

-Иран е цврсто решен да го брани својот суверенитет, територијален интегритет, национална безбедност и народ со сите потребни средства, напиша портпаролот Есмаил Багаџ на платформата „X“.

Тој ја оцени агресијата извршена од „држава со нуклеарно оружје (САД) против држава без нуклеарно оружје (Иран)“.

САД утрово нападнаа три нуклеарни објекти во Иран – Фордо, Исфахан и Натанц – и со тоа влегоа во војна со таа земја заедно со Израел, која има за цел да ја уништи нуклеарната програма на Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа изјави дека клучните ирански нуклеарни објекти се „целосно збришани“.

To top