Македонскиот прволигаш Работнички попладнево замина за Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки. Составот на Бојан Маркоски својата форма ќе ја билда покрај Охридското езеро, за каде закажа и два контролни натпревари. Во првиот дебармаалци ќе се судрат со Партизани Тирана, натпревар кој ќе се одигра на 24 јуни во Струга, додека три дена подоцна во Охрид ќе се соочат со Балкани. Работнички досега ...

Работнички ги започна подготовките за новата сезона во која ќе игра и во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Досегашните подготовки беа во Скопје и „романтичарите“ притоа одиграа две пријателски со Силекс, два меча кои завршија без победник 0-0 и 1-1. Сега „романтичарите“ одат во Охрид каде ќе ја реализираат втората фаза, период во кој се закажани два теста со тимови од соседството. Прволигашот прво ќе се соочи со Партизани Тирана во ...