В петок, на 6 мај, со почеток во 20 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде прикажана театарската претстава „Тој и Таа“. Претставата е во колективна режија, подготвена е од Театарската група ,,ГОДО“ од Кочани и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Во неа настапуваат двајца актери – Зорица Митева и Владимир Игнатов. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое ...

На 6 мај, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од Театарската група „Годо“ од Кочани, по адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Влезени во кругот со непишани правила наречен систем, кој им го уништува емотивниот развој, тие ...