Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија во дуелот со Мамелоди Сандаунс со 4:3 во второто коло од групата Ф на Светското клупско првенство во Синсинати. Мамелоди поведе со голот на Коста (11), но Нмеча (16), Гираси (34) и Белингам (45) го свртија резултатот на 3:1 до полувремето. На почетокот од второто полувреме, автогол на Мудау (59) ѝ донесе на Борусија водство од 4:1 пред Рејнерс (62) и Мотиба (90) да го намалат резултатот на конечните 4:3. ...

Европскиот и италијански фудбалски вицешампион Интер Милан го победи јапонскиот тим Урава Редс со 2:1 во второто коло од Групата Е на Светското клупско првенство во Сиетл. Урава поведе со голот на Риома Ватанабе во 11. минута по асистенција на Такура Канеко, и ја задржа таа предност до 78. минута кога Лаутаро Мартинез израмни на 1:1. Победата на Интер во судиското продолжение(90+2) ја обезбеди Валентин Карбони. Интер сега има четири бода и е на ...

Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа на дуелот од второто коло на Светското клупско првенство против Мамелоди Сандаунс (3-4). Овој натпревар се одигра во тропски услови во Синсинати. Поради временските разлики, натпреварот започна точно напладне во овој американски град, а тоа беше проблем за актерите на теренот. Ова претставуваше особени нелагодности за Германците кои никако не се навикнати на високи температури, што не е случај со тимот од ...

Од пеколни горештини до силни грмотевици, Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави се одржува во услови што сериозно го нарушуваат распоредот на натпреварите, принудувајќи ги организаторите и тимовите да прават постојани промени. Поради неповолни временски услови, досега се откажани четири натпревари, а од следната недела се очекува нов топлотен бран. Второто полувреме од дуелот меѓу Бенфика и Оукленд во Орландо започна со ...