„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС. „Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani со голема благодарност информира дека во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан. Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и ...