LinkSense.mk Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери. „Врз основа на член 84, алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Северна Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното ...

LinkSense.mk До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. ...

LinkSense.mk И владејачките партии и опозицијата најавуваат победа на парламентарните избори на 8 мај, а предизборната атмосфера дополнително се загрева пред изборот на техничката влада во недела на 28 јануари. Претседателските избори засега се во сенка на актуелниот момент. Евроамбасадорот Дејвид Гир на настан во Скопје ги потсети политичките партии дека треба да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации ...

LinkSense.mk Соопштение за јавност ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал. ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри. Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје, а дел се кадри од времето на Груевски. Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и ...

LinkSense.mk Новак Ѓоковиќ поразен во полуфиналето на Австралија опен. Тој беше запрен во обидот да ги зголеми рекордните бројки на победнички Грен слем турнири и Австралија опен. Подобар беше Италијанецот Јаник Синер со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3. Во финалето, 22-годишниот Синер ќе игра против победникот на второто полуфинале, во кое се среќаваат Данил Медведев и Александер Зверев. Ѓоковиќ влезе во сезоната со амбиција првпат да освои „златен слем“, ...

LinkSense.mk Судот во Москва денеска му го продолжи притворот за два месеци на Еван Гершкович, американски новинар на Волстрит журнал, кој беше уапсен на крајот на март 2023 година во Русија за „шпионажа“. -Притворот на Еван Гершкович е продолжен за два месеци, до 30 март 2024 година, соопшти прес-службата на судот.Рочиштето се одржа зад затворени врати. Американскиот новинар Гершкович (32) ги отфрла обвинувањата против него. На Гершкович му се ...

LinkSense.mk Париз „идентификуваше координиран маневар на Русија“ за ширење лажни информации за Франција и наводното присуство на француски „платеници“ кои се борат на страната на Киев во Украина, соопшти денеска француското Министерство за одбрана. – Надлежните државни служби го идентификуваа и го следат координираниот маневар на Русија за пренесување на овие лажни информации, вклучително и проруските информативни мрежи и државните медиуми како ...

LinkSense.mk Европската унија најостро го осудува неодамнешниот бран на репресија врз поранешните политички затвореници во Белорусија и нивните роднини и ги повикува властите во Минск да ги почитуваат меѓународните обврски во однос на човековите права, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Борел во писмената изјава наведе дека повеќе од 100 лица, од кои многумина се уапсени, биле цел на рации и претреси извршени од ...

LinkSense.mk Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави во Собранието неговата оставка, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари. Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која ги посочи според него најголемите достигнувања во мандатот на оваа Влада, а за техничкиот премиер Талат Џафери рече дека е искусен политичар кој има големо искуство во водењето на ...

LinkSense.mk Северна Кореја соопшти дека денеска за прв пат тестирала нова стратешка крстосувачка ракета, како дел од нејзините „редовни и задолжителни“ активности за развој и надградба на своето вооружување. Ракетата наречена „Пулвасал-3-31“ моментално е во развој и пробното испалување немало влијание врз безбедноста на соседните земји, соопшти Корејската централна новинска агенција (КЦНА), додавајќи дека проектилот нема „никаква врска“ со ...

LinkSense.mk „Боинг“ вчера го испорача својот прв патнички авион „737 MAКС“ на кинеска авиокомпанија од март 2019 година, со што заврши речиси петгодишната суспензија за увоз на тие авиони. Испораката на авионот е знак на доверба во „Боинг“ во тешкиот период за таа компанија по несреќата што се случи на 5 јануари. Тоа го симболизира повторното отворање на вратата за Кина, која според проекциите на „Боинг“ треба да претставува 20 отсто од ...

LinkSense.mk Злоупотребата на осомничените од страна на полициски службеници сè уште е присутна во Србија, поради што се повикуваат властите да усвојат и спроведат кохерентна стратегија за искоренување на таквиот третман, се наведува во денеска објавениот извештај од Комитетот за борба против тортура на Советот на Европа. Во извештајот за ад хок посетата на Србија во март 2023 година, Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или ...

LinkSense.mk НАТО ги испрати своите први бродови од Северна Америка кон Европа заради најголемите воени вежби во последните неколку децении, пишува германската агенција ДПА. Според командата на сојузничките сили во Европа, американскиот десантен брод „Ганстон Хол“ го напуштил вчера пристаништето во Норфолк, во американската сојузна држава Вирџинија, за да го започне своето патување кон Европа. Канадска фрегата, исто така, наскоро ќе исплови од ...

LinkSense.mk Повеќе од 70 луѓе загинаа во уривање на нелегален рудник за злато во Мали, а бројот може да биде поголем, потврдија денеска властите на оваа западноафриканска земја. Несреќата се случила во петокот, а потрагата по преживеани сè уште трае. Не е познато што го предизвикало уривањето на рудникот, за што Министерството за рударство извести дури вчера, истакнувајќи дека загинале „неколку“ рудари. Ваквите несреќи се чести во Мали, третиот ...

LinkSense.mk Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите ...

LinkSense.mk Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница ги утврди кандидатите на партијата кои ќе ги предложи за министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада која треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ. За одлуката на Извршниот комитет по завршувањето на седницата информираше потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, а предложените кандидати се истите кои претходно вечерва во интервју за „Топ тема“ ...

LinkSense.mk „Спорт Лајф“ обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Педесет и две лица, вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и се наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година. „Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите ...

LinkSense.mk Турскиот парламент го даде долгоочекуваното одобрување за членството на Шведска во НАТО, со што оваа нордиска земја значително поблиску до приклучување кон западната воена алијанса по неколкумесечна неизвесност. Три месеци откако Реџеп Таип Ердоган поднесе предлог-закон до парламентот за одобрување на членството, пратениците вчера доцна вечерта гласаа за негова ратификација. Се очекува турскиот претседател да го потпише законот во ...

LinkSense.mk Германските машиновозачи утрово повторно го прекинаа железничкиот сообраќај барајќи пократко работно време и повисоки плати и започнаа шестдневен штрајк кој може да чини и до 100 милиони евра дневно. Конфликтот меѓу Deutsche Bahn (Deutsche Bahn, DB) и Синдикатот на машиновозачите (GDL) ќе го запре патничкиот сообраќај од денеска до понеделник навечер. Тоа би требало да биде најдолгиот штрајк во историјата на германските железници. ...

LinkSense.mk Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Низ комерцијалните ...

LinkSense.mk Во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од ...

LinkSense.mk Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомниците за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна. Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа. Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет ...

LinkSense.mk Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повреден. Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица. Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина ...

LinkSense.mk Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година имало алармантно зголемување на случаите на сипаници во Европа, каде што биле забележани триесет пати повеќе од претходната година, јавува Би-би-си. Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни итни мерки за да се спречи ширењето. Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО ...

LinkSense.mk Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

LinkSense.mk Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го осуди Израел за масовно уништување и убивање на цивили во Газа. „Израелските воени операции го проширија масовното уништување и предизвикаа смрт на цивили во размери без преседан откако јас сум генерален секретар. Блискиот Исток е како кибрит“, рече Гутереш, и предупреди дека мора да се направи се за да се спречи разгорување на конфликти низ целиот регион. ...

LinkSense.mk Владата на вчерашната 222-ра седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни проиводи, како и на минералната негазирана и газирана вода и негазираните и газирани пијалаци и светлото пиво. Како што информираат од владината ...

LinkSense.mk Членството во Европската Унија не е, и не може да биде предизборно ветување кое никогаш нема да се реализира. Ние си зададовме задача тоа да го реализираме до 2030 година. Годинава која започна е година на одлуки – одлука за европски напредок, или изолација. Трето нема, порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во Скопје. Според Ковачевски, веќе направивме ...

LinkSense.mk Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска потврди дека во четврток ќе ја поднесе оставката, пред собраниската седница закажана за в петок, по што претстои формирањето на техничката влада во времетраење од три месеца. „Цела влада ќе биде во оставка во четврток околу 10 наутро. Така што никој нема потреба од министрите да поднесува било каква оствка, бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка“, ...

LinkSense.mk Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на неделата ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните, информира УХМР. Утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.5
79%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
57%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
92%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
77%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
82%
1011
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58