Новиот француски премиер Мишел Барние изјави дека нема да ги зголеми даноците за повеќето даночни обврзници, иако најбогатите ќе мора да помогнат во затворањето на дупката во буџетот. Неговата најрана и најтешка задача ќе биде да го подготви буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори да го задржи растечкиот буџетски дефицит. – Нема да продолжам да ги зголемувам даноците на Французите, ниту на најскромните, ниту на работниците, ниту ...

Во неколку американски градови се одржаа протести против американската воена поддршка за Израел, а мировните активисти побараа ембарго за извоз на оружје во Израел, јавија денеска американските медиуми. Британските медиуми пренесуваат дека десетици демонстранти синоќа се собраа на плоштадот Хералд во Њујорк носејќи транспаренти на кои пишуваше „Рацете надвор од Либан сега“ и „Нема да имаме американско-израелска војна во Либан“. Демонстрантите ...

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа ...

Во Њујорк денеска почнува генералната дебата на 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ќе се соберат повеќе од 140 светски лидери и претставници на држави. Генералната дебата започнува во 9:00 часот по американско време, односно во 15 часот по средноевропско време. Дебатата ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а потоа според утврдениот редослед прв ќе се обрати претседателот на Бразил, Луис Инасио ...

Во поголемите градови во Германија, работниците постепено се враќаат во канцелариите, иако нивото пред пандемијата се уште не е достигнато. Ова го посочуваат резултатите од студијата на компанијата за услуги за недвижнини Џонс Ланг ЛаСал , цитирана од ДПА. Според извештајот, вработените во Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Дизелдорф и Штутгарт работат во нивните канцеларии околу 3,6 дена во неделата. Ова е значително над 3,2 дена неделно ...

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер на 21 октомври го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест, јави ДПА. Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени. Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври. „Ќе го направиме Октоберфест што е можно ...

Обилни врнежи и поројни поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а во некои области во текот на ноќта врнеше дожд колку што врне за еден месец. На фудбалскиот терен на АФЦ Вимблдон во Лондон се појавила дупка, а итните служби примиле 350 повици поврзани со поплави. Локалните власти соопштија дека сите служби за итни случаи ...

Цената на популарната карта, воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да користат локални и регионални возови, автобуси и подземна железница низ цела Германија, ќе се зголеми за околу 18 проценти следната година. Министрите за транспорт од 16-те германски покраини се согласија дека цената на „Deutschlandticket“, која изнесуваше 49 евра месечно откако стана достапна во мај 2023 година, треба да се зголеми на 58 евра на почетокот на ...

Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)! Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска норма, која и овојпат му ...

Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе следниот ден откако владината одлука ќе излезе во Службен весник. Производите вклучени ...

Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица. Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Виница, Кавадарци и во Претор. -Во текот на ноќта ...

Елон Маск вети дека ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, но истакна дека тоа нема да се случи ако Камала Харис стане претседателка на САД. Маск синоќа на X објави дека ќе испрати пет вселенски бродови на Марс за само две години. „На крајот ќе има илјадници Старшип кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка“, рече Маск. Сепак, американскиот мултимилијардер и поддржувач на Доналд Трамп изјави дека уште еден мандат на ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 ...

Социјалните мрежи и видеоплатформите собираат огромни количини лични податоци на корисниците и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврдува нов извештај на американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ). Извештајот, објавен вчера, ги разгледува практиките за собирање податоци на девет компании: „Фејсбук“, „Ватсап“, „Јутјуб“, „Дискорд“, „Редит“, „Х / Твитер“, „Амазон“, „Снеп“ и „Тикток“, меѓу јануари 2019 и 31 декември 2020 година. ...

Атлантик Штарк (Atlantic Štark d.o.o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е соопшти дистрибутерот на Atlantic Štark d.o.o, Atlantic Brands d.o.o, од пазарот се повлекуваат следните производи: Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08.05.2025 година. Бисквити какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на ...

Комитетот на ОН за правата на децата вчера го обвини Израел за тешки прекршувања на глобалниот договор за заштита на правата на децата, наведувајќи дека војната на земјата во Појасот Газа е меѓу најтешките прекршувања во поновата историја. – Невидената смрт на деца е речиси историски единствена. Ова е исклучително темно место во историјата, изјави Браги Гудбрандсон, потпретседател на Комитетот. Тој додаде дека смета оти никогаш немало „масовно“ ...

Американската потпретседателка и демократски кандидат, Камала Харис, и поранешниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, остануваат изедначени на седум недели пред претседателските избори на 5 ноември, покажуваат најновите објавени анкети. Во националната анкета, Харис и Трамп се изедначени со 47 отсто поддршка од американските гласачи. Анкетата е спроведена на 2.437 испитаници од 11 до 16 септември за потребите на „Њујорк Тајмс“, ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово. Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово. -За модуларната болница на Инфективна ...

Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување. „Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на ...

Американскиот здравствен систем се најде на последно место во меѓународна споредба на 10 земји со сличен профил, според нов извештај на Фондот на Комонвелт. Иако Американците плаќаат речиси двојно повеќе од другите земји, системот лошо се покажа во однос на здравствената еднаквост, пристапот до здравствена грижа и резултатите. „Јас секојдневно го гледам товарот врз луѓето поради овие недостатоци“, изјави д-р Џозеф Бетанкур, претседател на Фондот ...

Семејната фирма на Бернар Арно, Вентурес, инвестираше над 300 милиони долари во пет стартапи за вештачка интелигенција во 2024 година. Најголемата инвестиција беше 220 милиони долари во Х (поранешна Холистик), француска фирма фокусирана на вештачка општа интелигенција. Вентурес, исто така, го финансираше Ламини, стартап за вештачка интелигенција во Пало Алто, со 25 милиони долари, како и Прокима, компанија за дигитален маркетинг со вештачка ...

Ограничениот буџет за патување не мора да значи здодевно сместување, вели стручњакот за патувања Џил Мекелрој. Таа открива пет од можеби најчудните европски „одморалишта“, со прилично евтин престој, пишува Дејли мејл (Daily mail). Затворот „Кароста“ кај Лиепаја, Латвија За првoтo одморалиште од листава, Џил пишува: „Дали некогаш сте посакале да ја доживеете Вашата последна ноќ на слобода? Па, затворот-хотел во Латвија ќе направи да се ...

Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта. Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. – Ситуацијата е ...

Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе – во последната деценија нагло се зголеми за 54 проценти. Во светот има повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма Henley & Partners. САД и Кина регистрираа најзначајни зголемувања кај оваа категорија богати луѓе. Кина забележа неверојатни 108 отсто зголемување на центимилионери во ...

Европската комисија усвои препораки за подобра заштита на луѓето во ЕУ, особено на децата и младите, од ефектите на пасивното пушење и аеросолите, преку проширување на реоните на отворено во кои ќе биде забрането пушењето цигари. Согласно овие препораки до земјите членки на ЕУ, новите „зони без чад“ треба да ги вклучат местата за рекреација на отворено каде што вообичаено се собираат деца, како јавни игралишта, забавни (луна) паркови и базени, ...

Најмалку 21 лице е загинато во поплавите кои изминатите денови зафатија неколку земји во Европа. Бурата „Борис“ во делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка потопи цели населби и принуди стотици илјади луѓе да се евакуираат. Седум лица се загинати во Романија, шест во Полска, пет во Австрија и три во Чешка, а неколку се водат како исчезнати. Во некои области врнежите се намалуваат, но во други нивото на водата се очекува ...

Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години имаше успешен настап на силниот меѓународен турнир во Италија на кој го освои второто место. Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа контролни натпревари против репрезентациите на Словенија, Албанија и домаќинот на турнирот, запишувајќи две победи и еден пораз. Во рамките на првото коло од турнирот, македонските фудбалерки во интересен и возбудлив натпревар забележаа победа над ...

Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија. Во најновиот извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ. – Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот ...

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, ...

Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
47%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
66%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.44
56%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
91%
1012
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
56%
1011
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
87%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56