Попладнево големо невреме го зафати Валандовско. Земјоделците од село Пирава јавуваат за огромни штети на насадите со градинарски култури, бостан како и оштетени лозја. „Жално, вложен труд, средства и за пет минути го нема . Знам како е имаме и ние страдано вака , само здравје нека е во фамилија“ – коментираат земјоделците на фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи. Во објавите на Фејсбук земјоделците со жалење потсетуваат какви биле ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис. -Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни, изјави Трипуновски. Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува. Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за ...

Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од град, предизвикани при невремето што го зафати подрачјето на кавадаречко на 27 јуни оваа година. Преку јавниот повик објавен од кавадаречката локална самоуправа денеска, се повикуваат сите земјоделци погодени од природната елементарна непогода, да се пријават во просториите на Општината. Пријавувањето на штетите ќе трае од трети до десетти јули, во Граѓански услужен центар. – Покрај ...

Надминат е проблемот со водата за наводнување во атарите на општините Свети Николе и Лозово. Земјоделците од селата Црнилиште во Општина Свети Николе и Милино во Општина Лозово велат дека вода имаат во каналот за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“, а според нив водата пристигнува во вистински момент за лозовите насади, а очекуваат помали приноси на пченката. Бранко Вучевски од селото Сарамзалино вели дека вода има во каналот, но тешко ...

Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни ...

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија за ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година. Согласно Одлуката на Влада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 ...

Стабилна е состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, а патните правци се проодни, информираат од Центарот за управување со кризи. -Регионалниот ЦУК Тетово утрово известува дека состојбата со водостоите на реките во Тетово и во руралните општини се стабилни. Нема зголемување на водостојот и нема опасност засега од излевање. Сите патни правци се проодни, се додава во соопштението Од ЦУК посочуваат дека нема излевање на реките ...

Љубителите на пиво од денеска до недела во рамки на Фестивалот на домашни пива, што ќе се одржува во Скопје, ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање. Своите пивски производи ќе ги ...

Во Министерството за финансии се подготвува ребалансот на Буџетот за 2024 година. Ќе се обезбедат пари за плати и пензии, за се она што е преземено како обврска согласно закон, а ќе се скратат неприоритетните и непродуктивните трошења. Предизвикот е голем, планираниот дефицит е потрошен околу 90%, но ќе се справиме со состојбата. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето прво гостување по преземање на ...

Од неделата (23 јуни) до вчера (26 јуни) пожарникарите од Тетово евидентирале 80 интервенции поврзани со последици и проблеми со кои се соочиле граѓаните поради невремето проследено со интензивен дожд, силен ветер и грмотевици. И вчера Тетово и околина беше погодено од невреме кое траеше од 17 часот па се до 1 часот по полноќ. – Од недела до денес имавме повеќе од 80 интервенции, извлекување на заглавени во возилата, од куќите, испумпување вода ...

Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа работен состанок со раководителите и стручниот кадар од Подружниците Брегалница – Кочани и Свети Николе при АД Водостопанство. За средбата информираше на Фејсбук: „Изминативе години како најголем проблем во земјоделството се провлекува проблемот со вода за наводнување на земјоделските површини, заради досегашните лоши политики и негрижата за системите за ...

Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово. ЦУК соопшти дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата. – Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам дека и ...

Ова е најголемата инвестиција досега во делот на обновливите извори на енергија во регионот. 500 милиони долари во парк на ветерници. Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден милион мегаватчасови, што е 20% од целокупното производство на електрична енергија. Ова инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања. Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство ...

Италија и денеска, од север до југ, е погодена од невреме проследено со пороен дожд, па цивилната заштита издаде портокалово предупредување за областите Емилија-Ромања, каде што реките Секија, Енца и Панаро предизвикуваат посебна загриженост, како и за Сардинија. Жолтото предупредување е на сила во уште 10 региони, Пиемонте, Ломбардија, Венето, Тоскана, Лацио, Умбрија, Марке, Пуља, Базиликата и Сицилија, пренесува tg24.sky. Во Емилија-Ромања, ...

ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ПО НЕВРЕМЕТО. Ги информирам граѓаните на општина Гази Баба дека по разговор со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме со постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица од вчерашното невреме кое ја погоди нашата општина, вели градоначалникот Бобан Стефковски. -Ги повикувам земјоделците од општина Гази Баба ...

После седум години активно учество во бројни процеси на Владата на Северна Македонија како советник на премиерот и национален координатор за европски прашања, министер за правда, вицепремиер за европски прашања и како главен преговарач за процесот на евроинтеграција денес му ја предадов функцијата на новиот министер за европски прашања Орхан Муртезани. На новиот министер му посакувам успешно продолжување на процесот на евроинтеграција, брзо ...

Општините Кочани и Виница ќе спроведат координирана акција за прскање од воздух против комарците, со што се очекува да се постигне поголема ефикасност против здодевните инсекти. Со оглед што истиот оператор ќе го обезбеди авионскиот третман, двете локални самоуправи се договориле тоа да биде во ист ден. Градоначалникот на Виница, Миле Петков на денешната седница на општинскиот Совет даде образложение за претстојната активност. -Во нашата ...

Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра ...

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери. На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите. Досегашниот премиер, Џафери, како што информираат од владината прес-служба, му го честитал стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака ...

И официјално ја прифатив функцијата Mинистер за Европски прашања. Им благодарам на граѓаните кои и дадоа доверба на Коалицијата ВЛЕН и на раководството на Алтернатива што ми ја доверија оваа функција. Сега преминуваме во дела, секогаш имајќи го предвид интересот на граѓаните, нивната определба за радикални промени и стратешкиот интерес на земјата за евроинтеграција, на пиша на социјалните мрежи новиот министер за Европски прашања Орхан ...

Невремето проследено со врнежи од град со големина на лешник што синоќа го зафати Пехчево, предизвика штети на градинарски насади во пехчевско и околината. Невреме проследено со врнежи од дожд и грмежи имаше и во Пијанец. Од подрачната единица на МЗШВ најавија дека во текот на денот ќе ги посетат местата каде врнежите со град биле најизразени. Оттаму апелираа штетите да бидат пријавени во подрачните канцеларии во местото на живеење. МИА ...

Регионалниот ЦУК Велес известува за пожар на отворен простор на потегот од Свети Николе кон село Горобинци од левата страна на патот. Пожарот на отворено, како што соопштија од ЦУК, е појавен во 23:20 часот. -Интервенираат пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со четири пожарникари и две противпожарни возила, како и дел од мештаните со неколку трактори за одржување на местото, со цел да се спречи проширување на пожарот, велат од ЦУК. МИА agrotim4 ...

Земјоделските производители од кочанското село Грдовци попладнево организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода. Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе. -Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
26%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1024
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
40%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
45%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.2
49%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
30%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
19%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1019
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60