
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Поддршката за започнување нов бизнис и развој на формираните микро и мали претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и ...
Кај руралниот туризам важни се традицијата, културните вредности, односот кон природата, спецификите на одреден простор, историјата, но клучен носител на толкувањето на сите вредности е човекот. Истовремено, руралниот туризам е важен во активирањето и одржливиот развој на руралните средини бидејќи помага во зачувување на локалниот идентитет, традиции и обичаи, ја штити животната средина, го зајакнува автохтоното, традиционалното и еколошкото ...
Повторно да се активира служба за заштита од врнежи од град како во минатото, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”. Јошев информираше дека деновиве дел од земјоделските култури во кавадаречко претрпеле штети од невремето проследено со врнежи од град. – Градобијните зрна направија штети во неколку месности. Штетите се од дваесетина до околу осумдесет проценти. Очекуваме да се формира ...
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. – Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 % во однос на одлуката од 15.7.2024 година. Од полноќ бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,50 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се ...
Mакедонскиот малопродажен пазар наскоро ќе стане побогат за уште еден сериозен играч. Како што пишува порталот Retail Serbia Conad, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, најавува влез на македонскиот и на црногорскиот пазар. Конад моментално управува со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години. Конад Албанија е дел од групата Конад ...
Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим, се потврдува актуелноста на Мерка 7 и од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам и алтернативно земјоделско производство, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 60 % од инвестицијата. Во делот на инвестиции во ...
Топлото време негативно влијае врз земјоделството. Почвата поизразено ја губи влагата, а културите се принудени интензивно да транспирираат. При недостиг на вода во текот на нивниот раст и развој може да дојде до намалување на приносост и квалитетот, предупредуваат агрометеоролозите. Поради тоа, се препорачува максимално активирање на системите за наводнување. -Високите температури кои деновиве во делови од земјата надминуваат 40 степени, ...
Несовесни лица го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1, информираа денеска од подружницата на АД Водостипанство, ,,Тиквеш” од Кавадарци, на нивната Фејсбук страница. – Намерно затворен главниот вентил за системот К1. Ова е веќе пракса од несовесните граѓани. Ќе следуваат пријави до надлежните институции, напишаа од подружницата на Водостопанство. Само пред два дена, оттаму исто така споделија дека изминатиов период затекнале ...
Според најавите на првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски многу брзо ќе има исплата на субвенции за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари. -Агенцијата до трезорската канцеларија за реализација ги испрати налозите за исплата на субвенциите за предадено јагне во 2023 година и субвенциите по килограм предадено грозје од реколтата 2023. Тоа се исплатите кои ќе ...
Денеска главна вест за земјоделците е исплатата на субвенциите за остварен принос со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион како и поддршката од 5 денари за килограм предаден сончоглед во 2023 како и исплатени субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети – информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски. Исплатени се над 4300 полјоделци со сума од 252.2 милиони денари за остварено производство на пченица, јачмен, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува состојбата со пожарите шурим земјава до 13 часот, според информации добиени од Регионалните центри за управување со кризи, како и од други субјекти кои учествуваат во системот за управување со кризи. Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид известува дека пожарот во село Слатина, општина Македонски Брод, е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Во моментов на терен ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираше за состојбата со пожарите кај Баделен и Велуса, во Струмичко, кај Конче и Штурово, во Радовишко, како и за пожарот кај Кованец, во Гевгелиско. Како што пренесуваат од ЦУК, Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарите кај Баделен и Велуса немаат активно горење, но по тројца пожарникари со по едно теренско возило и припадници на полицијата го контролираат теренот. Од ЦУК додаваат дека ...
На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна. Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку ...
Во производната практика силно се чувствуваат промени на одредени климатски елементи. Промените на климатските фактори придонесуваат кон влошување на условите за производство на голем број наши традиционални овошни култури. Честопати појавата на краткотраен град, екстремно ниски температури, доцни пролетни мразеви, топлотен бран или силен ветер, може да бидат доволни да го компромитираат или уништат целокупниот род во насадите од било која ...
Во Mинистерството за внатрешни работи денеска се одржал координативен состанок на министерот за внатрешни работи ПанчеТошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема била целокупната состојба со пожарите што ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји. Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки. Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, како што информираат ...
Активни се пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи. Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира за МИА градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен. Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето ...
Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според локацијата на инвестицијата се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка. Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се ...
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денеска продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве имаше големи пожари. Од Општина Битола информираат дека во моментот состојбата е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и ...
Пожар избувна денеска и во росоманското село Сирково. Како што информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила. МИА се обрати до Територијалната противпожарна единица Кавадарци и оттаму ни беше кажано дека дополнителна екипа пожарникари со противпожарно возило се упатува на овој пожар што се уште не е локализиран. Засега ...
Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани ...
Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови. Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени. Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден. МИА ...
Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Жетвата на пченицата е при крај, просечниот принос е 3 тона од хектар, а цената е 10 денари за килограм. Ова е главната вест, другата вест е дека земјоделците се незадоволни од откупната цена. Тие што имаат каде да ја чуваат и можат да издржат финансиски, ја складираат и ќе чекаат подобра цена. Другите ја предаваат кај откупувачи по 10 денари за килограм. Ова е генералната слика од терен, која ја потврди и големиот земјоделски производител ...
Општина Битола попладнево информира дека пожарот над Битола е повторно активен. На терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. Се бара и воздушна поддршка. – Паралелно се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и ...
Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за справување со пожарот. – Пожарот што деновиве е активен на подрачјето на општина Неготино ги интензивира ...
Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи. Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта ...