На десет минути возење со автомобил од Аранѓеловац, односно осум километри од градот под Букуља, во правец на Космај, во селото Раниловиќ се наоѓа Шумадиско катче, првата еколошка населба во централна Србија и најголема од ваков вид во регионот. На истото место се и истоимениот ресторан и придружните програми за деца и возрасни: Штала за коњи, мини-зоолошка градина, терени за падел (спорт со рекет), игралиште за деца на отворено и затворено, ...

Топлотниот бран што ја зафати земјава негативно влијае врз земјоделството. Почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата поради што е неопходно наводнување, особено на пролетните окопни и на индустриските култури. Според агрометеоролозите, високите температури влијаат и на повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Можно е, предупредуваат, да дојде до заболувања на некои сорти винова ...

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Активен е се уште пожарот во реонот кај кичевското село Цер, кој повеже денови е со различен интензитет. Од Центарот за управување со кризи информираат дека за денеска е планирано јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР. – Во текот на вчерашниот ден, ...

Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер. – Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се ...

Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор ...

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите. За останатите 15 проценти, на тендерот за периодот јули-декември биле пристигнати три понуди, но тие не се прифатени поради повисоките цени во однос на моменталните пазарни цени. Од ЕВН информираа дека биле пристигнати понуди од компаниите „Дуферцо“, ЕСМ Продажба и Соле24. – За 85 ...

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци опожарен е комбајн и поголема површина на жито, кое не е ожнеано. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов за МИА вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито. Повикот до нив е пристигнат околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен. ...

Министерството за економија согласно Законот за нефер трговски практики веќе ја усвои листата на производи која дополнително треба да придонесе за намалување на инфлацијата, особено во делот на основните прехранбени производи, информира ресорниот министер Крешник Бектеши. -На предлог на Министерството за економија беа донесени 25 одлуки за ограничување на цените на основните прехранбени производи, ограничување на маржа на одделни производи, ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 ...

Државата располага со четири функционални хеликоптер за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Проблемот, ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Вредноста на СМК за јуни 2024 година во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари зголемена е за 3.162 денари односно за 5,5 проценти. За храна и пијалоци синдикалата кошница ...

Дванаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, и сите се изгаснати, сопшти Центарот за управување со кризи. Пожари имало во Валандовско, кај село Марвинци и кај с.Чалаклија каде горела ниска вегетација, во Шуто Оризари имало запалена ниска вегетација и отпад, во Чаир горело ѓубре, во Кичево кај с.Цер ниска вегетација и габер, а кај стрелиштето „Пенуш“ во Штипско биле се опожарени ниска вегетација и грмушки. Два пожа имало ...

Општина Карбинци утре со почеток во 5 до 6 часот ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци, информираат преку писмено соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Карбинци. Во соопштението се наведува дека третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари. – Авионското прскање против комарци ќе биде на 200 хектари (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до село ...

Во петок во 20 часот во Ресторан Империа – Новоселани, ќе се одржи средба со земјоделците на која ќе се разговара за можноста за аплицирање на новите повици од ИПАРД 3 програмата кои се очекуваат да бидат објавени во следниот период. Сите потребни информации како да добиете грант од ИПАРД за набавка на нова механизација или технологија, подигнување на долгогодишни насади, изградба на фарми, ладилници, силоси, изградба или реконтрукција на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони евра. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат ...

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа. -Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската ...

Земјоделството да се модернизира и третира како реална економска индустрија во руралните средини, а не како дополнителна дејност, беше порачано од вториот Национален рурален парламент, кој денеска и утре се одржува во Струмица. Учествуваат повеќе од 80 претставници на граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор за да креират препораки за подобрување на квалитетот на живеењето во руралните средини. Според Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за ...

Единаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во соопштението, сите биле изгаснати. Во село Арачиново горела депонија, во Горно Лисиче гореле ниска вегетација, ѓубре, жито, се интервенирало на пожар и кај хотел „Њу стар“ во Бутел, потоа во Ѓорче Петров, сува трева и гранки биле опожарени во Долно Свиларе, депонии гореле во Петровец и Росоман, опожарена била трска кај ...

АГРОТИМ трибина во Лозово на која ќе се разговара за можноста за аплицирање на новите повици од ИПАРД 3 програмата кои се очекуваат да бидат објавени во следниот период. Сите потребни информации како да добиете грант од ИПАРД за набавка на нова механизација или технологија, подигнување на долгогодишни насади, изградба на фарми, ладилници, силоси, изградба или реконтрукција на апартмани, хотели, ресторани и други бизниси во рурално подрачје. На ...

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, 83 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС-98, 74 денари ќе биде новата цена на литар дизел, а 73 денари на ...

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година е намален за седум проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти и Нетрајни производи за ...

Министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ на нивниот денешен состанок во Луксембург со квалификувано мнозинство го одобрија Законот за обнова на природата на Унијата, што е последниот чекор во усвојувањето на оваа регулатива кој е дел од Зелениот договор. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, процедурата за усвојувањето на Законот со месеци беше во ќор-сокак, откако тој во февруари со тесно мнозинство беше поддржан од ...

На европските берзи утринава пораснаа цените на акциите, што најмногу се должи на корекцијата по минатонеделниот остар пад. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од два отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 8.165 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,56 отсто, на 18.106 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 7.548 поени. Растот на ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски. Во продолжение, предлозите на Мицкоски за министри и нивните досегашни ангажмани. Мандатарот Мицкоски за утре ги очекува официјалните предлози од коалицијата „Вреди“, како и од партијата ЗНАМ, по што во вторник до Собранието ќе го достави ...

Струмичките земјоделци ќе мора подетално да се информираат за Заедничката земјоделска политика на Европската Унија и полека да ги запознаваат и усвојуваат добрите практики кои ги предвидуваат поглавјата 11 и 12 од преговарачката рамка, информира ТЕЛМА. Универзитетскиот професор Душан Спасов вели дека мерките се насочени кон поголема безбедност на храната и благосостојбата на животните и од нивната примена земјоделците можат само да добијат. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 ...

Во пресрет на одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан бајрам, во Дебарско, во тек е продажба на овни и овци кои се принесуваат како курбан за овој празник, кој годинава се паѓа в недела, на 16 јуни. Според Скендер Аме, претседател на здружението на сточари „Даши“, во кое членуваат сточари од општините Дебар и Центар Жупа, годинава за продажба се над 3 илјади грла овни и овци. -Во тек е продажбата и можат да кажам дека има голем ...

Почна пробното тестирање на цевководите од Филтер станицата до четири села во Општина Карбинци, кои вода треба да добијат од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека од ХС „Злетовица“ вода за пиење треба да добијат осум села во општината, а тестирањето на цевководите е почнато до селата Долни Балван, Таринци, Црвулево и Козјак. -Пред недела, две практично започна ...

Вкупниот промет во индустријата во април годинава е намален за 7 отсто на годишно и за 11,6 отсто на месечно ниво, а за првите четири месеци од годинава е намален за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани. При тоа, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување за 8,7 отсто на годишно и за 1,2 отсто на месечно ниво, а во првите четири месеци од годинава е повисок за 2,3 отсто во споредба со лани. Прометот во индустријата на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
5.66
24%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.38
42%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1023
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.11
38%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
7.2
49%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
25%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
19%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
34%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
32%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60