Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ денеска ги покани на потпишување Меморандум за соработка со планинарските клубови, друштва и здруженија. Промоција на заштитата на природата, одржливиот економски потенцијал, подигање на јавната свест и свесност за убавините на Шара, планинарски патеки, еколошки акции, размена на знаење и искуства и др. се само дел од заедничките активности кои не очекуваат во иднина. Една од најважните работи за ...

Општина Куманово денеска ги информира граѓаните дека ќе спроведе прва авионско прскање против комарци. Прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови по течението на реките и централното градско подрачје. – Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојното авионско прскање против возрасна форма на комарци, кое ќе се изврши на 16 јуни 2024 год. (недела), во раните утрински часови, во временски период 05:00-08:00 часот. Прскањето ...

Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска на едно место ги собра земјоделците, компаниите и научната фела на четвртиот меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса“. Деканот на Земјоделскиот факултет, Емилија Арсов нагласи дека ова меѓународно научно-стручно советување е со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми. Таа ...

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од вечерва на полноќ се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). РКЕ, информира дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени ...

Во хидроакумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување, но заради помалото ниво единствено од акумулацијата „Водоча“ е воведена рестрикција за наводнувањето, односно само два пати во неделата ќе се пушта вода до посевите. Според последните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се половина полни. -Во „Турија“ имаме 31 милиони кубни метри вода од вкупно 50, а во „Водоча“ има 11 милиони од вкупен капацитет од 26 ...

Седум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникари интервенирале на опожарена дива депонија во општина Карпош. Горела сува трева кај болницата „Бардовци“. Опожарени биле сува трева и скелиња за тутун во Прилеп. Во општина Пехчево, кај село Негрево, месност „Каширска Чешма“, гореле нискостеблести растенија и млада борова ...

Општина Маврово и Ростуше информираше дека во петок ќе биде спроведена теристичка ларвицидна дезинсекција, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општината. -Се известуваат граѓаните на подрачјето на општина Маврово и Ростуше дека на ден 14 јуни (петок) општината во договор со екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Тетово – Одделение за епидемиологија од Гостивар ќе спроведува ...

На бројот за итни случаи – 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – ...

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на ...

За теми од животната средина во нашите медиуми недоволно се известува и новинарите не се специјализирани да креираат приказни од оваа област. Животната средина речиси не постои како сектор во македонските медиуми за разлика од светските, па и регионалните, кои имаат и редовни секции/теми за кои известуваат секој ден. На настан што денеска го организираше Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за новинари, уредници, претставници на граѓанските ...

Деновиве екипа на Агротим е постојано на терен преку едукативни средби со земјоделците на тема ИПАРД и други можности за поддршка на агросекторот. На средбата со земјоделците од кочанско Тркање се разговараше за можностите за аплицирање на очекуваниот повик за Мерка 1 од ИПАРД програмата. Со оглед на тоа дека бевме во регион за производство на ориз, најголемиот дел од прашањата беа за набавка на земјоделска механизација – трактори и комбајни, а ...

Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка. Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се искористи за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. – Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и ...

Во Пехчево и населените места кои се дел од оваа Општина утре во периодот од 19:00 до 04:00 часот ќе биде спроведено теристичко третирање против комарци. Со третирањето, како информираа од Општината, ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот и околината. -Границата на третирање кое е закажано за вторник (11.06.2024) започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за ...

Топлотниот бран во Индија е најдолг што некогаш ја погодил земјата, изјави денеска владин експерт за временска прогноза, предупредувајќи дека луѓето ќе се соочат со се поопресивни температури. Делови од северна Индија се зафатени од топлотен бран од средината на мај, а температурите се искачија над 45 степени Целзиусови. „Ова беше најдолгиот топллотен бран – околу 24 дена во различни делови на земјата“, рече шефот на индискиот метеоролошки ...

Нормализирано е водоснабдувањето во високите зони во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Водовод“ и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“. Проблемот го надминале екипите на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ кои го отстраниле дефектот. Граѓаните од приградските населби „Карпош“, „Иго Тричковиќ“, „Ајдучка чешма“, „Јане Сандански“, „Перо Чичо“, населба „Железничка станица“, населба „Черкезе“, како и горниот дел од ...

Утре и задутре во осум општини од Југоистокот ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Утре во периодот од 20 часот до полноќ ќе се прска против комарци во општините Валандово, Дојран, Радовиш и Конче, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица. Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени. Од ...

Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје. Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. – Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот ...

Акција за дезинсекција против комарци ќе се спроведе на територија на општина Штип во вторник, 11 јуни. Од Општината информираа дека ќе се реализира втора тереистичка дезинсекција и трета ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Во соопштението од Општината се наведува дека во периодот од 01 до 04 часот наутро ќе се изврши адултицидната (терестичка) дезинсекција и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција. – Со дезинсекцијата ...

Националната мрежа на земјоделци бара Земјоделскиот институт да направи калкулација за нова производна цена за пченицата, пред самиот старт на жетвата. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека единствено така земјоделците нема да работат со загуба, како што било пракса низ годините. За оваа година се очекуваа подобри и поголеми приноси на пченицата и јачменот. – Врз основа на производната цена мора да се ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април годинава изнесува 2 639.1 милиони евра и бележи пад од 5,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 754.9 милиони евра, што е за 3,8 проценти повеќе во споредба со првите четири месеци лани. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – април ...

Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут ...

Јадеме безбедна и квалитетна храна. Се што е во промет и инспекциски контролирано, е апсолутно сигурно, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. На прес-конференција по повод 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, Бабовски информира дека во првите пет месеци од годинава се спроведени преку 22 000 инспекциски контроли. На Агенцијата и недостигаат уште најмалку 40-на инспектори и институцијата од ...

Во Штип денеска свечено беше пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека новиот дел има 100 тезги за продажба на земјоделски производи и ќе овозможи на штипјани посовремени услови за пазарување. Инвестицијата на Општина Штип е околу 12 милиони денари. -Дополнително се создадени и нови 50 паркинг места, со што ќе се подобри функционалноста на самиот пазар. Станува збор за ...

На територијата на општината Неготино се спроведе прскање против комарци, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. – Со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет, синоќа во доцните вечерни и раните утрински часови на целата територија на општина Неготино се спроведе дезинсекција преку прскање против комарци. Прскањето се одвиваше од земја со користење на препаратот „аквакотрин“- еден од најефикасните за ...

По минатата недела кога во попладневните часови беше изразено променливото и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, агрометеоролозите препорачуваат, доколку временските услови дозволуваат земјоделците да продолжат со сите активности и агротехнички мерки. Житните култури во овој период, велат, имаат сосема доволно влага и се во добра сотојба да ја завршат вегетацијата. Есенската пченица во зависнот од локацијата каде е посеана, е ...

Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија – Гевгелија, крај патот – Прилеп кон Селце; кај ...

Глобалното затоплување се забрза до ниво „без преседан“, а рокот во кој треба да се ограничи се приближува, предупредија педесет водечки научници во студија, објавена во списанието Earth System Science Data. Во извештајот се истакнува дека просечната температура се зголемила за 0,26 Целзиусови степени од 2014 до 2023 година. Во истиот период, просечната површинска температура била за 1,19 степени Целзиусови повисока во споредба со ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
23%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.9
35%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
32%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.5
32%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
41%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
5.81
58%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
23%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
16%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
31%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
30%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
36%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60