Се отстрануваат последиците од силното невреме што вчера ја зафати Србија. Едно лице загина во Сомбор кога дрво падна врз возило. Изгаснат е пожарот што избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, поради што дел од градот остана без струја. Пожарникарите и спасувачите евакуираа пет лица и едно бебе. Во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград. Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, ...

Птичји грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а резултатите од првите тестови покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, соопшти денеска австралиското Министерство за земјоделство. Голем број живина угина на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека се вршат тестови за ...

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд. Во ...

Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир. Со трактори и земјоделска механизација тие ја блокираа крстосница што води кон двете села револтирани од откупната цена на младиот компир која денеска изнесувала 15 денари за килограм. Според земјоделците, младиот компир треба да се откупува за најмалку 25 денари за килограм, бидејќи сегашната не ги ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера била добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во општина Ранковце, има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода. Од зголемениот водостој на речното корито на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина, информираат утрово од ЦУК. Известени биле градоначалникот и контакт лицата од општина Ранковце за настанатата состојба. ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 83,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар. За 0,306 денари ...

Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска ќе биде организиран настан по повод Светскиот ден на пчелата. Целта е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата. Првиот дел од настанот ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во Автокоманда, а вториот на платото пред ФЗНХ, ...

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници. Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР. Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и ...

Светскиот ден на пчелата – 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба. Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства – одгледувачи на кози кои своето производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач или предале или заклале јариња во кланични преработувачки капацитети. Висината на директните плаќања изнесува 1400 денари ...

Денеска во Скопје се оддржува третиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021 – 2027. На состанокот присутни се претставниците од Генералниот директорат за земјоделство при Европската комисија, како и претставници на македонската ИПАРД структура, претставници од стопанските комори и здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој. Од почетокот на имплементацијата на ИПАРД III се објавени 2 јавни повика од кои едниот ...

Развојот на малите семејни винарии е најголемото признание за нашата работа. Ги има насекаде низ државата. Денеска имаме 146 мали семејни винарии кои успешно искористиле грант од 10.000 евра. Ја посетив малата семејна винарија Арабеска во село Сопот кавадаречко која прераснува во угостителски објект, со што се развива и руралниот туризам. Секој чекор напред е постигнат со многу љубов, знаење, умешност и труд. Горд сум на секоја една мала ...

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2024 година е намалено за 13,3 отсто во однос на првото тримесечје од 2023 година, а продажбата на шумски сортименти изнесува 22 933 метри кубни и бележи намалување за 19,2 процента. Според податоците од Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а ...

Вкупниот промет во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани е намален за 10 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 12.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи ...

Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечје од 2024 година изнесува 9 916 622 000 денари и во однос на истиот период плани се зголемени за 216,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 495,2 отсто, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 13,2 ...

Два пожара на отворено биле евидентирани изминатото деноноќие и покрај врнежите од дожд, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот бил на територија на општина Тетово, а другиот во општината Шуто Оризари. Според ЦУК, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Тетово од 11.20 до 12.10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена дива депонија во селото Фалише. ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7 со што се отвораат можности за нови инвестиции во повеќе приоритетни сектори, а еден од нив е и алтернативното земјоделство, кое дава можност да се направат инвестиции во рибници за производство на слатководна риба. Конкретно за оваа инвестиција, ќе наброиме неколку примери за прифатливи трошоци, а тоа можат да бидат: Кој ...

Повик за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се очекува да има во втората половина од годината. Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за сместување во внатрешен простор – апартмани. Планираната инвестиција најдобро може да се прикаже со следниов пример: Доколку барателот – правно лице ( од рангот микро или мало претпријатие) со место на ...

Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе организира тркалезна маса на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија”. Како што соопшти организаторот, целта на настанот е преку дискусија да се придонесе за подобрување на состојбите за сузбивање на еколошкиот криминалитет, зголемување на ефикасноста на криминалистичките истраги, зајакнување на капацитетите во полицијата, обвинителството и судството, ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Крајниот рок за поднесување на барањата е 28.05.2024 година Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 3 ,,Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни ...

ИПАРД 3 се средства кои се добиени до 2027 година и нивното користење НЕ зависи дали ќе има избори или промена на Влада. Финансиската спогодба е потпишана, мерките се акредитирани и нема реакредитација со секоја нова Влада. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Со оглед на тоа дека управувањето со овие ...

Европската комисија обезбеди позајмици за Северна Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина. – Помошта ќе ја поддржи ...

Во текот на денешниот ден се реализираат и исплатите за органско производство, вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, дополнителната помош за регистрираните земјоделци, како и директните плаќања за бројлерско производство – информира директорот на Платежна Агенција – Никица Бачовски. Од АФПЗРР информираат и дека започнува пријавувањето за земјоделските субвенции. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на јаболка дека од 10 мај 2024 година ќе можат да поднесуваат барања за подмерка 1.23. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се ...

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54. АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на јаболка дека од 10 мај 2024 година ќе можат да поднесуваат барања за подмерка 1.23. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се ...

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави нов повик за Инструментот за финансиска поддршка „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации“ преку кој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20 милиони денари, ги информира своите членки Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Финансиската поддршка, како што посочува ССК, е за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 и чиј годишен приход во ...

Водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок и ако продолжи да расте можни се излевања по нејзиниот слив, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заради тоа, како што велат од ЦУК, од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Воедно од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да не престојувааат на отворен простор и под осамени дрвја при грмежи и молњи, односно при силни ...

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за ...

Нашата гордост и успешна приказна се развојот на малите семејни винарии. Предвидуваме 15.000 евра грант за уште поголем развој и афирмација на македонското вино. Уникатни мали семејни винарии имаме насекаде низ државата не само во Тиквешијата. Денеска ги посетивме малите семејни винарии Алорос, Петров и Илиеви во Свети Николе. Многу љубов знаење умешност и работа е вложено во секоја една од нив. Денеска имаме нови 146 мали семејни винарии кои ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
21%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
30%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
32%
1022
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
35%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.51
30%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
0.45
40%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
7.15
55%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
23%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
30%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.79
31%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
36%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60