
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Петте лица од светиниколското село Стројменци, кои се заробени во пожарот, со помош на хеликоптер веќе се извлекуваат, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев. – Огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Во атарот на село Орел сега нема опасност по куќите и мислам дека ќе го стават под контрола, потоа од Стројменци накај село Ранчанци, накај манастирот Света Недела. Ме радува што во моментов има авиони, кои ...
Дојран ситуацијата моментално … Заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека има неофицијални податоци дека пожарот зафатил некој објект и има повредени. Еден хеликоптер дејствува на пожарот во близина на Стар Дојран, кој избувна попладнево, а притоа беа зафатени и објекти. Пожарот се наоѓа на десната страна при влезот во Дојран, но ова подрачје е опасно за гасење поради неиспукани стари гранати од војните во ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа тематска прес-конференција, осврнувајќи се на дефинираните цели по кои ќе делува Министерството за европски прашања за време на неговиот мандат. Тој се осврна на неколку важни прашања, како што се искористувањето на средствата од ЕУ преку ИПА фондовите, „односно предизвиците со кои се соочуваме, ризиците на кои сме изложени и мерките што ги преземаме за да ја подобриме нашата ...
На 14 јули Владата ја усвои драфт верзијата со придружните елементи на Реформската агенда и истата е испратена до Европската комисија на внатрешна консултација. До 31 јули треба да добиеме повратни коментари за да може после Владата врз основа на тие коментари да ја усвои крајната верзија на Реформската агенда, изјави денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Тој додаде дека по усвојувањето, следува ...
Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема. Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, ...
Без решавање на спорот со Бугарија и уставните измени, нема да може да се одблокира пристапот кон ЕУ, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата. Запрашан дали се согласува со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за уставни измени со одложено дејство, Муртезани додава дека прашањето треба што поскоро да се реши. -Како што евроамбасадорот и останатите ...
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие. -Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, ...
Во светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Младев. Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес. На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици. ...
Пожари на отворено во непосредна близина на три села во кумановско се регистрирани попладнево. За жал, Македонија ја бележи и првата жртва. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов попладнево починато е повозрасно машко лице во кумановското село Кокошиње. Човекот најверојатно починал како последица од задушување. Неговата сопруга е евакуирана. Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и ...
Рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава во земјите од Европската Унија. Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови. Како што растеше цената, растеше и бројот на „прекугранични известувања на ЕУ“, кои вклучуваат ...
Изјава на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по средбата со претставниците на Стопанската комора на Северо- Западна Македонија: Благодарам претседателе, имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени. Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците. „Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот. Прво намалување премиерот ...
Прв работен ден и за новиот заменик директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Фадил Асани. Најави дека посветено ќе работи и придонесува за унапредување на агенцијата: “Од денес со задоволство ја прифаќам мојата нова позиција како заменик директор во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој на Република Северна Македонија. Решен сум посветено да работам и да придонесувам за унапредување на ...
Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа го поздрави „напредокот на македонската влада“ на патот кон Европската Унија. Според него, значителен напредок е постигнат не само во дискусиите за реформската агенда, туку и во самиот реформски процес, кој позитивно се развива дури и во краткиот период откако е формирана владата. Во однос на уставните амандмани, Гир истакна дека веќе има решение на маса. Тој потсети на ...
Првиот заменик председател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на 28 Јули, Светскиот ден на заштита на природата, со низа активности во парк-шумата Гази Баба, го најави официјалното започнување на кампањата: „Делувај сега, за природата!“. Министерот Меџити, заедно со група ентузијасти и поборници за здрава животна средина, со пример покажа како треба да се развиваат позитивните ...
Денеска во просториите на МЗШВ се одржа работна средба на одгледувачите на овци со министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Според изјавата на Насер Џемаили – потпретседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, на средбата фармерите го запознале министерот со моменталната состојба во овчарството, проблемите со кои се соочуваат, а разговарале и за очекувањата на фармерите околу мерките на Владата и соработката со ресорното ...
26.07.2024 година, Скопје – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија продолжува да ги подига своите капацитети, со цел на најефикасен начин да му служи на бизнис секторот, односно на компаниите членки. Во просториите на Комората се одржа обука за консултантски услуги во однос на опремата на компаниите од прехранбената индустрија со стандардот Халал, но не само, предводена од директорот на Агенцијата за Халал стандард, г. Дритон Дикена. ...
Во просториите на МЗШВ министерот за земјоделство Трипуновски се сретна со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци. „Започнуваме со исплата на заостанатите субвенции за 2023 година, субвенциите за предадено јагне во кланица, се обврзавме да се креира посебен јавен повик за закуп на државно земјиште наменето за сточарите. Овие состаноци ќе бидат пракса и се почести во иднина. Ја зголемуваме грижата за македонските сточари и нивната ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност. Ангелов упатува и апел до сточарите и земјоделците, од следната недела кога се очекува зголемување на температурите, да бидат внимателни со палењето на стрништа. – Во Македонски Брод на некои места се уште може да се забележи чадење, а некаде и жешки точки. ...
ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ЦРВЕНАТА ПИПЕРКА, ПРВАТА КЛАСА ЗА 40, А ПРВА/ВТОРА КЛАСА ЗА 30 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ – информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите ...
Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на ...
Ве информираме за цените на земјоделските производи кои се нудат на Кванташкиот пазар во Скопје на 26.07.2024 година. Лубеници – 12 ден/кг Дињи – 30 ден/кг Праски – 42 ден/кг Модри сливи – 30 ден/кг Грозје (црно) 40 ден/кг (бело) – 55 ден/кг Круши – 55 -65 ден/кг Кромид – 18 ден/кг Лук – 220 ден/кг Компир – 10 ден/кг Пипер (благ) 65 – 68 ден/кг Пипер (лут) 54 – 75 ден/кг Домати (црвен и розов) 35 ден/кг Модар патлиџан – 25 ден/кг Краставици ...
Мицкоски и Азески сакаат дијалог со Синдикатот за недела неработен ден. Компаниите кои ги исполнуваат условите ќе добијат пари од заемот а не оние кои имаат синдикална организација, дециден е премиерот. За стопанството ќе има и дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, се согласни дека дијалог со Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) треба ...
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Најважна тема која треба да се разговара во највисоките кругови, меѓу земјоделците, невладини организации и научната фела. Тоа што порано за земјоделците беше само модерен израз на нешто што е далеку од нив, последниве 2-3 години интензивно го разбраа неговото значење. Климатските промени им ги измрзнаа овошките, го исушија грозјето, го изгореа сончогледот, го намалија родот на пченицата и јачменот, а со тоа ја поскапеа и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Разговаравме за тековните проекти во земјоделството, шумарството и водостопанството, за заедничкиот напор за подобрување на целиот земјоделски сектор, за реализацијата на проектите како и за поддршката од ЕУ за современо и одржливо земјоделство. Дел од проектите имаа застој заради ...
Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски ...
Денес во Министерството за за животна средина и просторно планирање, беше извршено официјално примопредавање на должноста заменик министер за животна средина и просторно планирање. Ане Лашкоска ја презема оваа функција од досегашната заменик министерка Христина Оџаклиеска. Оџаклиеска и посака на Лашкоска добра и успешна работа на новата позиција и ја информираше за тековните и идни активности и приоритетните проекти на Министерството. Лашкоска ...
ARUM MACULATUM (Козлец) (Змиско грозје) Овие два дена ФБ е преплавен со чудотворниот лек за рак, произведен од коренот на ова растение. МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКТИ СЕ СЛЕДНИВЕ: ✓ Сите делови на ова растение, вклучувајќи го и коренот се ОТРОВНИ поради високото ниво на ОКСАЛАТИ. ✓ Отровот триглохинин е цијаниден гликозид кој го содржи ова растение. ✓ Најотровен дел на растението е плодот. ✓ При долготрајна термичка обработка, најголем дел од отровот се ...
Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната Влада, ќе биде готов до Нова година. Денес увид во градените работи направија новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски. „Овој пат е во должина од 25 километри, поделен на два лота. Едниот лот е од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри, а вториот е од Длабочица до Крива ...
Во рамки на проектот, „ЕУ за Преспа- обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“, финансиран од ЕУ, Delegation of the European Union, Skopje и делумно кофинансиран од УНДП, Програмата за развој на Обединетите Нации објавува повик до земјоделците од Преспа за учество во „Програма за одржливо земјоделство“. Програмата вклучува обуки за добри земјоделски пракси, финансиска поддршка со грантови кои ќе бидат во ...