Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
„СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот. СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Те не им чинело едно, те друго, те мислеле ќе злоупотребуваат податоците на граѓаните. Тука се поставува едно логично прашање, што правеа ...
„СДСМ е имунолошкиот одбранбен систем. Ние сме лекот, ние сме гласот што грми. Ќе чукнеме на секоја врата, ќе ја разбудиме Македонија“. Ова меѓу другото беше пораката што лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја испрати од 31. Конгрес на партијата што се одржува денеска. Тој порача дека партијата влегува во фаза на мобилизација, без простор за внатрешни поделби, со директна критика кон власта и повик за излез на терен. „Знам дека во минатото имаше ...
„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен ...
До Левица Аеродром пристигнаа поплаки од родители на ООУ „Ѓоргија Пулевски“ дека учениците од трето одделение почетокот на второто полугодие го започнале со следење на настава во ладна училница, премрзнати и со јакни, соопштија денеска од партијата. Од Левица велат „како што стои во поплаката, состојбата се влече уште од првото полугодие но надлежните, иако помина цел распуст, не ги поправиле расипаните радијатори. Дополнително на тоа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена да одговори на рекордниот студен бран и зимската бура што се предвидува да го погоди поголемиот дел од САД овој викенд. Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата администрација ги координира активностите со локалните власти во врска со предвидената бура. „Чувајте се и останете на ...
Лишен од слобода возач на патот Св. Николе – Пробиштип кој физички нападнал полициски службеник и возел под дејство на алкохол. Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2023) година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе – Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да ...
Висок ирански функционер предупреди дека секој напад врз неговата земја ќе се смета за „тотална војна“ додека американската ударна група на носачи на авиони се приближува кон регионот. Предупредувањето доаѓа откако Доналд Трамп во четвртокот изјави дека САД имаат „армада“ што се движи кон Иран, изразувајќи надеж дека нема да мора да ја користи, објави Скај њуз. 📌Location of USS Abraham Lincoln carrier strike group. A giant armada is ...
Вториот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако денес во Мелбурн, по четири сета, го победи 85-от светски тенисер, Американецот Елиот Спичири, во третото коло, со резултат 4:6, 6:3, 6:4, 6:4. Натпреварот траеше три часа и 42 минути. Синер осум пати го зеде сервисот на американскиот тенисер, додека Спичири освои шест брејка. Италијанскиот тенисер запиша 17 аса, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите ...
Австралиец (12) почина во болница откако беше нападнат од ајкула во пристаништето во Сиднеј, соопшти неговото семејство. Дванаесетгодишниот Нико Антиќ беше нападнат од ајкула во неделата кога скокна од карпа со пријателите во Воклиз, околу 9 километри од централниот дел округ на Сиднеј. Неговите пријатели го извлекоа од морето и го однесоа во болница со сериозни повреди на двете нозе. „Со скршено срце објавуваме дека нашиот син Нико ...
Двата најголеми украински градови беа под руски напади рано утринава при што се повредени две лица во Киев и 11 во Харков на североисток, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две повредени лица во главниот град се во сериозна состојба и се лекуваат во болница. Тој додаде дека имаше напади во два округа од двете страни на реката Днепар, која го сече главниот град. „Киев е под масовен непријателски ...
Голем пожар избувна рано утрово во индустриската зона во Нови Пазар, пожарот зафати магацин со ткаенини, а се шири кон градската топлана, објави денеска локалните медиуми. Како што е наведено, според последните информации од терен, пожарот започна во нов магацин, кој содржеше екстремно запаливи ткаенини за мебел, што предизвика пожарот брзо да се разгори. Како засилување пристигнаа две противпожарни екипи од Крагуевац, како и уште една ...
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му се определува мерка куќен притвор. Одлуката доаѓа по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Според информации, советот одлучуваше по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов за укинување на куќниот притвор. Судијата Ристов се најде во центарот на ...
Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони. Ова е само дека од гаранцијата која ја даде сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија – Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донесе Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјасни негативно по неговото барање. Судот донесе одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно тој да се јавува во судот. ...
Шпанското обвинителство денес го отфрли случајот за сексуален напад против шпанскиот пејач, Хулио Иглесијас, бидејќи обвинителството пресуди дека нема надлежност да истражува настани што наводно се случиле на Бахамите и во Доминиканската Република. Според обвинителството, шпанските судови немаат надлежност за ова прашање бидејќи жртвите не се Шпанци, не живеат во Шпанија, а настаните не се случиле во Шпанија. Шпанските судови би можеле да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Минималната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во Обединетите Арапски Емирати се одржа состанок на американската, украинската и руската делегација и дека е важно Русија да е подготвена да ја заврши војната што ја започна, исто како што Украина сака таа војна да заврши. „Украинските претставници ме контактираат речиси секој час – тие моментално се во Емиратите. Денес има украински, американски и руски делегации, а разговорот ...
Сопственикот на швајцарскиот бар што изгоре на Нова Година ќе биде ослободен од притвор по плаќањето на кауцијата, објави денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс. Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за сторени повеќе кривични дела, вклучително и убиство од небрежност. Морети беше приведен на 9 јануари поради ризик од бегство. Двајцата изразија ...
Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нуук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на таа територија, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на преговори. Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека постигнал „рамка за иден ...
Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат. Арсенал има предност од 7 бода пред Манчестер Сити, кој утре во 16 часот има „зицер“ против Вулверхемптон. Арсенал, за разлика од својот сегашен најголем ривал во Премиер лигата, има многу тешка задача против Манчестер Јунајтед, големото дерби се игра во недела во 17:30 часот, а Пеп Гвардиола мудро го префрли притисокот врз Микел Артета и Арсенал. Шпанскиот стратег вели дека Арсенал сега е ...
Лидерот на Демократската партија – Сали Бериша на денешната прес-конференција изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”. -Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се огласи на Фејсбук по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните. „Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што ...
Целиот износ на кауцијата што претходно ја одреди Врховниот антикорупциски суд на Украина (ВСК) на опозициската пратеничка и поранешна премиерка – Јулија Тимошенко е платен, објавија денеска од судот. Прес-службата на Судот, исто така, објави дека расправата за жалбата на Тимошенко против одлуката на првостепениот суд за нејзината превентивна мерка ќе започне во понеделник, 26 јануари, објави „Униан“. Тимошенко потврди дека нејзината ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. ...
Страшно злосторство го потресе Балканот. Марио (15) беше пронајден закопан на поле недалеку од српско-романската граница, во близина на Темишвар, а осомничени се момчиња на возраст од 13 и 15 години, кои несреќниот тинејџер ги познавал од претходно. Марио исчезна во понеделникот, 19 јануари, кога, како што беше утврдено, се упати кон куќата на еден од осомничените за убиството со скутер. 13-годишното момче наводно го намами Марио во својот ...
Хрватските ракометари го отворија второто коло од Европското првенство со победа од 30:29 против Исланд во првиот натпревар од Група II и со тоа направија голем чекор кон полуфиналето на турнирот. Пред почетокот на турнирот, Исланд беше прогласен за фаворит за пласман во полуфиналето на Евро заедно со Шведска од оваа новоформирана група. Хрватска се изедначи со Шведска, Словенија и Исланд со по два бода на своето конто, додека Унгарија и ...
Хорор филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер ја одбележа овогодинешната сезона на филмски награди со импресивни 16 номинации за Оскар, што го прави еден од најноминираните филмови во историјата на Академијата за филмски уметности и науки. Ова им се придружува на наслови како „Сè за Ева“ (1950), „Титаник“ (1997) и „Ла Ла Ленд“ (2016), кои го држеа рекордот со години со по 14 номинации. Меѓу наградите се оние во најважните категории – за ...
Хрватскиот возач на камион, Јосип К. (30), почина во средата попладне откако беше згмечен од товар пченка при истовар во Италија. Несреќата се случи во компанијата „Санта Рита“ во Ронкадел во близина на Довера, кај Кремона, објавува „Кориере дела Сера“. Несреќата се случи околу 15 часот додека Јосип, вработен во компанија која преработува и суши житарки, истовараше пченка покрај силосот. Се верува дека дошло до дефект на системот кога ...
Финската полиција откри случај што ја згрози јавноста во Европа. За време на претресот на семеен дом во Хелсинки, инспекторите пронајдоа 80-годишен маж за кој се сомнева дека со децении живее во нехумани услови, целосно изолиран и без основни услови за живот. Полицијата изјави дека мажот е пронајден во соба од 30 квадратни метри без прозорци и без пристап до основни хигиенски и услови за живот. Според првите информации, тој ја напушти ...