
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Хеликоптерите кои беа вклучени во гаснењето на пожарот меѓу селата Блаце и Чучер се принудени да се повлечат поради паѓањето на мракот. Од Центарот за управување со кризи информираат дека воздушната интервенција е прекината и дека гаснењето од воздух ќе продолжи утре рано наутро, штом се создадат услови. „Пред малку заврши воздушната интервенција, поради тоа што веќе се стемнува нема можност за гаснење од воздух. Со воздушна интервенција ќе се ...
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на грчкиот остров Крит. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 34,9098 и географска должина 26,6865. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 18 километри под површината на земјата. Засега нема ...
Жителите на скопската населба Автокоманда веќе 32 дена се соочуваат со сериозен проблем – немање вода за пиење и основни хигиенски потреби. Еден од нив, револтиран од ситуацијата, на социјалните мрежи сподели искуство со кое ја опиша секојдневната борба за преживување во услови на воден колапс. „Ден 32 без ВОДА! Автокоманда, 3-4 км до сам центар! Ви благодарам ЈП Водовод и канализација Скопје за водата сабајле во 2 часот, успеав да наполнам ...
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за нов пожар кој избувнал на потегот кон Мирковци. „Екипите заедно со месното население интензивно работат на теренот, особено на делот кај Кучевиште, со цел пожарот да се ограничи и да не се прошири кон Кучково и понатаму кон Ѓорче Петров. Условите се отежнати поради топлиот ветер и високите температури, но се преземаат максимални мерки за негово пресекување и стабилизирање на состојбата“, ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил ...
Половина Скопје попладнево е завиено во густ чад, откако пожарот што избувна вчера во близина на граничниот премин Блаце продолжува да се шири поттикнат од силниот ветер. Граѓаните од северниот и западниот дел на градот пријавуваат неподнослива миризба на горење и намалена видливост. Пожарот зафатил голема површина од ниска вегетација и делови од шума, а поради неповолните временски услови, се заканува да се прошири и кон населени места. ...
Денеска, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, сите со активен пламен. Во Прилеп, кај селото Бешиште гори приземен пожар во мешана шума, додека во Македонски Брод се борат со три различни пожари – во селото Црешнево каде се зафатени деградирана дабова шума и грмушки, во Самоков каде е опожарен магацин со гуми и палети во фабриката „Сувенир“, и во Слатино каде гори лисната постелка и ...
АМСМ информира дека граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за сообраќај. Прекинот важи за сите видови возила и патници, како за влез, така и за излез од Република Северна Македонија. Причините за затворањето не се наведени, а од надлежните институции се очекува дополнително известување за состојбата и времетраењето на прекинот. Граѓаните се советуваат да користат алтернативни гранични премини при патување кон или од Косово. ...
Косовецот на 36-годишна возраст и 33-годишниот двоен државјанин (Швајцарија и Северна Македонија), чии имиња не се објавени, се осомничени дека во изминатата деценија, главно во регионот на Женева, вршеле индоктринација, финансирање и регрутирање во швајцарското крило на „косовска терористичка организација“, соопштија од Канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија. Двајцата мажи беа уапсени во септември 2022 година во рамки на истрага за ...
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, денеска реагираше на наводите изнесени на прес-конференцијата на Владата, каде што беше посочено дека Кочани и Струмица не аплицирале по јавниот повик за ангажман на 400 лица во рамки на активната мерка „Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво“. – Формуларот е уредно испратен, Општина Кочани навреме аплицираше. ...
Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата. Амандамот ...
Од 16:00 часот денеска е воведен прекин на сообраќајот на дел од „Јадранска магистрала“, во правец од клучката кај Приштина кон бензинската пумпа „Дизел“, информираа надлежните служби. Причините за прекинот засега не се соопштени, но екипи се на терен и работат на нормализирање на состојбата. Се апелира до возачите да користат алтернативни правци и да внимаваат на поставената сигнализација. Повеќе информации ќе следуваат по официјално ...
Граѓаните на Македонија утре ќе се соочат со пеколно топол ден, но веќе од среда навечер следува драстична промена на времето, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Вторникот ќе биде сончев и исклучително жежок, со температури кои на места ќе достигнат до 41 степен Целзиусов. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југозападен правец, со налети и над 60 км/час, а во попладневните часови можни се изолирани врнежи и ...
Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека Кривичниот совет ја преиначил првичната одлука на судијата на претходна постапка и му одредил мерка притвор на обвинетиот Фатон Љ. (25), кој минатата недела со мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола ја предизвика трагичната сообраќајна несреќа во која загина Југослав. „Кривичниот совет при овој суд ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор на обвинетиот Ф.Љ. Обвинетиот ...
Отворена е истрага за утврдување на околностите за смртта на поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит, кој беше пронајден мртов утрово, изјави претставничката на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко. „Денес, телото на поранешниот министер за транспорт на Руската Федерација, Роман Владимирович Старовоит, беше пронајдено во градскиот округ Одинцово со прострелна рана во неговиот личен автомобил“, според Телеграм каналот ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, соопшти дека за проектот за изградба на брзата пруга на делницата од Коридорот 10 пристигнале понуди од реномирани светски финансиски институции, кои досега немале присуство во овој дел од Европа. Според Мицкоски, понудите се охрабрувачки и претставуваат позитивен сигнал за довербата кон државата и проектот. „Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со ...
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици. – Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за ...
На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за ...
Инцидент се случи попладнево на една од најфреквентните скопски крстосници, во близина на трговскиот центар Мавровка. Од видеото што го обезбеди нашата редакција, јасно се гледа дека автобусот со задниот лев дел (веројатно при вртење на лева страна) ја закачил основата на семафорот, а на тротоарот е видливо и оштетување на цементната подлога, што укажува на удар. View this post on Instagram A post shared by 4NEWS.mk (@4news.mk) Зад автобусот има ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која бензините поевтинуваат, додека дизелот бележи мало поскапување. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 74,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така по евтинува за 1,50 денари, и ќе изнесува 76,00 денари за литар. Од друга страна пак, се покачува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголемува за 0,50 денари, ...
Видео кое ја открива драматичната слика на пожарот што беснее во околината на Блаце, помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево. Снимката, направена од височина, го прикажува разгранетиот фронт на огнот, кој се движи низ густата ниска вегетација и мешана шума, во стрмен и тешко пристапен ридско-планински терен. Според информациите од терен, еден крак од пожарот е веќе изгаснат, но друг и понатаму останува активен и се шири. Интервенцијата на терен е ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ одлучи да ги суспендира летовите од Сараево и Белград до Абу Даби. Последниот лет од Белград до Абу Даби е закажан за 19 јули, а од Сараево за 31 август. Покрај главните градови на Босна и Херцеговина и Србија, „Виз Ер“ ги откажа летовите до Абу Даби и од Софија, Тирана, Варна, Катовице, Будимпешта, Виена, Астана, Кутаиси и Самарканд, објави „СИЕБиз“. „Виз Ер“ е единствениот превозник што работи помеѓу ...
По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во ...
Зад слатките и навидум безопасни играчки што децата ги обожаваат, често стојат сериозни маркетиншки стратегии и бизниси вредни милијарди евра. Еден таков пример се куклите Лабубу – глобален феномен што ги плени децата, но и возрасните. Нивниот успех лежи не само во нивниот симпатичен дизајн, туку и во внимателно дизајнираниот систем за продажба преку концептот „слепа кутија“, кој го претвора купувањето во игра на среќа и предизвикува силна ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја информира јавноста дека, и покрај секојдневните апели и преземени мерки, во главниот град и понатаму се бележи енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците, просечната дневна потрошувачка надминува 350.000 кубни метри, што доведува до сериозно оптоварување на водоснабдителниот систем и резултира со прекини на водоснабдувањето, особено во ...
Хрватскиот институт за океанографија и рибарство во Сплит изјави дека инвазивен вид алги се шири низ Јадранското Море, што би можело да доведе до колапс на подводниот биодиверзитет. Се вели дека станува збор за екстремно инвазивна алга Stypopodium s c himperii која, велат тие, се шири низ хрватското морско дно. Станува збор за кафеава алга која потекнува од Индискиот Океан, а веројатно се населила во Медитеранот минувајќи низ Суецкиот канал. ...
На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје. Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со ...
Итната медицинска помош вчера го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат. „Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, вели Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот за внатрешни ...
Во напорите за справување со пожарот што беснее помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево, денеска во акцијата за гаснење се вклучи и авион Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ова е прв лет на Ер тракторот оваа година, а на терен е и полициски хеликоптер Agusta-Bell AB-212AM. Пожарот, кој зафати мешана шума и ниска вегетација, се шири на непристапен ридско-планински терен, што значително ја отежнува интервенцијата од земја. Дел од ...