
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Македонија би можела да плати 45 милиони евра отштета поради раскинати договори за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Штип. Фирмите кои беа ангажирани за реализација на проектите поведоа арбитражни постапки пред судот во Париз, открива Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот извештај за работата на Министерството за здравство за 2023 година. Од вкупниот заем од 97 милиони евра од Банката за ...
Владата на денешната седница донела одлука за прогласување на кризна состојба во Македонија поради зголемена појава на пожари. Истата е во траење од 30 дена. Портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека одлуката е донесена врз основа на денешните седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина. „Ова на ...
Ненадејна и силна бура го погоди Славонски Брод, падна силен град, а многу патишта беа под вода. Бурата зафати и многу места низ Славонија. Исклучително силен ветер носеше сè на својот пат во вторник попладне во Славонски Брод, ни кажаа нашите читатели откако страшна бура ја погоди Славонија, која донесе и силен град. „Од никаде се појави исклучително силен ветер, а потоа дожд, придружен со дожд и град во огромни количини. Траеше околу 15 ...
Силна бура ја погоди Србија попладне. Голема материјална штета беше предизвикана низ целата земја. Бурниот ветер носеше сè на својот пат, а страшната бура го погоди и Шимановци, каде што престојуваат учесниците на „Елита“. Од камерата која цело време го снима текот на реалното шоу, можеше да се види дека водата во езерото е разбранувана, а ветерот успеал да однесе одредени предмети, па учесниците ги гледаа настаните со чудење, криејќи се на ...
Жителите на прилепското село Горно Оризари најавија мирен протест и блокада на регионалниот пат кон Прилеп, утре (среда), во периодот од 08:00 до 10:00 часот. Блокадата е најавена како израз на незадоволство поради, како што велат, долгогодишните проблеми со кои се соочуваат, а кои остануваат нерешени. Според организаторите, протестот е уредно пријавен до надлежните институции, и ќе се одвива мирно и достоинствено, со цел да се привлече ...
Познатата актерка и телевизиска водителка Весна Петрушевска во најновата епизода на подкастот со Боки 13 отвори досега непознато поглавје од својот приватен живот – нејзината младешка љубовна врска со поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. „Ме гледаше на една претстава и ми пријде. Со еден збор – шмекер!“, раскажа Петрушевска, откривајќи дека врската траела речиси една година. Таа ја опиша нивната романса како ...
Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и клубот. „Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и ...
Целосниот сообраќај на аеродромот Бергамо во близина на Милано беше запрен речиси два часа денес откако еден маж почина кога беше вовлечен во моторот на авион што се подготвуваше за полетување, објави италијанската национална новинска агенција ANSA. Полицијата и пожарникарите веднаш реагираа на местото на настанот на аеродромот, кој се наоѓа на околу 60 километри источно од Милано, и започната е истрага за да се утврдат точните околности на ...
Четириесет и осумгодишен пожарникар од скопското село Средно Коњаре паднал од четирицикл и се повредил додека гаснел пожар на местото викано „Жејковац“ во атар на село Бразда. Инцидентот бил пријавен вчера во 10.10 часот во СВР Скопје, а повредениот Б.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл. „Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел ...
Вчера попладне на еден од булеварите во скопската населба Аеродром се случила жестока тепачка меѓу група лица, објави „Слободен печат“. На видео-снимка која кружи на социјалните мрежи, се гледа како неколку лица се пресметуваат физички среде улица, пред очите на случајни минувачи и возачи. Причините за инцидентот засега не се познати, а официјална потврда од МВР сè уште нема. Се очекува надлежните органи да го идентификуваат инволвираните и да ...
Попладнево избувна пожар во парк-шума Гази Баба во Скопје. На терен интервенираат екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје кои се обидуваат да го локализираат огнот и да спречат негово ширење кон поголеми зелени површини и населени места. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Од надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во вакви екстремно топли ...
Младиот волонтер Иван Кукуновски, кој вчера се задуши од чад за време на гаснењето на големиот пожар во општина Чучер-Сандево, е во стабилна здравствена состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Информацијата ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски, кој изрази благодарност до сите што се грижат за неговиот син, пишува 24ифно. Иван учествувал во напорите за гаснење на пожарот кој беснее веќе неколку дена во ...
Градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Саша Коменовиќ, на својот фејсбук профил објави дека едно лице побарало лекарска помош како последица од вдишување чад за време на гаснењето на пожарот кој денеска трет ден е активен на подрачје на општината, како и дека седум викенд куќи биле опожарени на местото Голиево. -Од пожаров кој трае веќе трет ден на подрачје на општина Чучер Сандево имаме едно лице кое побарало лекарска помош како последица од ...
Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и клубот. „Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден ...
На 07.07.2025 во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на родителот. А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и ...
Силно невреме го зафати поголемиот дел од Србија. Белград беше погоден од градот и силен ветер, во Нови Сад улиците беа поплавени поради невремето. Денес во Србија се очекуваат влажен и нестабилен ветер, објави утрово Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ). View this post on Instagram A post shared by Razglas news (@razglas_news) Лимена плоча падна од зграда во близина на Славија, поради што е повредено девојче, според Инстаграм профилот ...
Со 531 глас „за“, 69 „против“ и 79 „воздржани“, Европскиот парламент денеска во Стразбур го одобри извештајот за приклучување на Бугарија кон Еврозоната од 1 јануари 2026 година. Извештајот е изготвен од бугарската европратеничка Ева Мајдел. Пред гласањето, европратеничката Рада Лајкова, членка на екстремно десничарската група „Европа на суверени нации“, побара повлекување на извештајот поради наводен судир на интереси. Нејзиниот предлог беше ...
Италија започнува да си ја истражува земјата за минерални суровини. Ваквиот потег за геолошки истражувања следува откако Европската Унија минатата година создаде листа на критични минерални суровини кои се неопходни да се спроведе зелената транзиција за животната средина. Со цел да се произведат електрични возила, ветерници, соларни панели и други извори на енергија, Унијата започна засилено на свое тло да трага по литиум, никел, бакар, кобалт и ...
На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон ...
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за состојбата со пожари до 12:30 часот. Оттаму велат вкупно пожари на отворен простор има 10. Активни: 9 Локализиран: 1 Под контрола: / АКТИВНИ (9): 1. Опш. Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума) 2. Опш. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки) 3. Опш. Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал) 4. Опш. Велес – поранешна фабрика Порцеланка ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од пожарите во Калифорнија, тврдејќи дека тоа е фотографија од актуелните пожари на Скопска Црна Гора. Фотографијата е од пред 12 години каде властите во Калифорнија тогаш наредија евакуација на населбата Дос Виентос во Њубери Парк. Тој во својата објава вели дека општинскиот кризен штаб ја следел состојбата со пожарите на Скопска Црна Гора. „До доцна во ноќта ...
Министерството за внатрешни работи на Србија апелира до граѓаните за крајна одговорност при употреба на отворен пламен, откако во последните 24 часа биле регистрирани 165 пожари на отворено. Од почетокот на јуни досега, избувнале 4.137 пожари, со една жртва и 14 повредени. Пожарникарите спасиле две лица, а поради сериозноста на ситуацијата, инспекцискиот надзор ќе биде засилен, а неодговорното однесување ќе се санкционира. Градоначалникот на ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северозападните региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...
На 07.07.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за БСП на патиштата низ земјава, од вкупно 902 издадени платни налози дури 148 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 21 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на мотоцикли се ...
Аларм поради сомнителна пратка откриена во парламентот на Грција – примач е премиерот на земјата Киријакос Мицотакис, а испраќачот е од Русија. Пратката била пронајдена во дворот на парламентот за време на редовна проверка на пошта. Според информациите објавени во грчките медиуми, пратката била адресирана до Мицотакис, во неа имало плик со бел прав. Како испраќач е наведен руски државјанин. Сомнителната пратка била забележана од страна на ...
На 07.07.2025 во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години. Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид беше домаќин на својот албански колега, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Во фокус на средбата беше унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес, со акцент на прашања од економската сфера – трговската размена, инвестициските можности и инфраструктурните ...
Утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изјави дека пожарникарите пронашле палети, кои биле запалени и фрлени во смреки, и дека тоа е доказ дека некој сака да го реактивира пожарот. „Во врска со пожарот покрај патот кој води кон ГП Блаце, пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно полиени со бензин, и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под ...