Соопштение на СДСМ предизвика нова политичка полемика откако партијата обвини дека сопругата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се појавила на партиски настан со луксузна брендирана чанта „Хермес“, чија вредност, според нив, се движи од 28.000 до 33.000 долари. Од партијата наведоа дека станува збор за модел „Hermes mini Kelly 2 (20 cm)“, еден од најексклузивните модни додатоци во светот, посочувајќи дека додека граѓаните се соочуваат ...

Младите од село Блатец, вклучени во иницијативата „За чисто Блатец“, денеска излегоа на протест против изградбата на хидроцентралата во нивната општина. Акцијата започна во 15 часот и се очекува да трае до 17 часот. Присутните извикуваа „УА ПРОФИТЕРИ“, изразувајќи незадоволство од досегашните активности поврзани со проектот. Покрај редовните блокади и протестите, граѓаните подготвија и петиција во која ги изнесуваат своите барања. Тие ...

Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството и им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на двајцата осомничени во предметот поврзан со марихуаната во Србија, кои претходно имаа определено краткотраен притвор од 48 часа. Од Судот информираат дека притворот е продолжен по истите основи, согласно поднесениот предлог од надлежното обвинителство. Воедно, од Судот посочуваат дека во овој момент нема доставено предлог за определување ...

На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа штпо на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира. Додека со него се водел службен разговор во Полициската станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот ...

46-годишен маж од гостиварско село, кој работи во Швајцарија, пријавил во полиција дека неговите лични податоци биле злоупотребени, откако дознал дека против него се води извршна постапка за долг од над 82.000 евра, иако никогаш не подигнал кредит. Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот во ОВР Гостивар. Според пријавата, тој при разговор со извршител бил известен дека се води ...

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на ...

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Австрија во петокот, 20 февруари 2026 година, предизвикаа сериозни нарушувања во воздушниот и патниот сообраќај, особено во главниот град Виена. Најпогоден беше Vienna International Airport, каде што летачките операции беа привремено стопирани уште од раните утрински часови. Операторот соопшти дека прекинот е продолжен до 11:00 часот по Гринич (12:00 по локално време), со план по пладне постепено да ...

На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана ...

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен ...

Министерството за здравство ја отвори јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, со цел подобрување на условите за работа и управување во здравствениот систем. Предлог-измениот закон е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), а сите засегнати страни можат да достават забелешки и сугестии кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура. Министерот за здравство, Азир ...

Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во странство се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста и законитоста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според овие измени, пензионерите надвор од државата нема да ги добијат најавените покачувања од по 1.000 денари за март 2026 година. До Судот веќе се поднесени три иницијативи со кои се оспоруваат измените, наведувајќи ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот ...

ССМ објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67.382 денари. Ова претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари 2026 година, кога синдикалната минимална кошница изнесуваше 66.413 денари. Доколку се земе предвид изнајмен стан од 60 квадратни метри, трошокот за месец февруари изнесува 82.757 денари. Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека оваа информација ја ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. T=10°C. P=978hPa. U=75%. V=2m/s. За време на викендот ќе дува засилен ветер ...

Советникот Миле Трајковски од независната група „Поинаку“ во Советот на Општина Битола остро реагираше поради состојбата со основното образование во градот. Според него, јавните средства се користат за „дупки во јавните претпријатија“, додека децата посетуваат училишта со нарушени услови за безбедност. „Два дена зборувам на оваа тема и нема никаков одговор од надлежните“, напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук, додавајќи фотографии од ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе региони во земјава е забележано зголемување на водостоите на реките. Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби интервенираат согласно потребите на терен. Кумановски регион Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Кратово, поради повремени ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во текот на изминатата ноќ во целата земја имаше повремени врнежи од дожд, со послаб интензитет и со прекини. И денеска се очекуваат слаби врнежи, кои поради заситеноста на почвата со влага, ќе предизвикаат локални зголемувања на водостоите на реките и појава на заезерувања на водата. Според УХМР, особено внимание се советува во горниот дел од сливот на реката Вардар, каде водостојот ...

Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Ч удно е ...

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Канал 5 откри детали за можниот пристап на Македонија кон Европската унија, кој би можел да се реализира на почетокот на 2027 година. Според него, сценариото предвидува земјата да учествува во работата на Советот, комисиите и другите тела на ЕУ, но без право на глас. Мицкоски појасни дека ваквиот модел постепено би го интегрирал македонскиот систем кон стандардите на Унијата преку процес ...

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се ...

Обвинителката Ленче Ристоска упати реакција на вчерашното интервју на Претседателот на Владата, нагласувајќи дека изборот на кадри со големо значење мора да се темели на професионалност и квалитет, а не на политичка или лична подобност. „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека фокусот на истрагата не е на излезот од Македонија, туку на тоа како дрогата влегла на територијата на соседната држава. „Согласно договорот ‘One Stop Shop’ со Србија, секоја страна ја контролира својата надлежност: Македонските полициски службеници го штитат влезот во Македонија, додека ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предупреди дека возачите повеќе нема да можат да се правдаат дека влегле на зелено светло ако со тоа ја блокираат раскрсницата. Според новите правила, секој возач мора сам да процени дали има доволно простор за да ја помине крстосницата без да го отежни или запре сообраќајот. „Ако возачот влезе во крстосница на зелено, но остане заглавен поради метеж, тоа ќе се смета за прекршок – не како ...

Американскиот актер Ерик Дејн, најпознат по улогата на д-р Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“, почина на 53-годишна возраст, помалку од една година по дијагнозата на амиотрофична латерална склероза (АЛС). „Со тешко срце споделуваме дека Ерик Дејн почина по храбрата битка со АЛС“, соопшти семејството на актерот. Дејн го остави својот белег и во други популарни серии, како „Еуфорија“, но најмногу ќе остане запаметен по улогата на д-р ...

Во три северни жупании на Хрватска – Крапинско-загорска, Меџимурска и Вараждинска, денеска до 8 часот утрово падна снег во висина од 3 до 10 сантиметри. Екипите на зимската служба се активни на терен, а поголеми проблеми во сообраќајот засега нема. Во Крапинско-загорската жупанија, снегот се задржа во долините во висина од 3 до 5 сантиметри, а на повисоките ридови од 5 до 10 сантиметри. На терен се 22 екипи на зимската служба, изјави Гордан ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со објава по повод 100 дена од преземањето на функцијата направи пресек на сработеното, истакнувајќи дека градот бил преземен во исклучително тешка финансиска состојба, но дека во изминатиот период биле преземени конкретни чекори за стабилизација. Според него, на почетокот од мандатот бил наследен долг од речиси 300 милиони евра, блокирани сметки и јавни претпријатија со неисплатени плати. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку јавна објава најави дека ќе иницира процес за идентификување и објавување на владини досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани воздушни феномени. Во пораката, Трамп посочи дека одлуката доаѓа „врз основа на огромниот интерес што е покажан“ во јавноста. Тој најави дека ќе му наложи на секретарот за војна, како и на други релевантни министерства и агенции, да започнат постапка за собирање и ...

Од 06:50 часот утрово воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила (ТТВ) на патните правци Маврово–Дебар и Гостивар–Стража–Кичево, поради обилни врнежи од снег. Надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат забраната и да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот. Екипите на терен работат на расчистување на коловозите и обезбедување на проодноста. Се препорачува внимателно управување со возилата и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
60%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
57%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.46
88%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
56%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
74%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
41%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Злато

144593.23