Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и за последната одлука на Движењето Беса, кое го разреши целото раководство, во функција на спојувањето на ВЛЕН. Ќоку изјави дека Беса е ВЛЕН и ВЛЕН е Беса. „Движењето Беса може да ја напушти Владата само кога ВЛЕН ќе ја напушти Владата. Не само ако излезе Беса, излегува и ВЛЕН, туку секоја одлука на Беса е одлука на ВЛЕН. ...

Полицијата во Ново Мексико истражува наводи дека покојниот педофил Џефри Епштајн ги задушувал девојките за време на секс на неговиот ранч Зоро и дека нивните тела биле скриени на имотот. Претставничкиот дом на Ново Мексико во понеделник едногласно гласаше за формирање „комисија за вистина“ за да ги истражи наводите за трговија со луѓе и злоупотреба на изолираниот имот. Основана е „комисија за вистина“ Комисијата има за цел да ги идентификува ...

Случајот кој бугарските медиуми го опишуваат како „незапаметен во поновата историја“ остава повеќе прашања отколку одговори. Се започна на 2 февруари со откривањето на три машки трупови покрај делумно изгорена планинарска колиба во близина на превојот Петрохан, до српската граница. Шест дена подоцна, уште три тела беа пронајдени во камперско возило на ридот Околчица, оддалечено 80 километри од првото место на злосторството. Кој беше Ивајло ...

Силни снежни врнежи и дожд ја погодија Романија во среда, оставајќи околу 200.000 домаќинства без струја. Бурата предизвика и големи проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта, а десетици возови доцнеа, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесува Ројтерс. Во главниот град Букурешт, под слој снег од 40 сантиметри, јавниот превоз функционираше лошо. Паднати дрвја го попречија патниот и железничкиот сообраќај, а ...

Чарлс Бронсон, човекот кој помина половина век зад решетки и стана симбол за најпроблематичен затвореник во Велика Британија, денеска повторно излегува пред Одборот за условно ослободување. На свои 73 години, Бронсон (сега познат како Чарлс Салвадор) бара шанса за слобода или барем префрлање во затвор од отворен тип. Пркос и одбивање соработка Пред само еден месец, Бронсон го отпушти својот правен тим и одби да учествува во процесот, ...

Четворица припадници на Јеховините сведоци во Русија минатата недела беа осудени на долгогодишни затворски казни под обвинение за „екстремистичка дејност“. Пресудите се темелат на тајни видеоснимки направени од агенти кои биле инфилтрирани во нивните молитвени состаноци, соопшти портпаролот на оваа верска заедница. Со овие пресуди, бројот на затворени Јеховини сведоци во Русија се искачи на околу 220 лица. Прогонот започна во 2017 година кога ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината. Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски. “Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и ...

Силниот ветер кој ја зафати општината во текот на изминатата ноќ и денешниот ден предизвика паднати дрвја и навалени електрични столбови на повеќе локации. Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ се веднаш мобилизирани и работат на расчистување на теренот. Интервенциите се фокусирани на отстранување на паднатите дрвја од јавните површини и обезбедување на критичните точки каде постои опасност по граѓаните. Истовремено, претпријатието е во постојана ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од собраниската говорница порача дека нема да го повлече предлог-законот за високо образование, нагласувајќи дека решението е донесено во интерес на студентите и наставно-научниот кадар. Одговарајќи на прашање од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерката истакна дека за законот сè уште се водат јавни расправи на универзитетите и дека сите засегнати страни можат да ...

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава вештачки кризи и може да биде злоупотребен како оправдување за масовна еутаназија на бездомните животни. „Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек“, велат од здружението. Тие потсетуваат дека ова ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, денеска одржа клучна средба со претставниците на двата најголеми синдикати во здравствениот сектор. Фокусот на разговорите беше ставен на изнаоѓање одржливи модели за најавеното зголемување на платите во јавното здравство. На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски (Самостоен синдикат за здравство), како и Предраг Серафимовски и Перо Спиров (Самостоен синдикат ...

Данскиот крал Фредерик X денеска започна тридневна посета на Нук, главниот град на Гренланд, во знак на поддршка на територијата за која интерес изрази американскиот претседател Доналд Трамп. Кралот им мавташе на неколкумина Гренланѓани собрани на аеродромот, а го пречека премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, според новинар на АФП кој бил на местото на настанот. „Дојдовме да го видиме кралот“, изјавил 44-годишен маж, додека неговите ...

Дванаесет лица загинаа денеска во експлозија и пожар што следуваше во продавница за пиротехнички средства во кинеската провинција Хубеи. Според извештај на државната телевизија CCTV, огнот зафатил површина од 50 квадратни метри, пренесува Reuters. Несреќата се случила во продавница во градот Сијангјанг, а причината за експлозијата сè уште се истражува. Експлозиите поврзани со пиротехника се чести во Кина, каде петардите масовно се користат за ...

Собранието денеска избра нов судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, откако со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани пратениците ја поддржаа кандидатурата на Гоце Наумовски. По гласањето, Наумовски даде свечена изјава пред пратениците, обврзувајќи се дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и дека ќе ги почитува Уставот и законите. Изборот следува по оставката на уставната судијка Јадранка ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол. По еден возач во прилепско – малолетник и тројца возачи од тетовско управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Скопје управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен ...

Територијалната противпожарна единица од Струмица уште од рано изутрина беше мобилизирана на повеќе локации. Најсериозниот пожар бил регистриран во излетничката населба Суви Лаки, каде во 6:55 часот избувнал оган во викенд-куќа. Пламените јазици за кратко време го зафатиле објектот. Во гаснењето интервенирале четворица пожарникари од Струмица со едно противпожарно возило, а како поддршка се приклучила и екипа од ТППЕ од Берово со уште ...

По соопштението на Обвинителството, од Основен кривичен суд Скопје потврдија дека на две лица им е определен краткотраен притвор во траење од 48 часа во врска со случајот поврзан со заплената на марихуана во Србија. Станува збор за лицата со иницијали А.И. и Д.С., за кои се води постапка за кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Судот го прифатил предлогот на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и ...

По предлог на обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е одреден краткотраен притвор во траење од 48 часа, откако претходно биле сослушани во својство на осомничени. Мерката ја определил судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје. Од Обвинителството информираат дека по спроведените дејствија и анализата на прибраните докази, постојат основи на сомнение оти ...

Утрешното рочиште за предметот „Пулс“ е одложено. Според информациите, одложувањето е поради отсуство на обвинетиот Г.М., кој се наоѓа на болничко лекување. „Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со К.бр.1872/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 19.02.2026 година се одлага заради влошена здравствена состојба на ...

На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле ...

Собраниската седница денеска помина во знакот на кадровски промени, откако пратениците ги констатираа оставките на двајца функционери од независните институции. Во македонското Собрание беа формално потврдени оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, како и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета ...

Предложените измени во Законот за заштита од пушење наметнуваат сериозни дилеми околу иднината на алтернативните никотински производи. Првичните одредби предвидуваа брзи и драстични промени за трговците, а и покрај најавата за нивно преиспитување, прашањето за нелегалниот пазар останува отворено. Примерите од Естонија, Словенија, Бугарија и Австралија покажуваат дека строгите забрани за ароматизирани производи често доведуваат до ширење на ...

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување ...

Утре (19.02.2026 година) во 10 часот, во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, ...

Од СДСМ велат дека денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се нашол на дневен ред на Собранието. „Овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата. Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата се откажува од планираната набавка на нов воздухоплов, по низата критики во јавноста и обвинувањата од опозицијата. Прашањето за обновување на владиниот авион тој го оцени како „беспредметно“ и го остави во аманет на некоја идна влада. „Ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде, и доколку починеме, тогаш претпоставувам на сите ќе им стане ...

Премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата за формализација на неформалната економија порача дека приоритет на Владата остануваат стабилните јавни финансии и заштитата на животниот стандард. Тој истакна дека борбата против сивата економија не е еднократна кампања, туку системски процес за воспоставување ред на пазарот и спречување на нелојалната конкуренција. Според Мицкоски, секој денар изгубен во неформалниот сектор е изгубена можност ...

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење. Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош, во координација со надлежните ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
64%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.35
88%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
47%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
50%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Калај

43.91

Родиум

358480.82