
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека Москва ја поддржува иницијативата на Бразил за формирање гарантен фонд во рамките на групата БРИКС за зголемување на инвестициите и намалување на финансиските трошоци. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека Москва ја поддржува идејата за формирање гарантен фонд во рамките на групата БРИКС, кој би имал за цел зголемување на инвестициите во земјите-членки. Силуанов ја потврди ...
Преговарачите на ЕУ досега не успеаја да постигнат напредок во трговските разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и би можеле да побараат продолжување на статус кво за да избегнат зголемување на царините, изјавија во петокот европски дипломати запознаени со разговорите. ЕУ веќе се откажа од надежта дека ќе постигне сеопфатен трговски договор до крајниот рок на Трамп на 9 јули, но по разговорите во Вашингтон не е ...
Министерството за внатрешни работи овозможено онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта ТУКА Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост поради најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можноста од воведување данок за немажени и неженети лица. Ваквата најава претставува недозволив и опасен преседан кој директно ги повредува темелите на уставниот поредок, човековите слободи и начелата на еднаквост. Во Македонија, Уставот во член 9 гарантира дека сите граѓани и граѓанки се еднакви пред Уставот и законите, без ...
Менаџментот на енергетската компанија им пишал на вработените дека нејзините перспективи за профит се влошиле и дека планира да намали стотици работни места. Енергетската компанија Унипер планира да намали стотици работни места, објавија германските медиуми, како што објави списанието Феникс. „Како итна мерка, планираме да го намалиме нашиот тековен план за вработување за вкупно 400 позиции со полно работно време со цел да постигнеме соодветни ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, но и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 јули управувал мотоцикл „Кавасаки“ без ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за оружјето за воздушна одбрана и ескалацијата на руските напади врз Украина во петокот, објави Аксиос. Тие разговараа еден ден откако Трамп го нарече рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече разочарувачки. Русија го бомбардираше Киев со беспилотни летала во она што Зеленски го нарече „еден од најголемите воздушни напади врз земјата“, само ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Јули 2025 година. Со ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...
Централниот дел на Тексас утрово се соочува со драматични последици од обилни дождови што за само неколку часа ја преплавија земјата, предизвикувајќи нагло зголемување на нивото на реките и катастрофални поплави. Спасувачките и евакуациските операции се во тек, додека властите апелираат до граѓаните да не излегуваат од своите домови. Националната метеоролошка служба во Сан Анџело предупреди дека „условите се опасни по живот“ и дека поплавите ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи ...
Вчера околу 11:40 часот во областа Максимир, во изнајмена зграда со базен, се удавило дете, соопшти загрепската полиција. Укажана му била лекарска помош на местото на настанот и во Клиничкиот болнички центар во Загреб, каде што починал. Полицијата издаде упатства до граѓаните „За да се избегнат трагични настани и да се зголеми безбедноста на пливачите, ги потсетуваме граѓаните да користат организирани места за пливање кои се под надзор на ...
Во среда на 9 јуни, Советите кои постапуваат по жалбите на трите судијки од Апелација, ќе одржат седница, велат од кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Одлуката за формирање на советите Врховниот суд ја донесе на 12 јуни годинава, што значи дека финалната одлука ќе биде донесена најдоцна на почетокот на август. Жалбите на трите судијки од Апелација се однесуваат на одлуката на Републичкиот судски совет за ...
Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени, велат од СДСМ во соопштение. „Оваа длабока конзервативна и погрешна идеја директно гази на правата, слободниот избор на граѓаните и ја ништи нивната волја. Ваквите недемократски мерки немаат место ни во земјите од третиот свет, а не пак во демократски држави за кои се смета Македонија. Од друга страна, Мицкоски ...
Македонија денес се соочува со екстремен топлотен бран, но овој жешки период наскоро ќе заврши со значителна временска промена. Според прогнозите, воздушен фронт ќе донесе нагло освежување, нестабилни временски услови и локални невремиња. По серија жешки денови со температури до +39 °C, се очекува продор на свеж воздух од север, што ќе доведе до нагло паѓање на температурата за 10–15 °C во текот на среда и четврток. Оваа промена ќе ја симне ...
Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие податоци дискутиравме веднаш по преземањето на мандатот и заедно со премиерот и министерката за финансии, одлучивме да обезбедиме најголем буџет за образование досега, за негов развој и со тоа, да го елиминираме од групата на фактори кои го поттикнуваат ...
Потпретседателот на „Транснефт“, руската државна компанија за транспорт на нафта, почина откако наводно паднал од прозорецот на својот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија денес државните медиуми. „Транснефт“ потврди дека Андреј Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите на неговата смрт. Компанијата соопшти дека неговата работа била обележана со „тежок и стресен период“ поради западните ...
За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Претседателот на Владата Христијан Мицковски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода, велат од Мрежа за заштита од дискриминација. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише таканаречениот „голем прекрасен закон“ за буџетот денес за време на церемонијата по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави во Белата куќа. Се очекува некои републикански членови на Конгресот кои гласаа за законот да присуствуваат на церемонијата на потпишување, иако не сите републикански пратеници се согласија со законот, објавува Си-Би-Ес. Републиканците во ...
Големи делови од северна и источна Чешка, вклучувајќи ја и Прага, денес се соочуваат со прекин на електричната енергија, наводно поради дефект на голема трафостаница на источната периферија на главниот град на земјата. „Струјата снема на целиот источен брег на реката Влтава, но метрото и неколку трамвајски линии наскоро беа рестартирани“, изјави заменик-градоначалникот на Прага, Здењек Хжиб. Аеродромот „Вацлав Хавел“ функционира нормално, а во ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 3 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го ...
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денес изјави дека Русија и Саудиска Арабија се надеваат дека примирјето меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочно. „Го поздравивме примирјето меѓу Иран и Израел, но во исто време изразивме надеж дека тоа ќе биде одржливо и ќе го отвори патот за продолжување на преговорите. Исто така, сме обединети во мислењето дека е потребно да се осудат сите дејствија што би можеле да доведат до продолжување на ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар. Постои основано сомневање дека полицискиот службеник сторил кривично дело Проневера во службата. Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични ...
По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храна на Република Косово за прв случај на болеста Чума кај малите преживари во оваа земја, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали ...
Пожарникарите во Турција сè уште се борат да ги локализираат пожарите што беснеат на западот од земјата. Пожарите што избувнаа на најмалку пет локации во турската покраина Измир на брегот на Егејското Море, поттикнати од високи температури, силни ветрови и ниска влажност, одзедоа два живота, предизвикаа евакуација на десетици илјади луѓе и оштетија околу 200 куќи, пренесува АП. Министерот за шумарство, Ибрахим Џумакли, денес изјави дека ...
Од 11-ти до 13-ти јули живописниот Галичник повторно ќе заживее со звукот на зурлите, тапаните и традицијата – ќе се одржи „Галичка свадба“, една од најавтентичните и најпрепознатливи културни манифестации во земјава. Овој уникатен настан, кој претставува живо сведоштво за македонската традиција, култура и обичаи, повторно ќе го привлече вниманието на домашните и странските посетители кои сакаат да ја доживеат автентичната свадбарска приказна од ...
Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто, пренесуваат португалските медиуми. Бдеењето започна утрово пред локалната црква каде што веќе се собираат роднини, пријатели и бројни обожаватели кои се простуваат од трагично загинатите фудбалери. Погребната церемонија ќе се одржи утре (сабота) од 10 часот по локално време. Сè ...
Низ историјата постоеле држави кои вовеле таканаречен „данок на неженети и немажени“ (или „bachelor tax“ на англиски). Овој вид на данок најчесто се воведувал со цел да се поттикне брачната заедница и да се зголеми наталитетот. Неколку примери: 1. Советски Сојуз (СССР) 2. Римска Империја 3. Италија (во одредени историски периоди) 4. Романија 5. САД – одделни држави и локални власти Во современиот свет НИТУ ЕДНА држава официјално нема ваков данок ...
Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија е целосно свесна за демографската криза и е подготвена отворено да се соочи со овој сериозен предизвик. Како една од мерките што се разгледуваат во насока на зголемување на наталитетот, премиерот најави дека Владата сериозно размислува за воведување посебни даноци за лицата кои не ...
Владата донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за државна поддршка на развојот на воздушниот сообраќај за периодот 2025–2027 година, објавена во Службен весник бр. 134 од 03.07.2025. „Се усвојува Програма за изменување и дополнување на Програмата за државна поддршка на развојот на воздушниот сообраќај за периодот 2025–2027 година.“ (Службен весник бр. 134/2025, стр. 10, одлука бр. 2882) Согласно одлуката, измените се однесуваат ...