
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Мажот кој беше пронајден починат по вчерашниот пожар во близина на Крива Паланка загинал додека се обидувал сам да го изгасне огнот што се приближувал до неговиот дом. „Денеска (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид“, вели МВР. Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека јавен ...
Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...
На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Париз, е усвоен амандман со кој се одложува впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски наследства во опасност. Одлуката е условена со исполнување на низа обврски, за кои државата ќе треба да достави детален извештај најдоцна до 1 февруари 2026 година. Според СДК.мк, македонската делегација во Париз, по налог на Владата, заеднички поднела амандман со кој се ...
Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“, кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно. „Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и ...
На 7 јули вечерта, полицијата во Велес пронајде 15-годишно девојче од Република Србија, кое во својата земја било пријавено како исчезнато. Малолетничката била лоцирана во домот на 30-годишна жена од Велес, информираат од СВР Велес. „На 07.07.2025 околу 22 часот, постапувајќи по барање на Интерпол-Србија за исчезната 15- годишна малолетничка од Република Србија, полициски службеници од СВР Велес ја пронајдоа малолетничката во домот на ...
Некои работи изгледаат поинаку на безбедносниот скенер. Многу луѓе ќе летаат некаде ова лето, бегајќи на сончеви дестинации како Шпанија, Португалија, Франција и Италија. Или ќе се упатат кон север кон постудени клими. Повеќето ќе патуваат со авион, па ќе мора да поминат низ аеродромската безбедност. Но, има едно нешто што дефинитивно треба да го избегнувате да го пакувате во багажот. Што апсолутно не треба да носите на аеродромот Џон, ракувач ...
На грчкиот остров Тасос, во областа Гликади во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар. Пожарот гори повеќе од 6 часа. Освен Гликади, погодени се и областите Пахија и Рахони. Пожарот избувна синоќа недалеку од пристаништето Лименас, брзо се прошири и е видлив од Кавала, објавува Грик Инфо. Пожарот зафати голема шумска површина покриена главно со борови дрвја, по кои е познат Тасос, и набрзо почна да се шири кон запад, ...
Кога Илон Маск го објави името на лицето кое ќе го води тогашниот Твитер, а сега Платформа X, пред нешто повеќе од две години, многумина беа изненадени. Да, стануваше збор за искусна личност која претходно работела првенствено во маркетинг, и токму тоа му беше потребно на Твитер. Но, тоа не беа единствените предизвици со кои се соочи. Две години подоцна, Линда Јакарино објави дека се повлекува од функцијата извршен директор на Платформа X. Thank ...
На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто ...
Во ноќта на 10 јули, руската војска започна масовен напад врз Киев со беспилотни летала и балистички ракети, објави „Москва тајмс“. За време на десетчасовниот напад, пет области на украинската престолнина беа погодени, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко. Во областа Шевченки, остатоци од соборени воздушни цели паднаа врз неколку повеќекатни станбени згради, оштетувајќи ги горните катови и предизвикувајќи пожари. Во Дарницки, гаражи и ...
Неодамна поставеното панорамско тркало на плажа во Макарска, поточно на еден паркинг во Пешкера, се расипа околу 22 часот и за среќа не се случи трагедија. Според информациите од тамошните медиуми, најверојатно поради силен ветер, капакот на корпата се откачил од тркалото и паднал на неколку метри од минувачите. Полицијата во Макарска веднаш пристигнала и спровела истрага на лице место, а деталите за несреќата ќе бидат познати деновиве. Патем, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави царина од 50 проценти за бакар почнувајќи од 1 август, со цел да се заштити домашното производство на суровината, објави Ројтерс. Американскиот претседател нагласува дека добил „сеопфатна“ проценка за националната безбедност, според која царините се неопходни за заштита на домашното производство на суровината. „Бакарот е неопходен за полупроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, ...
Американскиот производител на чипови „Nvidia“ во среда стана првата јавно тргувана компанија што достигна пазарна капитализација од 4 милијарди долари, објави „Ројтерс“. Акциите на водечкиот производител на чипови пораснаа за дури 2,4 проценти на 164 долари во среда, имајќи корист од континуираната силна побарувачка за технологии поврзани со вештачка интелигенција. „Nvidia“ достигна пазарна вредност од 1 милијарди долари во јуни 2023 година, а ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 07:00 часот утрово има вкупно 63 пожари од кои • Активни: 9 • Под контрола: 4 • Локализирани: 1 • Изгаснати: 49 Активни пожари (9): Локализиран пожар (1): Пожари под контрола (4): Изгаснати пожари (49): • Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево • Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2) • Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, ...
Со започнувањето на летниот период од годината и топлото време, време е да го планирате вашиот летен одмор. Тие што ќе одлучат летниот одмор да го поминат надвор од Република С. Македонија, треба да ги знаат ризиците по здравјето како и начините за превенција. Без разлика каде одите – планински предели, плажи или раздвижени градови – започнете ја вашата авантура подготвени. Пред да заминете: Одвојте кратко време да се запознаете со дестинацијата ...
Oвeн – Xopocĸoпoт вe пoвиĸyвa дa бидeтe пoвнимaтeлни, oдгoвopни и yпopни. Oбидeтe ce дa пocтигнeтe paмнoтeжa вo oднocитe co ĸoлeгитe. Πoнeĸoгaш мopa дa пpифaтитe дeĸa нe мoжeтe cè дa ĸoнтpoлиpaтe и дeĸa cè имa знaчeњe. Биĸ – Зa cpeќa, дeнec cтe зaштитeни oд cè штo би мoжeлo дa coздaдe нecтaбилнocт и нeизвecнocт. Baшaтa бyднocт и cpeќa вe пpидpyжyвaaт чeĸop пo чeĸop зa дa гo oдpжитe вaшиoт бpoд нa пoвpшинa. Близнaци – Дeнec чyвcтвyвaтe внaтpeшнa ...
Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на ...
Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со ...
Голем пожар избувна попладнево во близина на Смилковско Езеро, при што пламените јазици брзо се проширија кон нискостеблестата шума и сувата вегетација во околината. Поради густиот чад и ризикот за безбедноста, прекинат е сообраќајот кон населените места околу езерото, а на терен интервенираат екипи на Противпожарната служба и полицијата. Очевидци пријавуваат тешко движење по патот и видливост сведена на минимум. Засега нема информации за ...
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на протест пред салата „Партизан“ обвини дека министерот за спорт Борко Ристовски сака да направи кафеана на местото на спортската сала, поради што Владата ѝ ја одзела на Општината. „Не им е до спорт, им е до бизнис. Сакавa да го заградат зеленилото и да прават кафуле. Им реков не. Ова е симбол на Карпош,“ рече Јакимовски. Министерството тврди дека салата не била во функција и дека се истражува дали ...
Генералштабот на Армијата информира дека тим од Четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана е ангажиран во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, за собирање податоци за квалитетот на воздухот поради запалениот отпад кој предизвика густ чад и сериозно загадување. Ангажманот е дел од пошироката акција на Армијата во согласност со одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на воени сили во справување со пожарите и ...
Попладнево до медиумите пристигна меил во кој се вели дека на вонредно собрание на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), наводно одржано денеска на панорамската тераса поради заклучени простории, била донесена одлука со која досегашниот претседател Трајан Ангелоски останува без сите овластувања за претставување на Сојузот во земјата и странство. Сепак вечерва со повторен меил се огласија од Сојузот на стопански комори, од каде остро ...
Институтот за јавно здравје објави препораки за граѓаните за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна околина. Како што велат, граѓаните да останат информирани и да ги следат известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации. Тие треба да ги почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување. Во продолжение останатите препораки: 2. Ограничете го изложувањето на чад 3. ...
OPENAI е блиску до лансирање на веб-прелистувач со вештачка интелигенција кој ќе го предизвика доминантниот на пазарот Google Chrome, во сопственост на компанијата Alphabet Inc (GOOGL.O), изјавија за Ројтерс три лица запознаени со ова прашање. Се очекува прелистувачот да биде лансиран во наредните недели и има за цел да користи вештачка интелигенција за фундаментално да го промени начинот на кој корисниците пребаруваат на интернет, рекоа ...
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, соопшти дека пожарот кој со часови беснееше во околината на општината е конечно локализиран. Тој упати голема благодарност до сите пожарникари, институции, служби, волонтери и граѓани кои несебично се вклучија во гаснењето и поддршката. „Позади нас е голем и тежок ден кој што ја стави на тест нашата издржливост и солидарност“ порача Митовски. Општината останува во состојба на зголемена ...
Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици. Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција истакна дека многу е симтоматично како се локализира и неутрализира еден пожар, веднаш друг почнува, а откако и тој ќе се локализира, веднаш почнува и трет пожар. Како што вели, се истражуваат повеќе наоди за подметнати пожари. „Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека се работи за едно поинакво сценарио од она што би било случајност“, рече Тошковски. На ...
Поради сериозната ситуација со шумските пожари на повеќе локации низ државата, Македонија официјално го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита. Одлуката доаѓа по денови на интензивни пожари, тешко достапни терени и преоптоварени домашни ресурси. Преку овој механизам, земјата бара помош од државите-членки на ЕУ во форма на воздушна поддршка, човечки капацитети и логистичка опрема, со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. „Од ...
Тони Пигуловиќ, пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, веќе 48 часа неуморно се бори со огнената стихија што го зафати скопскиот регион. Без одмор, со малку вода и уште помалку сон, тој е на терен заедно со своите колеги, да го спаси тоа што може да се спаси – шума, објекти, домови, човечки животи. Скопските пожарникари со денови се ангажирани на неколку фронта во периферијата на градот, каде што гори шумска и ...
Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите. „Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори ...