Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“. Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата. Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот ...

На 91-годишна возраст почина Брижит Бардо, француската актерка која се здоби со светска слава како секс симбол, пред да ѝ го сврти грбот на филмската индустрија и да стане активистка за права на животните. Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот на 70-тите години, таа се повлече од глумата и се посвети на политичкиот активизам, каде што ...

Студентите во блокада организираат денеска акција низ цела Србија под слоганот „Распиши победа“, за време на која ќе собираат потписи за барање за вонредни парламентарни избори. Граѓаните ќе можат да ја поддржат таа иницијатива во повеќе од сто општини и градови, на речиси 500 штандови. Списокот на локации, што редовно се ажурира, е објавен на веб-страницата studenti.org.rs. Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 113 ...

Владата има ставено јаткасти производи и егзотични овошја во нејзиниот предлог за кошничката кои работникот не може ни да си го дозволи, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Најавува протести и штрајкови ако не се покачи минималецот и предупредува дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи во Хрватска, нешто што треба да ги загрижи домашните компании и Владата. Владата ...

Сообраќајот на граничниот премин Евзони - Богородица од 12 часот е во прекин, соопшти АМСМ. Прекинот, како што претходно објави дописничката на МИА од Атина, е во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци. Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и ...

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Од опозициската партија тврдат дека план е осмислен пред две недели, кога власта сфатила дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО. „Активностите на СДСМ ги принудија предвреме да го активираат овој план. ВМРО мислеше дека ќе нè ослабат и ќе нè ...

Од ВМРО-ДПМНЕ пак бараат Венко Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи. Од партијата велат дека откако во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдал дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница. „Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за ...

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени врз основа на Лаекенските индикатори за сиромаштија. Најизразен ризик од сиромаштија е забележан кај децата и младите до 17 години, каде што стапката достигнува високи 29,5 проценти. Особено алармантна е состојбата кај самохраните родители – речиси секое второ такво домаќинство живее под ...

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека ќе воведе визни санкции за земјите што одбиваат да соработуваат, објави британското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат одлуки, ...

По триумфот во петокот над Њукасл во Манчестер Јунајтед се подготвуваат за претстојниот преоден рок. Навивачите очекуваат големи имиња, но заминувања на некои од играчите кои според нив не го заслужуваат дресот на тимот од Олд Трафорд. Како прво име за засилување се споменува играчот на Нотингем Форест Елиот Андерсон, а меѓу потенцијалните засилување е и играчот на Оксер Ласине Синајоко. Неговиот договор со францускиот тим истекува на лето, ...

Повеќе од 200 цивили, вклучувајќи жени и деца, беа убиени во етнички мотивирани напади од страна на паравоените Сили за брза поддршка -РСФ (RSF) во делови од регионот Дарфур во Судан, соопшти Мрежата на судански лекари, оценувајќи ги нападите како грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право. Повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните кои пристигнале во кампови за раселени лица во Тина, во близина на границата меѓу Судан и Чад, ...

Повеќе од 2.000 летови се откажани или одложени денеска во североисточниот регион и регионот на Големите езера во САД, откако зимска бура од мраз и снег ја погоди областа за време на фрекфентниот период помеѓу Божиќ и Нова Година, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News). До вчераутро, во Њујорк паднаа нешто помалку од три инчи снег - околу половина од тоа што го предвидоа некои прогнозери. Од петокот досега во САД се откажани најмалку 2.700 летови, а ...

Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден - 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Пореч против Хрватска го игра првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе трет ден се во Хрватска, каде го одработуваат вториот дел од подготовките. Според првичниот договор со домаќинот Хрватска ќе биде одигран еден натпревар, а потоа националниот тим уште два дена ќе тренира во Пореч. Во Хрватска на подготовки ...

Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во соопштение објавено денеска. Во интервју за руската државна агенција, Лавров, исто така, ја повика Јапонија „внимателно да размисли“ за она што го опиша како пат кон милитаризација. Лавров во интервјуто изјави дека европски контингент, доколку биде распореден во Украина, ...

Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3 Охрид, Претор, Куманово и Mаврови Анови, а -1 ...

Кошаркарите на Орландо остварија победа во еден од најнеизвесните дуел одиграни ноќеска во НБА лигата и го совладаа Денвер со 127:126. На гостинската екипа не им помогна и новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ вкупно 180-ти во кариерата или 16 сезони. Српскиот репрезентативец дуелот го заврши со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции. Екипата на Денвер имаше висока предност во текот на дуелот, но не успеа да ја зачува, па така го доживеа третиот пораз ...

Фудбалерите на Јувентус со синоќешната победа од 2:0 на гости против Пиза се искачија на третото место во Серија А (32 бода), но со два натпревара повеќе од конкурентите. Ова беше трета победа во низа „црно-белите“ од Торино. Пиза која остана на една победа е претпоследна на табелата со 11 бодови. До победата Јувентус стигна со двата гола во завршницата на натпреварот. Водство донесе Пиер Калулу во 73 минута, додека конечните 2:0 ги постави ...

Во Косово денеска, во недела на 28 декември, се одржуваат вонредни парламентарни избори, втори по ред оваа година и вкупно четврти избори во 2025 година. Во трката учествуваат 24 политички субјекти, а кога станува збор за српската заедница, кандидати имаат Српската листа, партијата За слобода, правда и опстанок и Косовскиот сојуз. Овие избори ги одбележа една од најкратките изборни кампањи, која траеше само 11 дена и заврши утрово во 6:59 ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска одржа видео средба со речиси десетици европски земји и Канада, како и високи претставници од Европската комисија и НАТО, пред неговата денешна средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, јави ДПА. Портпарол на германската Влада изјави дека лидерите му дале на Зеленски „целосна поддршка и ја нагласиле својата посветеност на тесна соработка со САД за постигнување одржлив и ...

Советот за безбедност на ОН утре ќе свика итен состанок поради контроверзното признавање на Сомалиленд како независна држава од страна на Израел, јави ДПА. Пред седницата, 21 претежно муслиманска земја доцна синоќа издадоа заедничка изјава, предупредувајќи на „сериозни последици“ од израелската одлука за „мирот и безбедноста на Рогот на Африка“ и во поширокиот регион на Црвеното Море. Сомалиленд, регион со муслиманско мнозинство во северна ...

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од ...

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. По тој повод, Канал 103 денеска ќе реализира целодневна програмска посвета со наслов „Зборуе Радио Скопје“. -Отворената програма ќе ја поврзе радио архивата со ...

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо можно е да го стопира евентуалниот трансфер на Николас Отаменди во Барселона. По повредата на коленото на Кристенсен, каталонскиот клуб бара играч како замена, а според португалските медиуми Отаменди е еден од нив. Но, тренерот на Бенфика побарал од управата да го продолжат договорот со играчот, кој му истекува следното лето. Тоа би значело дека евентуалниот трансфер на Отаменди зимава нема да се реализира. ...

Три пати повеќе гости имало од дозволеното во локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември пеел Аца Лукас. Поради овој прекршок одговорното лице добило казна од 100 евра од Државниот пазарен инспекторат. Законот вели, во случај на надминување на дозволениот број гости – предвидена е казна од 100 до 300 евра за микро трговец. Бидејќи глобите биле платени навреме, износот е намален на законскиот минимум. Три пати повеќе гости имало од дозволеното ...

Фудбалерите на Арсенал со победата од 2:1 против Брајтон во 18.коло остануваат на лидерската позиција до Нова година. Тие попладнево се изборија за 13-та победа во шампионатот и со тоа го минаа Манчестер Сити. Арсенал има 42 бода или два повеќе од Манчестер Сити. Арсенал поведе во 14.та минута со голот на капитенот Мартин Одегард, а на 2:0 „топџиите“ зголемија по автоголот на Жоржињо Рутер во 52.минута. Голот за Брајтон го постигна Диего ...

Земјотрес со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област оддалечена околу 32 километри од североисточниот крајбрежен град Јилан во Тајван, објави Тајванската метеоролошка служба, без непосредни извештаи за поголеми штети. Земјотресот е регистриран на длабочина од 73 километри под морското дно, беше почувствуван во северен Тајван, а ги потресе и зградите во главниот град Тајпеј, објави метеоролошката служба, ...

Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот. Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen. ...

Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите. Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди. „Семејството објави дека Елтон ...

Менталното здравје на новинарите во Србија оваа година беше сериозно нарушено поради притисоци, небезбедни услови за работа и постојана изложеност на стрес, јавија српски медиуми повикувајќи се на анализа на соговорници на новинската агенција ФоНет за серијалот „Рефлектор“. Имено, тие препорачуваат како решение - новинарите да се обратат за стручна помош и вклучување во психотерапија. Според медиумскиот консултант Бранко Чечен дури и без ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.27
99%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
999
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
91%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Цинк

3.33