Петар Богојески повеќе нема да биде директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Тој заминува од функцијата нешто повеќе од два и пол месеци откако беше назначен на оваа позиција. Информацијата ја соопшти самиот Богојески преку објава на социјалните мрежи, каде што сподели фотографија со премиерот Христијан Мицкоски и појасни дека станува збор за договор меѓу коалиционите партнери во Владата. „Договорена е ...

Освен економски други импликации од војната на Блискиот исток кај нас засега не се чувствуваат. Меѓуетнички тензии нема, а релациите меѓу верските заедници во земјава се на највисоко можно ниво вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници Оливера Трајковска. Но она што загрижува е што религијата се повеќе се злоупотребува во воени цели и тероризам што е спротивно од она на што таа учи истакнуваат од научната фела. Религијата ...

Усвоен извештајот за Македонија на Томас Вајц, следен чекор - расправа за „современ“ македонски јазик и идентитет во Европарламентот. Со 40 гласа за, 19 против и 10 воздржани, Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент, денеска, не ги исполни надежите на македонската влада за едногласно усвојување, но даде зелено светло за извештајот за напредокот на Македонија. Пред самото гласање координаторот на ЕПП Михаил Галер, каде членува ...

Соединетите американски држави сеуште се дел од НАТО и се важен стратешки партнер смета генералниот секретар на алијансата Марк Руте. Според првиот човек на НАТО алијансата најдобар показател за тоа се посетите на САД од страна на европските лидери Макрон, Мелони и Стармер. „Дали сеуште се САД со нас, ако е тоа прашањето ДА! Можете да ги уклучите вашите телевизори и да видите дека лидери како што се Емануел Макрон, Џорџа Мелони и Кирк Стармер ...

Енергетските власти во земјава накратко здивнаа, откако цените на нафтата на светските берзи почнаа да паѓаат по објавеното примирје меѓу Израел и Иран. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е задоволен што поевтинува и природниот гас, што може да ги ублажи понатамошните притисоци врз домашниот пазар. Иако дизелот во земјава поскапе за седум денари во последните две недели, Бислимоски не очекува ова да влијае на ...

Се додека не се покачат платите на работниците се до тогаш не може да се очекува било каква продуктивност, работникот е принуден да бара чаре за да преживее а тиа бараат продуктивност велат од ССМ. Потенцираат дека е апсурдно функционер со плата од две илјади евра плата да кажува дека зголемување на плати ќе предизвика инфлаација. Од друга страна, животот станува потежок велат од ССМ, доволно е да се види последната синдикалната кошничка која ...

Иако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека стапи на сила прекин на огнот меѓу Иран и Израел, што двете страни го потврдија, Тел Авив тврди дека Техеран истрелал две балистички ракети кои биле соборени со што било прекршено примирјето. Министерот за одбрана на Израел Кац вели дека им наредил на израелските одбранбени сили да „одговорат енергично“. Техеран, пак, ги негира обвинувањата. Трамп соопшти дека и Израел и Иран го прекршиле ...

Првата препрека за нашиот јазичен и културен идентитет ја поминавме, изјави Мицковски откако претпладнево помина извештајот за Македонија во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент - без прифаќање на придавката „модерен“ пред македонски јазик. Борбата беше голема, но сите видоа дека дека суштината е многу подлабока, а не стотина Бугари во уставот. Дали извештајот ќе помине на пленарната седница не знам, дополни Мицковски. Лично ...

Сто дена од трагедијата во дискотеката на смртта „Пулс“ во Кочани во која згаснаа животите на 62 лица. Нивните семсјства и денеска со потресни сведоштва на социјалните мрежи бараат правда и очекуваат секој што е виновен да одговара за трагедијата. Повредените и преживеаните со потресни и трогателни сведоштва се сеќаваат на кобната ноќ. Правда, но и ресет на системот по 100 дена од трагедијата-со 100 пораки пред клучните инспитуции во Скопје до ...

Во администрацијата ќе се вработуваат компетентни кадри од сите етникуми, со предност на кандидатите според мерит системот за заслуги и вредности. Ситем кој е темел на предлог законот за правична застапеност. Регулативата произлезе откако Уставниот суд го укина Балансерот што беше алатката за вработување според етничката припадност во државните институции. Предлогот помина на владина седница, премиерот Христијан Мицкоски го оцени како добар вели ...

Не можев да докажам па тоа си продолжи до ден денес. Душа ме боли што нема правда за децата. Вака на социјалните мрежи повторно се огласи мајката на 4годишното девојче кое пред неколку денови беше жртва на сурово семејно насилство од страна на нејзиниот татко. ТВ 24 побара став од социјалните служби за состојбата на децата и дали тие ќе бидат одземени и од мајката, оттаму велат се прави проценка и дека во моментов стручен тим работат со трите ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го поздрави усвојување на извештајот за Северна Македонија од страна на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Сепак неговата оценка е дека македонската дипломатија денеска доживеала дебакл оти се дозволило да се преговара за македонскиот јазик и идентитет токму од сестринските партии на ВМРО ДПМНЕ. Нашиот идентитет е потврден до Европскиот парламент, а македонското собрание во 2022 година ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го поздрави усвојување на извештајот за Северна Македонија од страна на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Сепак неговата оценка е дека македонската дипломатија денеска доживеала дебакл оти се дозволило да се преговара за македонскиот јазик и идентитет токму од сестринските партии на ВМРО ДПМНЕ. Нашиот идентитет е потврден до Европскиот парламент, а македонското собрание во 2022 година ...

Државниот службеник секаде и тука претставува огледало за тоа што претставува државата. Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија, порача денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на јавните службеници во организација на Министерството за јавна администрација. Во своето воведно обраќање, Мицкоски ...

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. По гласањето бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложат дополнение со „мислење на малцинството“. Пратеничката група на Европската народна партија претходно поднесе амандман по скратена постапка за вметнување на ...

Во Собранието, пред утврдување на дневниот ред на 55. седница, беше објавена едночасовна пауза, на барање на пратеникот од Левица Димитар Апасиев. Како и во претходните денови пред почетокот на пленарните седници од Левица бараат едночасовна пауза бидејќи, како што рече Апасиев, генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и ...

Англиската фудбалска федерација (ФА) поднесе денеска тужба против фудбалскиот судија Дејвид Кут поради неговите коментари на адреса на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во видеото кое стана вирално минатата година. Во ноември лани на социјалните мрежи протече видео од Кут во кое изнесе навредливи коментари за Ливерпул и нивниот поранешен стратег. Кут беше отпуштен еден месец подоцна од судиското тело на Премиер лигата по „темелна ...

Хокеарите на Флорида ноќеска на домашен терен го победија Едмонтон во шестиот натпревар од финалето на Стенли купот со 5:1. „Пантерите“ ја добија серијата со 4:2 и го освоија вредниот трофеј. Најефикасен играч на натпреварот беше Сем Рајнхарт со четири гола, Флорида вторпат по ред го освои Стенли купот. Едмонтон ја продолжи црната серија на канадските тимови во НХЛ цели 32 години не успеаваат да дојдат до Стенли купот. Последен пат, Монтреал во ...

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, ...

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од Министерството. На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно со министрите за надворешни работи на земјите членки, ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе одржи јавен состанок на директорот Зоран Трајчевски ќе ги презентира спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ. Ова е втор јавен состанок на АВМУ за годинава, а ќе биде презентирано и истражување на тема „Жени и мажи пред камерите: Родова (не)рамноправност на националните ТВ канали во ударен термин“ од страна на Николина Стојановска и Кристина ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, имаше работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски. На средбата, како што соопшти кабинетот на Андоновски, беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. ...

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во ...

Собранието денеска треба да ја одржи 55. седница со расправа по ратификации и закони од повеќе области. На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место. Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за „целосен прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Во објава на „Truth Social“, Трамп рече дека прекинот на огнот ќе стапи на сила приближно шест часа откако Израел и Иран ќе ги „одбијат“ своите последни напади. Трамп им честиташе на сите вклучени во договорот и додаде дека војната наскоро ќе се смета за завршена. „Израел и Иран целосно се согласија на целосен и апсолутен ...

Подготовката на јунскиот Самит на Европската Унија, препораките во рамки на Европскиот семестар за 2025 година и состојбата со владеењето на правото во Финска, ќе бидат главни теми на заседанието на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што ќе се одржи денеска во Луксембург. Состанокот на министрите или државните секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе започне со дискусија по заклучоците за Самитот на Унијата што треба ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано утринава изјави дека нема „договор“ за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но дека неговата земја нема да продолжи со нападите доколку Израел „ја запре својата агресија“. „Во оваа фаза нема договор“ за прекин на огнот со Израел, рече тој во пораката објавена на платформата X кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу двете земји. Но, „доколку израелскиот ...

Врховниот суд на САД вчера ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на имигранти во земји од кои не доаѓаат, додека тие нема да можат да се повикаат на опасностите со кои би можеле да се соочат во таа трета земја. Судиите ја укинаа судската наредба со која се бара од владата да им даде можност на имигрантите да го изразат својот страв од тортура или прогон во нивната доделена земја додека се одвива ...

Во нападите со дронови врз североисточниот украински град Суми загинаа три лица, вклучувајќи и осумгодишно дете, објавија рано утринава регионалните власти. -Околу полноќ Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. (...) Имаме информации за три смртни случаи“, рече шефот на регионалната администрација, Олег Григоров. Освен детето, загинаа и маж и жена, рече тој. „Убиените во нападот беа од различни семејства. Сите живееја на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
29%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
4.63
39%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.6
43%
1023
weather icon

Софија

34ᴼ / 32ᴼ
3.09
28%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.38
17%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
54%
1023
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
11.83
24%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.06
16%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
7.2
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
40%
1023
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
37%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326