Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Големите бели ајкули во Средоземното Море се соочуваат со сериозна опасност од исчезнување, најмногу поради нелегален и интензивен риболов, покажува заедничко истражување на американски научници и британската организација „Блу Марин“ (Blue Marine Foundation). Иако се меѓу, повеќе од 20 видови ајкули заштитени со меѓународно право, големите бели ајкули сè уште нелегално се ловат и продаваат на пазарите за риби во Северна Африка, изјави ...
Неодамнешниот напад на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) врз пристаниште во Венецуела претставува прва позната операција во таа земја откако претседателот Доналд Трамп ја овласти агенцијата за тајно дејствување против владата на Николас Мадуро и трговците со дрога. Како што објави Волстрит џурнал, токму Трамп донел одлука овој напад да не остане тајна. Трамп првпат ја спомена операцијата на 26 декември, откривајќи дека САД уништиле ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати новогодишна порака до граѓаните посакувајќи им здравје, мир, добрина и љубов. -Во пресрет на Новата година, ви се обраќам со длабока почит и со високо чувство на одговорност. Годината што завршува беше година на посветена работа и чекори што оставија трага. Собранието забележа видливи напредоци во транспарентноста, дигитализацијата и зајакнувањето на надзорната функција. Отворивме повеќе ...
Во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, вчера беше потпишан Трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица. Како што соопшти УЈП, Договорот е потпишан помеѓу Министерството за финансии – Управата за јавни приходи, како краен корисник и ...
Обидот за напад од страна на украинските вооружени сили врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин ја стави Украина под интензивен дипломатски притисок од земјите ширум светот, објави Фајненшл тајмс. „Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати му се придружија на американскиот претседател Доналд Трамп во осудата на нападот врз резиденцијата на рускиот лидер. Украинските претставници побрзаа да ги минимизираат дипломатските ...
Најмалку 41 момче почина во текот на ноември и декември во Јужноафриканската Република (ЈАР) како последица на компликации по традиционално обрежување во рамки на иницијациски обреди за премин во светот на возрасните, соопштија локалните власти. Министерот за традиционални прашања, Веленкосини Хлабиса, за трагедијата го обвини невниманието на иницијациските училишта, вклучително и на дел од регистрираните, како и на родителите кои не ги ...
Утрово најниска температура во земјава од -14 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат -12 Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија. Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за ...
Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно - тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства. - Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна ...
Новак Ѓоковиќ сподели како пензионирањата на Роџер Федерер и Рафаел Надал влијаеле врз него. - Животот е прекрасно патување и мислам дека секој од нас треба да ја раскаже својата единствена приказна и да не копира никого друг. Го велам ова затоа што се обидував да бидам некој поинаков кога се обидував да успеам. Се обидував да бидам некој што луѓето ќе го сакаат. Се обидував да бидам некој поинаков, некој позабавен. Секогаш сум го правел тоа. ...
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel) предизвикаа прекин на сообраќајот и ги нарушија плановите на илјадници патници кои патуваат меѓу Велика Британија и Франција за време на новогодишните празници. Иако тунелот е делумно отворен и некои линии на „Eurostar“ и „LeShuttle“ се обновени, сообраќајот се одвива со значителни доцнења. Дефектот на електричните водови и вчерашниот дефект на еден воз на „LeShuttle“ предизвикаа ...
Точно на полноќ, Зохран Мамдани ќе стане првиот муслимански градоначалник во историјата на Њујорк. Неговиот мандат започнува со голем оптимизам и демократско-социјалистичка платформа, која ќе биде ставена на тест веднаш по преземањето на функцијата. На приватна церемонија одржана во метро-станицата „Old City Hall“, Мамдани положи заклетва пред државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс. Изборот на локацијата во подземната железница, како ...
Европската Унија изразува сериозна загриженост поради раширената пракса на произволни притворања од страна на иранските власти со цел потиснување на критичките гласови во земјата, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Во реакцијата по повод серијата апсења и притворања на активисти за заштита на човековите права во Иран, Калас нагласува дека со ваквата пракса земјата ги прекршува обврските ...
Сите шест полициски зони во Брисел се подготвуваат за уште една турбулентна новогодишна ноќ. Со цел да се обезбеди непречено одвивање на прославите, низ градот ќе бидат распоредени и дополнителни полициски припадници. Покрај зајакнатите безбедносни мерки, на шест лица познати на полицијата по предизвикување инциденти претходните години им е изречена мерката домашен притвор во текот на новогодишната ноќ. За подобра координација на активностите ...
Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори. Граничниот премин Евзони кон нашата земја што во изминатите четири дена, заклучно со вчера, грчките земјоделци го блокираа од 12 до 16 и од 18 до 22 ...
Под слоганот „Играј со најдобрите", Видеолотарија Касинос Австрија и во 2025 година продолжи да ја гради својата стратегија за општествена одговорност, со вкупен буџет од 49.049.259 денари наменет за спонзорства и донаторски активности. Како модерна и општествено одговорна компанија, Државна видеолотарија останува посветена на создавање еднакви услови и можности за сите граѓани. Придонесот кон заедницата е една од нејзините примарни цели, а ...
Лишени од слобода биле двајца романски државјани, фатени веднаш откако извршиле кражба во златарница, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот ...
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје утрово информираат дека шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието, денеска ќе работат во периодот од 7:30 до 15:30 часот. - Утре е неработен ден. Од петок се продолжува со редовно работно време, додаваат од претпријатието. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје утрово информираат дека шалтерите за наплата, ...
Половина од домашниот буџет лани се трошел на храна и безалкохолни пијалоци, додека на алкохолни пијалаци и тутун се трошеле повоќе отколку за здравје, рекреација, култура и образование заедно. За облека и обувки се издвојувале повеќе средства околку за покуќнина, опрема за куќа и одржување. Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос бил еден. Најголемиот дел од расположливите средства 66,7% биле приходи од редовен работен ...
Рекордно висока температура во Исланд беше забележана минатата седмица - на католичкиот Бадник, и таа изнесуваше речиси 20 Целзиусови степени. Инаку, просечната температура во декември на оваа островска држава е меѓу -1 и +4 степени. Малото гратче на истокот - Сејдисфјордур забележа 19,8 степени на 24 декември, додека на други места низ земјата исто така беа забележани температури од речиси 20 степени, објави денес Исландската метеоролошка ...
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез испрати писмо до париската префектура во кое ги повикува властите да бидат особено внимателни во врска со ризикот од тероризам и активности на банди на новогодишната ноќ во главниот град на земјата. Високото ниво на терористичка закана што продолжува да ја оптоварува националната територија, како и постоењето на тензии на меѓународно ниво, значи дека е потребно да се обезбеди особено ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сумираше впечатоците за постигнатото во 2025 година. „Топчиите“ синоќа ја победија Астон вила со 4:1 во 19. коло од Премиер лигата. - Годинава беше одлична и лично и професионално. Начинот на кој овие играчи, Арсенал и персоналот ме тераат да уживам во мојата работа секој ден е фантастичен. Знаеме што сакаме во 2026 година. Ќе мора да работиме навистина напорно за тоа секој ден, но мислам дека сме на ...
Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 128:106. Најдобар стрелец на натпреварот кошаркарот на домашниот тим Лука Дончиќ, кој имаше дабл-дабл со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции. За гостите, бекот Кејд Канингем имаше дабл-дабл со 27 поени, 5 скока и 11 асистенции. Детроит е лидер на табелата во Источната конференција со 25 победи во 33 натпревари, додека тимот од Лос Анџелес е на петтото ...
Лиценците на 37 меѓународни невладини организации што работат во Газа и Западниот Брег ќе истечат на 1 јануари, бидејќи не ги исполниле строгите нови барања за регистрација кај израелската влада, како што е предвидено во регулативата од 1 март оваа година, објави синоќа израелското Министерство за дијаспора. Во соопштението се наведува дека организациите што се соочуваат со забраната на 1 јануари не ги исполниле новите барања за споделување ...
Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2025 и ќе ја пречекаат Новата 2026 година. Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско ...
Едно лице загина, а најмалку 40 лица се повредени во судар на два патнички воза во Перу, на дел од железничката пруга во близина на Мачу Пикчу. Во несреќата, која се случи синоќа, загина машиновозачот на еден од возовите, Роберто Карденас, а како што изјави здравствен службеник, најмалку 20 повредени лица се во сериозна состојба. Двата воза се судрија на единствената железничка линија што води до древниот град на Инките, соопшти локалната ...
За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие. Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта. На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, ...
Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри. Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и претседателот на САД, Доналд Трамп, се договорија на палестинската милитантна група Хамас да ѝ биде даден двомесечен рок за разоружување, дознава израелскиот весник „Израел Хајом“, додавајќи дека во случај Хамас да ги одбие условите за разоружување, понатамошните чекори би ги презела израелската војска. Според извештајот, договорено е и утврдување на практични критериуми за разоружување, вклучително и ...
Руските власти соопштија дека Украина вчера извршила серија напади врз Москва, делови од западна Русија и Кримскиот полуостров. Пријавено е дека едно лице е повредено во областа околу рускиот главен град. Руското Министерство за одбрана објави дека 27 украински дронови се уништени помеѓу 20:00 и 23:00 часот по московско време. Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави на Телеграм дека 21 украински дрон биле соборени над ...
Најмалку две лица се повредени во руските напади во текот на ноќта врз регионот Днепропетровск во Украина, изјави вршителот на должноста шеф на регионот, Владислав Хајваненко. Тој напиша на Фејсбук дека две од повредените лица се хоспитализирани. Тој истакна дека нападите резултирале со пожари кои брзо биле изгаснати, и дека две куќи биле целосно уништени, додека шест биле оштетени. „Исто така, оштетени се продавница и неколку автомобили. ...