Снежна бура погоди делови од североистокот на САД, вклучувајќи ги Њујорк и Њу Џерси, поради што патувањата после Божик станаа исклучително ризични, соопштија американските власти. Според прогнозите, невремето би можело да донесе најголема количина снег во Њујорк во последните неколку години, објавува Еј-Би-Си. Обилни снежни врнежи се очекуваат во делови од Њујорк, источна Пенсилванија, Њу Џерси, Конектикат, западен Масачусетс и Род Ајленд. ...

Две лица го загубија животот, а 26 се повредени во судар во кој учествувале повеќе од 50 возила на автопат во префектурата Гунма, северозападно од Токио, соопшти денеска јапонската полиција. Несреќата се случила синоќа на излезната лента од автопатот Кан-етсу во Минаками, каде возилата, според полицијата, најверојатно се излизгале на замрзнатиот пат за време на снежните врнежи, објави јапонска новинска агенција. Најмалку 10 возила се ...

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран од Укринформ. „Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“, рече Кличко. Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, ...

Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ - Скопје за православниот храм „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје се добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Победниците синоќа ги прогласи и им ја врачи наградата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Архитектонскиот факултет во Скопје. Годинава четири објекти пристигнале на конкурсот за наградата. За нив одлучувала ...

Најдобрите кошаркарски судии во изминатата календарска 2025 година беа прогласени на заедничкиот, традиционален собир, што изминатата вечер го организираше Судиската комисија на кошаркарски судии. Наградата за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2025 година ја доби Зоран Митровски, додека својата прва индивидуална награда во судиската кариера, за најперспективен судија му беше доделена на Иван Ников (25). Плакета за ...

Фудбалерите на Египет ја забележаа втора победа на Африканскиот куп на нации, совладувајќи ја вечерва Јужна Африка со 1-0, во рамки на второто коло во Групата Б. Со овој триумф, Египет обезбеди место во осминафиналето пред завршното коло во групната фаза. Единствениот гол на натпреварот го постигна најголемата ѕвезда во египетскиот состав Мохамед Салах, кој беше прецизен од белата точка во 45. минута. Во судиското продолжение од првото ...

Кошаркарите на Работнички ќе играат во четвртфиналето на националниот Куп откако вечерва, на свој терен, го совладаа кавадаречки Тиквеш Голден Игл со 92-73. Победникот во натпреварот беше одлучен во завршните десет минути во кои домашните кошаркари ја отворија четвртата четвртина со серија од 9-0 за водство од високи 72:63, кои рутински го зачуваа до последниот судиски свиреж. Противник на Работнички во следната рунда од Купот „Благоја ...

Три жени се повредени откако маж вооружен со нож синоќа ги нападнал на линија 3 од париското метро. Според неколку полициски извори, мажот извадил нож и избодел три жени на различни станици на оваа линија. Нападите се случиле помеѓу 16:15 и 16:45 часот, соопшти полицијата. Жртвите брзо биле згрижени од париските пожарникари. Полициски извор изјавил дека трите жени претрпеле полесни повреди, две од нив на грбот и бутовите. Осомничениот потоа ...

Пред планираната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски разговараше за неговите следни чекори со германскиот канцелар Фридрих Мерц, објави ДПА. „Ги координираме нашите ставови и сите во Европа мора да бидат на иста страна во одбраната на нашиот европски начин на живот, независноста на нашите земји и мирот во Европа. Треба да има мир“, напиша Зеленски синоќа на социјалната мрежа Икс. Од своја ...

Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако полските вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на руските воздушни напади врз Украина, објавија светските агенции, повикувајќи се на извештај на Полската агенција за воздушна навигација објавен на Икс. Руските сили нападнаа неколку области во регионот Киев, предизвикувајќи повреди и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија, соопшти регионалната воена ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии. Со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска- Давкова, министерот за ...

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров денеска ќе биде изведена театарската претстава „Толку е тивко“ во која учествуваат лица со попреченост и со типичен развој од основните и средните училишта од Ѓорче Петров. „Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, допири, тишини и сеќавања, ...

Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, информираше попладнево во соопштение Министерството за здравство. – Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се ...

Граѓаните ги чека тешка година со нови поскапувања и раст на трошоците за живот, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека 2026 ќе биде исклучително кризна. Тој посочи дека државата ќе се задолжи најмалку две милијарди евра за тековни трошоци, дека во Буџетот се намалуваат капиталните инвестиции и дека недостигаат околу 600 милиони евра приходи. Според Филипче, заедно со долговите и неплатениот поврат на ДДВ, буџетската ...

УЈП почна да ги казнува граѓаните кои не поднеле даночни пријави во 2020 година со 500 евра глоба за неподнесена пријава, дознава ТВ 24. До редакцијата се обрати граѓанин кој немал да плати данок бидејќи веќе бил оданочен во странство, но УЈП сепак решила да го казни бидејќи тогаш не поднел пријава. Според информациите од УЈП, контролите ќе продолжат за сите години понатаму. Денеска директорката Елена Петрова вели дека УЈП испратиле 10.000 ...

Пратеничката група на СДСМ уште денеска ќе ги достави имињата кои ќе ги предложи да бидат дел од анкетната комисија која се гласаше во собрание по предлог на парламентарното мнозинство а со која ќе треба да претседава член на опозицијата. Лидерот на СДСМ Венко Филипче и денеска на брифингот со новинарите посочи дека власта се обидува на секој можен начин да го минира процесот за анкетната комисија за која вели власта очигледно не е подготвена ...

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски за предметот, односно законот за употреба на јазиците, посочи дека предметот ќе биде решен во 2026 година и потенцираше дека ниту се дава нешто, ниту се одзема, туку ќе се направи усогласување на одредби од законот со Уставот, а резултатот ќе биде подобар од тој што го имаме во овој момент. Костадиновски рече дека предметот бил сензитивен и пред шест години и ќе биде но нивна должност е да ...

Наместо бесплатен преглед, матични гинеколози им наплаќале на пациентки за ехо, колпоскопија, ПАП тест како и други дијагностички процедури незаконски. Фондот за здравствено осигурување и УЈП открија низа неправилности во контролата што ја извршиле во ординациите на матичните гинеколози. Од вкупно 49 контролирани ориднации кај речиси половина биле откриени неправилности и казни заработиле 23 ординации. И покрај големиот број на претставки од ...

Децениски стар проблем – нови ветувања. Паркингот на најголемиот комплекс клиники ќе биде решен во првата половина од 2026-та година. Ова е последната во низа изјави на министерот за здравство за решение на сообраќајниот хаос со кој секојдневно се соочуваат пациентите и вработените во „Мајка Тереза“. Алиу тврди дека веќе се завршени административните процедури, земјиштето е префлерно во државна сопственост, а во план е и изградба на катна ...

Не се исклучува премиерот Христијан Мицксоки лично со лидерот на ДУИ Али Ахмети да го договара бадинтероворо мнозинство, коа Мицкоски со тројаката од Вреди го нема , а му е клучно за дел од законите за реформцската агенда. Според висока владин функционер , по новогодишните празници Мицкоски ќе тргне во освојување на двојното мнозинство . - Во јануари сериозно ќе се ангажираме за да обезбедиме Бадентер за избор на народниот правобранител, но и ...

Препукувањата помеѓу сточарите и Платежната агенција продолжуваат. По објавениот прилог на Телевизија 24, кој се емитуваше во среда, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги испратија одговорите на нашите прашања поврзани со исплатата на сточарите. Имено, од таму за 24 појаснуваат зошто голем дел од сточарите не биле опфатени со последната исплата на 22 декември. ТЕЛОП-АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерство, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември. „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ отпуштените службеници кои, по некоја случајност, се од ДУИ... По документирањето на ...

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција. Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно ...

Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување. -Не се работи ниту за некоја нова законска одредба која сакаме да ја ...

Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија, потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од прилика од 110-120 милиони евра во првата фаза, со отприлика 1.500 ...

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година. -Трендови на пораст во однос на ...

Во Министерството за европски прашања денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани. Како што информираат од Министерството за европски прашања, на средбата во рамки на примопредавањето бил направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Муртезани му посакал ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...

Очекувам тие што го даваат легитимитетот на Владата да кажат дали се задоволни и, првенствено, наставниците, родителите, учениците и експертската јавност, од она што го правеше Министерството за образование и наука, изјави министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање како е задоволна од 2025 во образованието. Посочи дека лично е задоволна од тоа што со нејзиниот тим успеала да придвижи процеси што биле во застој од кои, рече, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.27
99%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
999
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
91%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Калај

48.47

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07