Административниот одбор на Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB) донесе денеска одлука светските сениорски првенства во машка и женска конкуренција да се одржуваат под името Светски куп. Во исто време, досегашните натпреварувања под името Светски куп, кое последен пат се одржа во 2019 година, како и Светскиот куп на шампионите, одигран последен пат во 2017 година, заминуваат во историјата. Новото име ќе се користи за прв пат на XXI ...

Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027, откако вечерва претрпе убедлив пораз на гостински терен од Данска со 125-57 Во ослабен состав без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која стави крај на професионалната кариера, како и отсутните Ивана Кметовска и Матеа Николиќ, македонските кошаркарки без немоќни да му се спротивстават на данскиот ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ). Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15. Во второто полувреме ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферико Валверде, го предводеше својот тим до убедлив триумф над Манчестер сити. Уругваецот синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ги постигна трите гола во победата со 3:0. - Беше неверојатно. Секој сонува за ваков натпревар. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, кои играа толку сигурно зад мене, давајќи ми сила, мотивација и самодоверба. Исто така, сакам да им се заблагодарам ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, заврши.“ Тој рече дека САД „уништиле 58 ирански воени бродови“. Трамп се двоумеше во врска со Иран, припишувајќи ѝ на ...

Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила координиран напад со Хезболах врз северен Израел. Ова е нивна прва заедничка операција против Израел од почетокот на тековната војна. За заедничкиот напад претходно објавија израелски извори. „Либанското шиитско движење Хезболах истрела десетици ракети во северен Израел синоќа“, соопшти израелската војска, при што објави неколку погодоци. Службата за итни случаи „Маген Давид Адом“ во Израел ...

Ирански бродови натоварени со експлозив се чини дека нападнале два танкери за гориво во ирачките води, запалувајќи ги и убивајќи еден член на екипажот денеска, откако гранати погодија три брода во водите на Персискиот Залив, соопштија пристанишните, поморските фирми за безбедност и проценка на ризик. Најновите напади означуваат ескалација на конфликтот меѓу Иран и американските и израелските сили, при што најмалку 16 бродови се погодени во ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Утре ќе се задржи претежно ...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Пред членовите на Комисијата се Предлог одлуката за одржување на Надзорна расправа на тема „Институционалното постапување во случаи на пријавено семејно и родово - базирано насилство“ и Предлог одлуката за одржување на Јавна расправа на тема „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово - базирано насилство врз жени и семејно насилство ...

Во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) денеска во Европска куќа во Скопје ќе се одржи конференција на високо ниво на која ќе се дискутира за клучните приоритети поврзани со процесот на пристапување на земјата во Европската Унија, со учество на претставници на Владата, Делегацијата на ЕУ, социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија. На отварањето на конференцијата ќе се обратат првиот ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани повеќе сведоци. ...

Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни ...

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница, на чиј дневен ред се преостанати уште седум точки за разгледување. Пред пратениците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на добивка, и двата во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка. На дневен ...

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата. Ова е шеста координирана акција за ослободување на стратешки резерви откако ИЕА беше основана во 1974 година. Претходно, вакви мерки беа преземени во 1991 година за време на Првата заливска војна, во 2005 година по ураганот Катрина во Соединетите Американски Држави, во ...

Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943, од кои 38,2 проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6 732, Србија, 3 563, Бугарија, 3 256, Грција, 3 060, ... Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 проценти од странски туристи. Податоците на ДЗС покажуваат дека ...

Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување, информираше премиерот Христијан Мицкоски по средбата што се одржа попладнево во Владата. Преку објава на социјалните мрежи, премиерот нагласува дека нема да дозволат отстапувања и профитерство. Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ...

Ако денеска ме прашувате, состојбата е апсолутно нормална во државата, вели премиерот Христијан Мицкоски, два дена откако граѓаните плаќаат драстично поскапи горива. Иако вчера предлозите за интервенција ги нарече соцболшевистички мерки, денеска призна дека тие се на маса, но порача дека во моментов нема закана за функционирањето на системот и дека Македонија и натаму има едни од најевтините горива во регионот. Во меѓувреме, ДУИ предложи ...

Европскиот Парламент го изгласа извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ – нема место за „тројански коњи“, порача еврокомесарката Кос. Со 385 гласа „за“ и 147 „против“, европратениците денеска дадоа зелено светло за документот на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус и се согласија дека проширувањето е неопходно, потребно е надминување на билатералните блокади и дека процесот треба да остане базиран на заслуги. За ...

Нема притвор за 52 годишниот професор кој беше приведен по пријава на 18 годишна ученичка за приндување на полов однос. Според потврдени инфромации на тв 24 се работи за професорот Сокол Цфарку кој предавал вајарство во средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје. Тој доби мерки за претпазливост. Одземен му е пасошот, има забрана за приближување до девојчето како и забрана за извршување на работните обврски. ОЈО - На лицето ...

Државниот просветен инспекторат денеска врши вонреден инспекциски надзор во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, каде што учела малата Катја, која заедно со својата мајка по пад од зграда во Карпош ги изгубија животите. Инспекторатот ја прегледува и прибира документацијата, потврдуваат надлежни органи за Тв 24. Инспекторатот согласно своите законски надлежности треба да утврди дали основното училиште постапило и преземало ...

Не го познавам лично, но неговата биографија говори дека ќе биде одличен државен обвинител, вели премиерот Мицковски за владиниот предлог кривичниот судија Ненад Савески да седне на првото обвинителско столче. На владината седница се водеше конструктивна дебата каде беа анализирани сите кандидати, дополни премиерот. Кој изгорел на млеко дува и на јогурт. Од СДСМ преку народна изрека порачаа дека новиот обивнител ќе биде под лупа на ...

Лекари и медицински сестри од 31 медицинска установа од 19 европски држави, кои беа директно вклучени во преземањето и третманот на настраданите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат дел од тридневното одбележување на една година од најголемата трагедија во историјата на државата – пожарот во Кочани. Одбележувањето ќе почне во сабота со комеморација во чест на жртвите. Македонија ќе оддаде почит на 63 жртви – меѓу нив голем ...

Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се оспоруваше уставноста на законските измени за системот „Safe City“. Тоа значи дека безбеден град останува на сила.Судиите иако со поделени ставови одлучија дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата не се во спротивност со Уставот. Се офрлија иницијативите кои ја проблематизираа заштитата на личните податоци и приватноста, употребата на Законот за јазиците,како и ...

Секој граѓанин сам да одлучи дали сака да ги донира органите – здравствените власти подготвуваат законски измени по теркот на европските земји при што секој ќе има донорска картичка..... Сега во Македонија последниот збор го има семејството на починатиот. Проф. Д-р Билјана Кузмановска – Национална координаторка за трансплантација „Покрај она што сега стои во законот за трансплантација дека сите сме потенцијални донори тоа е т.н. претпоставена ...

Уставни измени со одложено дејство за влез во ЕУ е добар владин предлог а од стратешкото партнерство со САД земјата може и треба да очекува бенефит и на патот кон нејзините евроинтегративни процеси кои се блокирани од источниот сосед порача првиот човек на МАНУ Живко Попов на свечената седница по повод 59 годишнината од формирањето на академијата . Академик Попов осврнувајќи се и на актуелните глобални случувања пред кои е исправен светот ...

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава за министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос. Според синдикатот досега има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата а повеќе од 50 судски пресуди се во корист на синдикатот, од кои 8 се правосилни. Вработените велат дека министерствот не ги почитува судските одлуки. Синдикатот ...

Владата во Скопје ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, за како што велат да се анализира одговорот на институциите, здравствените експерти и меѓународните партнери, како и да се предложат системски решенија за подобра подготвеност при кризни ситуации... Владата во Скопје ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, за како што велат да се анализира ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со процесот на реконструкција на Универзалната сала, рече дека е донесена одлуката за избор на изведувач и оти се чека да се произнесе второстепената комисија по однос на жалбата. -Евалуацијата на документацијата заврши, ја донесовме одлуката за избор на изведувач, тоа беше минатиот понеделник. Чекавме десет дена, претпоследниот ден се појави жалба ...

Конфликтот на Блискиот Исток се интензивира. Иран изврши напади со ракети и беспилотни летала врз неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Израел, Катар и Обединетите Арапски Емирати, додека Израел и САД возвратија со воздушни напади врз ирански цели и во Либан. Американските сили целосно уништиле 16 ирански пловила кои поставувале мини во Ормускиот Теснец. Пентагон разработува дополнителни опции по директива на американскиот претседател ...

Во пресрет на годишнината од најголемата несреќа во историјата во државата градоначалникот на Кочани заедно со претставници на Здруженеито на родители на загинатите деца ја претстави тридневната програма со којашто ќе се оддаде почит на 63 загинати млади луѓе. Најави дека ќе присуствуваат и претставници на 31 медицинска установа од 19 држави од Европа... Во пресрет на годишнината од најголемата несреќа во историјата во државата ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.71
51%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
84%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
49%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
56%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
53%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84