Во услови кога за два месеци вредноста на синдикалната минимална кошничка порасна за 2 000 денари, предложеното усогласување на минималната плата за 1 667 денари е недоволно – изјави претседателот на ССМ Трендафилов во пресрет на највениот синдикален протест на 14 март. Повика на масовност. Синдикатите повторно ќе испратат порака за зголемување на платите. Протестот ќе почне во симболичен тајминг – 12 часот и пет минути од пред Работничкиот ...

Дали училиштето постапило со должно внимание во случајот со малата Катја која го загуби животот заедно со нејзината мајка Ивана по пад од зграда во Карпош. Просветниот инспекторат ќе врши вонреден надзор во „Песталоци“. Семејното насилство, какви се мерките за насилниците, дали жртвите се доволно заштитени, теми во 24 анализа. Дали училиштето постапило со должно внимание во случајот со малата Катја која го загуби животот заедно со нејзината ...

Кратко откако ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, американската јавност ќе види како паѓаат цените на нафтата и гасот, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција (израелско-американската воена интервенција против Иран) ќе резултира со ...

Земјите од водечките економии на Групата седум (Г7) изразија општа отвореност за ослободување на резервите на нафта во итни случаи, со оглед на економските влијанија од војната во Иран. „Во принцип, ние ја поддржуваме имплементацијата на проактивни мерки за справување со ситуацијата, вклучително и користењето на стратешките резерви“, се вели во денешното заедничко соопштение на министрите за енергија на земјите од Г7. Цените на нафтата ...

Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и „економските последици од оваа криза“. Деталите околу владините мерки за справување со профитерството дополнително ќе бидат соопштени од ...

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе разгледува две спротивставени нацрт-резолуции за војната во Иран. Едната е поднесена од земјите од Персиски Залив и Јордан, а другата од Русија. Нацрт-резолуцијата поднесена од Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ) во која се осудуваат иранските напади врз Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан и повикува на итен прекин на сите напади и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги истакна економските последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива. „Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, изјави фон дер Лајен денеска во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција. „Ако го преведете ова во евра: 10 дена војна ...

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во македонско Собрание, Кире Божиновски ја образложи потребата од донесување на законските измени на Законот за возила. Божиновски рече дека со овој законските измени се решаваат две клучни прашања, а тоа се ...

Денска се одбележува 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Евреите од Битола, Штип и Скопје ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол, од каде во три наврати биле депортирани во логорот Треблинка ...

Европската Унија нема да дозволи да се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности или институции - порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на расправата за стратегијата за проширување на ЕУ, којашто треба да се усвои денеска. За време на дебатата за проширувањето во Европскиот парламент, Кос нагласи дека инсистирањето на владеењето на правото како клучен приоритет неизбежно го зајакнува кредибилитетот на ...

Три различни иницијативи во врска со системот Сејф сити денеска се пред Уставниот суд. Сите иницијативи се споени во една. Уште пред официјалното воведување на системот на камери беше искажана загриженост од повеќе страни во делот на заштитата на личните податоци, како и за приватноста и слободата на движење. Системот Сејф сити е во функција од 1 февруари, откако беа донесени измени на Законот за прекршоци. За почеток е воведен во Скопје, ...

Судскиот совет одлучува за право на надоместок на трошоци за вршење судиска функција. На седницата на дневен ред се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и извештајот на комисијата за навременост на ...

Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да ...

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 50.087.531 на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.02.2026 до 28.02.2026. Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Во февруари имавме: 3 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 21.649.362 денари 1 5 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 2 1.949.702 денари МИНИ џекпот добитници → играчите заедно поделија 6.488 . 467 денари ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател. „Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм. Иранската државна телевизија го опиша ...

Девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлога за донесување на конечни одлуки се на дневен ред на денешната седница на судот. Меѓу иницијативите што ќе се најдат на дневен ред е и онаа со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поднесена од Славко Лазовски, кој смета дека овој термин не е усогласен со современите уставни вредности. Судот ќе ја ...

Сомнителен проектил погодил контејнерски брод во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати во близина на Ормутскиот теснец, соопшти Британската организација за трговска морнарица. „Капетанот на контејнерскиот брод пријавил штета веројатно предизвикана од неодреден проектил“, соопшти организацијата. Инцидентот се случил 25 наутички милји (46 км) северозападно од Рас ал-Хаима во Емиратите, во близина на Ормускиот теснец. Нема жртви или ...

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа. Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во ...

Израелската армија рано утрово објави дека нападнала позиции на либанското шиитско движење Хезболах, објави ДПА. Нападите беа извршени врз инфраструктурата на групата поддржана од Иран во јужните предградија на Бејрут, позната како Дахија, соопшти војската. Областа се смета за упориште на Хезболах. Пред околу една недела, шиитското движење продолжи со гранатирањето на Израел како одговор на израелското убиство на иранскиот врховен лидер ...

Ерупција од вулканот Килауеа на Хаваи привремено затвори еден национален парк и дел од еден голем автопат, бидејќи вулкански остатоци, вклучувајќи пепел, паѓаа од ерупцијата. Фонтаните од лава што почнаа да извираат рано утрово се 43-ти во серијата ерупции што започнаа во декември 2024 година. Преносите во живо покажаа светло црвена лава и чад што се издига од кратерот. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае сегашната ерупција. Претходните ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по ...

Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. - Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е ...

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската ПВО пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната. Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но армијата веќе ...

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо ...

Ракометарите на Вардар синоќа остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија последниот натпревар сезонава во АБА 2 лигата откако на гостувањето беа поразени од Широки Бријег по продолжение со 111:109 (23:24; 31:16; 23:24; 15:28; 10:10 и 9:7). Со овој пораз „металците“ со скор од 4-4 (победи-порази) го завршија натпреварувањето на деветтото место. Македонскиот претставник одигра слабо во вториот период и на полувреме домаќинот водеше со 54:40. Во последната четвртина МЗТ ...

Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток. Воените случувања го принудија да замине од Тел Авив и со семејството да дојде во Сплит каде што претходно неколку сезони го носеше и дресот на Хајдук. Сахити е играч под договор со Хамбургер (Бундес лига) и беше на позајмица во Макаби Тел Авив. Тој на пет натпревари постигна четири голови, а Макаби според германскиот Билд размислуваше ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една импресивна сезона во НБА лигата. На дуелот против Оклахома Сити, кој неговата екипа Денвер го загуби Јокиќ успеа да стигне до 500 асистенции во сезоната. За центарот на Денвер ова е осма сезона како успева да има повеќе од 1.000 поени, 500 скокови и 500 асистенции. Во НБА лигата единствено легендата Леброн Џејмс има одиграно 13 сезони со такви бројки по сезона. Јокиќ сезонава има имаше повеќе од ...

Процепот што се отвори на една швајцарска планина се шири, соопштија денеска локалните власти, изразувајќи загриженост дека дел од планината би можел да попушти и да го загрози селото под неа. Пукнатината сега е долга 250 метри и широка помеѓу 80 и 100 сантиметри. Се зголемува до 4 милиметри дневно, пренесе ДПА. Се наоѓа во регионот Вал д’Анивиер во јужна Швајцарија, недалеку од малиот град Сиер. Геолозите проценуваат дека до 500.000 кубни ...

Градоначалникот на Кран-Монтана повеќе нема да носи одлуки за последиците од пожарот во барот во швајцарскиот скијачки центар за време на новогодишната прослава, соопшти денеска општинскиот совет. Никола Феро ќе продолжи со своите други должности како градоначалник, но нема да биде вклучен во никакви одлуки во врска со пожарот, пренесе ДПА. Одлуката дојде по завчерашната најава дека официјалната истрага за пожарот е проширена за да го вклучи ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
55%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
43%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
57%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39