Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си. Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан ...
САД му доставиле на Иран план од 15 точки за ставање крај на конфликтот, пренесуваат светските агенции информации од американски медиуми. Со планот меѓу другото се бара од Техеран да го предаде сето нуклеарно гориво со кое располага, како и да го отвори Ормускиот теснец за пловидба. Според весникот „Њујорк Тајмс“ и израелскиот „Канал 12“, администрацијата на Доналд Трамп своите барања го Иран ги доставила преку посредство на Пакистан, кој ...
Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави. Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. -Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот Влада-со-Влада. Станува ...
Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање. Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија - праисториски музички инструмент“. Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“ и ...
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека е подготвена повторно да ја преземе функцијата претседател на Владата по вчерашните парламентарни избори на кои победи левиот блок, но не успеа да освои апсолутно мнозинство. - Повторно сум подготвена да ги преземам одговорностите како премиерка на Данска за следните четири години - изјави Фредериксен, чија партија ги забележа најлошите резултати од 1903 година досега. Таа призна дека очекувале ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми. „Повторно ја истакнав апсолутната неопходност да се стави крај на овие неприфатливи напади врз земјите во регионот, да се зачува енергетската и цивилната инфраструктура и да се обнови ...
Портпаролот на иранските вооружени сили ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран бара договор за прекин на војната на Блискиот Исток, нагласувајќи дека САД „преговараат само со самите себе“. Потполковник Ебрахим Золфагари, портпарол на Генералниот штаб на иранските вооружени сили, оваа изјава ја даде во претходно снимено видео емитувано на државната телевизија. „Стратешката сила за која зборувавте се претвори во ...
Папата Лав Четиринаесетти изрази загриженост поради растечките непријателства и ширењето на воениот конфликт на Блискиот Исток и упати повици за прекин на огнот. Во услови кога се посочуваат извештаи за планови за американска копнена офанзива во Иран, првиот Папа што доаѓа од САД изрази жалење што „омразата се шири, а насилството станува се потешко и потешко“. „Сакам да го обновам повикот за прекин на огнот, да работиме за мир, но не со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог - одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи ...
Корисниците од Центар и Шуто Оризари денеска во одреден период од денот ќе останат без електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија АД. Во периодот од 8:30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Хусеин Бајрам“ во општина Центар. Во периодот од 10:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари. Корисниците од Центар и Шуто Оризари денеска во одреден период од ...
Наместо денеска да се најде на владина седница законот за заштита од пушење се уште ќе чека забелешки и мислење од засегнати страни. Министерот Алиу вели дека сега се усогласува со министерството за земјоделство. „Се надевам дека наредната седница на влада веќе ќе имаме усогласеност. Ние очекувавме денеска да помине, но ќе мора да имаме усогласеност со сите институции за да може да помине на седница на влада со министерството за земјоделие ...
Констатацијата дека полициските службеници често и лажно се правеле болни, како и дека секое петто боледување во Министерството за внатрешни работи е лажно, за првиот човек на МВР е катастрофална. Истрагата која, како што вели Тошковски била иницирана на негово барање сè уште не е затворена и тој прстот го впери и во лекарите. По утврдените неправилности во издадените боледувања во МВР од страна на Фондот за здравство, денеска на прашање на ...
Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. Ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а ...
По повеќе од два месеци откако заврши јавниот повик на град скопје избрана е фирмата која ќе го гради луна паркот во Скопје. За најповолен понудувач е избрано друштво за градежништво, трговија на големо и мало, увоз-извоз „Мастеф“, а каква понуда дала оваа фирма и колку ќе го чини луна паркот градските власти треба да обелоденат откако ќе биде потпишан договорот. Инаку, „Мастеф“ дооел е фирма за која СДСМ уште пред една година обвини дека е ...
Ценовниот притисок го топи економскиот раст. Сè поизвесно е дека годинава инфлацијата нема да заврши на 2,5 проценти, како што проектираше Владата, а економистите за ТВ 24 предупредуваат дека под знак прашалник влегува и планираниот раст на економијата од 3,8 насто. Новиот нафтен шок веќе се прелева врз трошоците за живот, а дилемата е дали државата ќе остане само на досегашните интервенции или ќе посегне и по нови мерки. Според гувернерот на ...
Продолжува растот на цената на горивата на светските берзи...Барел нафта од типот „Брент“ повторно се тргува за повеќе од 100 долари. За 2,9 процента порасна на азиските берзи додека истовремено, зголемување на цената за 3,5 отсто има и кај американската референтна нафта „Вест Тексас “. Промените на светските берзи, влијае врз цената на макдонските бензиски пумпи..Од почеѕтокот на војната на блискиот исток, дизелот поскапе за околу 30 ...
166 500 евра лани биле платени за стан во Општина Аеродром. Највисока цена за куќа во 2025 година достигнала во Општина Центар, каде се продал и најскапиотделовен простор кој чинел фантастични 6,8 милиони евра. Ова се најновите податоци од Годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности. Податоците велат дека најмногу недвижнини се продале во Општина Центар во минатата година, каде што е регистрирана и највисоката просечна цена на ...
Денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ беше прекинато откако адвокатката на обвинетиот Нехад Нухи, Анита Бегова ја напушти судницата незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази од Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра за нарушување на редот и навреда на судот. Реакцијата на Бегова следеше откако Обвинителството почна да изведува материјални докази, документи поврзани со набавки на лекови, ...
Над 129 милиони денари или околу 2,1 милион евра од буџетот наменет за изборни активности во 2024 биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање забележува Државниот ревизор во своите извештаи а кои се однесуваат на ДИК за изборниот процес во 2024та. Ревизорот укажува и на тоа дека треба да се преиспита начинот на распределба на сретствата за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи, но и да се усогласат ...
Некои луѓе не заслужуваат да бидат коментирани рече денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот настан во Тетово каде новинар и побара преведувач на министерката за образование Јаневска. Според премиерот институциите нема да бидат дел од "циркус и естрадни препукувања." Со реакција се огласи и Владата од каде бараат Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикатот на ...
Уставна тужба и реформи во Уставниот суд. Костадиновски, Мицкоски, Рокас и Вал на тркалезна маса во Уставниот суд. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски поосчи дека Уставниот суд е единствен на европско тло кој нема закон за Уставен суд. Уставот како тема, според Костадиновски е чувствителна тема, а кога ќе се создадат услови ќе се пристапи кон институционална реформа. Дарко Костадиновски-претседател на Уставен суд на РСМ „Шест ...
Наместо денеска да се најде на владина седница законот за заштита од пушење се уште ќе чека забелешки и мислење од засегнати страни. Министерот Алиу вели дека сега се усогласува со министерството за земјоделство. „Се надевам дека наредната седница на влада веќе ќе имаме усогласеност. Ние очекувавме денеска да помине, но ќе мора да имаме усогласеност со сите институции за да може да помине на седница на влада со министерството за земјоделие ...
Коалициските партнери на Христијан Мицкоски од мај почнувата да делуваат во една партија, најува за ТВ 24 извор од Вреди, за мај е најавено основачко собание, по кое ќе следи и Конгрес. Според информациите на ТВ 24 начално е договорено Изет Меџити и Билал Касами да бидат копретседатели, а Беким Сали генерален секретар . А во најтесното раководство не се исклучува ад се најдат и пратеничката Мимоза Муса како потпретседателка како и ...
Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза со спротивставени тврдења за можни преговори и континуирани воени напади на терен. Додека Вашингтон зборува за напредок во разговорите, Техеран го негира тоа, а тензиите во регионот не стивнуваат. Израелската армија изврши напади врз Иран. Иранската Исламска револуционерна гарда одговори со нови воздушни напади врз американската и израелската воена инфраструктура. Иранскиот министер за ...
Централната банка ја следи состојбата и е подготвена да одговори со сите расположливи инструменти. Шокот од кризата е поголем од оној од 2021 година, но лекциите се научени. Депозитите се стабилни, девизните резерви се повисоки од пред пандемијата, порачува првиот човек на централната банка во земјава Трајко Славески. Во изјава за медиумите, Славески рече дека девизните резерви се за околу 70 проценти повисоки од пред пандемијата и дека тоа е ...
„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството - вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу ...
Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра. На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални докази – околу 180 страници документи поврзани со ...
Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој биле дел од темите за кои разговарале денеска во Брисел министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. За средбата и темите за кои се разговарало за време на вториот ден од посетата на Брисел информираше ...
Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтентни на ОКТА. -Да, во текот на вчерашниот ден министерката за енергетика имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште едне денар. Така што, од денеска ќе имаме три денари попуст на сите бензиснки пумпи кои се коминтентни на ...