Европската комисија, поради нестабилноста на пазарот предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, ги повика земјите членки да ја почнат сезоната на полнење на складиштата за гас на координиран и навремен начин и да се подготват за следната зима. - Навремените и координирани подготовки се од суштинско значење за да се обезбеди правилно полнење на складиштата за гас за следната грејна сезона, адаптирање кон пазарните услови и примена на ...

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска му ја поднесе оставката на својата влада на кралот откако нејзината трипартиска коалиција претрпе убедлив пораз на парламентарните избори, соопшти кралската палата. Партиите се подготвени да влезат во потенцијално тешки и долги преговори за да утврдат дали Фредериксен или друг лидер на партијата ќе ја формира следната влада. На власт од 2019 година, 48-годишната Фредериксен водеше кампања за да ги ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез објасни денеска во парламентот во Мадрид дека неговата земја се спротивставува на нападите врз Иран затоа што не сака да учествува во „нелегална војна“ и да ја повтори грешката од окупацијата на Ирак во 2003 година. „Тоа што таму се случува е катастрофа. Тоа е она што досега го постигнаа застапниците на војната“, рече Санчез, обраќајќи и се на опозициската десница собрана околу Народната партија и партијата Вокс ...

Техеран денеска ги предупреди САД да не распоредуваат копнени трупи во Иран, откако во безбедносните извештаи се наведува дека Вашингтон префрла сè повеќе сили во регионот на Заливот, јави ДПА. „Внимателно ги следиме сите движења на САД во регионот, особено распоредувањето на трупи“, напиша претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф на Икс. „Не ја тестирајте нашата решеност да ја браниме нашата земја“, рече Галибаф, кој е поранешен ...

Израелскиот политичар од партијата Сино и бело, Аври Штајнер предложи Израел да купи 40 ненаселени грчки острови во Егејско Море, за да ги користи како засолниште за израелските граѓани во случај на војна, објави на израелскиот весник „Маарив“. Штајнер купувањето на ненаселени грчки острови ја оцени како втора Железна купола, поради опасноста од иранските ракети кои можат да погодат цели во Израел. - Тие не мора да бидат само острови, за мене ...

Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не издава лиценца за работа на дискотеката „Пулс“, бидејќи објектот се наоѓал во зона за лесна и незагадувачка индустрија. Ова го истакна сведокот Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште, на денешното рочиште што се одржува во судницата во „Идризово“ за пожарот во кој загинаа 63 ...

Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд - најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР информираат дека в петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ...

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала во 12:05 часот во Скопје регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 5 минути беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2,7 степени според Рихтеровата скала. ...

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од САД. Возилата се дел од договорот со САД за модернизација на Армијата. Со нив се очекува зголемување на мобилноста и борбената готовност, а според Владата - оваа набавка претставува значаен чекор во јакнењето на одбранбените капацитети на земјата. Владата и Министерството за одбрана денеска ...

Некогашното училиште „Свети Сава“ во стариот дел на Охрид, изградено на крајот од 19. век, е во исклучително лоша состојба пред рушење со распадната фасада и уништен кров, иако е прогласено за значајно културно наследство на Македонија. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бараат од надлежните да преземат итни мерки и активности за да се спаси и сочува овој вреден објект кој е оставен на забот на времето. Некогашното училиште „Свети Сава“ ...

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На предлог на Обвинителството денеска сведочат три лица од Општината Кочани. На претходното рочиште беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и вработен во Дирекцијата за заштита и спасување кој изјави дека според негови сознанија Дирекцијата не вршела инспекциски надзори врз ...

Европа веќе следниот месец би можела да се соочи со недостиг на горива доколку дојде до продлабочување на кризата на Блискиот Исток, предупреди извршниот директор на нафтената компанија „Шел“, Ваел Саван. Тој изјави дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе принудил делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергенси и оти постои ризик такво сценарио во рок од неколку дена да се прелее кон Запад. Поради тоа, европските влади би ...

Германија почна серија транспорти на нуклеарен отпад во својата најнаселена сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија - изјави портпарол на покраинското Министерство за внатрешни работи за агенцијата ДПА. Првиот конвој, кој превезуваше контејнер од типот „Кастор“, доцна вчера тргна од поранешниот истражувачки реактор во западниот град Јилих и рано утрово пристигна во привременото складиште во Ахаус, речиси четири часа по поаѓањето, јави ...

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа ...

Беспилотно летало утрово навлезе во воздушниот простор на Естонија од насока на Русија и удри во оџак на локална електроцентрала, соопшти Службата за внатрешна безбедност на земјата. Естонските власти информираа дека нема повредени лица, ниту е предизвикана штета врз објектот на електроцентралата. Истовремено, локалните власти во соседна Летонија пријавија дека два дрона навлегле во нивниот воздушен простор – едниот од Русија, а вториот од ...

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството. Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување изјави дека според негови сознанија Дирекцијата нема вршено инспекциски надзори врз кабареа и дискотеки во Македонија се до пожарот во Кочани. Во судницата во Идризово ...

Началникот на француската армија Фабиен Мандон изјави дека САД станале непредвидлив сојузник, што влијае врз француските интереси и безбедност. „Изненадени сме од американскиот сојузник, кој и натаму останува сојузник, но станува сѐ понепредвидлив и веќе не се ни обидува да не информира кога одлучува да покрене воени операции. Тоа има влијание врз нашата безбедност и врз нашите интереси“, изјави Мандон на безбедносен и одбранбен форум во ...

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“. Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој официјално не објавил дека малолетникот ќе биде сослушан, но на тоа укажува фактот дека во текот на ...

Европската комисија предупреди дека одлуката на словачката влада да воведе различни цени на дизел за возачи со словачки и странски таблички во период од 30 дена претставува дискриминација и е спротивно законите на Европска унија. Возачите со странски регистарски таблички во Словачка сега плаќаат во просек 1,83 евра за литар дизел, што е околу 20 проценти повеќе од цената што ја плаќаат домашните потрошувачи. Портпаролот на ЕК, Рикардо ...

Иран одговори на американскиот мировен план од 15 точки со свои барања кои вклучуваат затворање на сите воени бази на САД на Блискиот Исток и наплата за премин низ Ормуската Теснина, објави Волстрит џурнал. Покрај затворањето на базите во регионот на Заливот, Техеран бара отштета за нападите врз земјата, гаранции дека војната нема повторно да започне, прекин на израелските напади врз Хезболах и укинување на сите санкции. Иран, исто така, ...

Министерството за одбрана на САД подготвува распоредување на околу 3.000 војници од 82-та воздушнодесантна дивизија на Блискиот Исток, јавија американски медиуми. Овие специјални сили се обучени за воздушнодесантни операции со употреба на падобрани. Според повеќе медиумски извештаи, повикувајќи се на неименувани американски претставници, планот предвидува испраќање околу 3.000 војници за поддршка на операции против Иран, но не е јасно колку ...

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал. -Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржа предавање на Правниот факултет во Загреб. За време на посетата, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со деканот проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето, кое ќе се одржи на хрватски јазик, ќе овозможи интеракција со студентите преку поставување прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас. ...

Романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски, објавен лани од „Бегемот“, ќе биде промовиран денеска во бистрото „Комедија“ во Скопје. -„Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што дејствува како главен лик. Токму во тоа лежи и неговата необичност. Во книжевноста ретко се случува времето да не биде само рамка во која ...

Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа осум натпревари од 33.коло. Лидерот Фенербахче загуби како гостин во Белград од Макаби. Израелскиот тим му го нанесе десеттиот пораз на тимот од Истанбул. Постигнати резултати: Макаби – Фенербахче 94:89 Жалгирис – Баерн 78:71 Монако – Милано 90:85 Дубаи – Панатинаикос 104:107 Барселона – Ефес 78:71 Валенсија – Олимпијакос 85:84 Партизан – Лион 79:78 Реал Мадрид – Хапоел Тел-Авив 92:83. Колото ќе ...

Американската тенисерка Коко Гоф ја ноќеска ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ во четвртфиналето на турнирот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 15 минути и заврши со резултат 6:3, 1:6 и 6:3. Дваесет и двегодишната Американка сервираше шест аса, направи пет двојни грешки и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, немаше двојни грешки и реализираше четири од пет брејк топки. Гоф ќе се соочи со Чехинката ...

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион. „Салах ја изрази својата желба што поскоро да им обезбеди транспарентност на своите фанови за неговата иднина од почит и благодарност кон нив, се наведува во клупското соопштение. Триесетитригодишниот египетски напаѓач ја потврди информацијата во видеопорака на социјалните мрежи. „За жал, дојде ...

Ракометарите на ГРК Охрид ги привршуваат подготовките за гостувањето претстојниот викенд во Атина каде ќе го играат првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп против домаќинот Олимпијакос. Хрватскиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ, во изјава за клупскиот сајт посочи денеска дека македонскиот тим го очекува тежок натпревар против квалитетен противник. „Нè очекува тежок натпревар против Олимпијакос во ...

Шампионската трка во Првата македонска футсал лига заврши, откако КМФ Проект ја обезбеди титулата на четири кола до крајот на сезоната. До својата втора титула во клупската историја, КМФ Проект дојде во доминантен стил, забележувајќи 14 победи во исто толку натпревари оваа сезона. „Оваа титула е резултат на континуирана работа, дисциплина и верба во процесот. Горд сум на тимот, на стручниот штаб и на сите кои стојат зад клубот. Покажавме ...

Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа повика на „максимална воздржаност“ по соопштението на Иран за удари извршени врз нуклеарната електроцентрала во Бушер. МААЕ соопшти дека од Иран вчера добиле информација дека „уште еден проектил ги погодил објектите“ на нуклеарката во Бушер, без притоа да предизвика штети. „Генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси го повтори својот повик за максимална воздржаност, за да се избегне каков ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
38%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Калај

50.03

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84