Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие евидентираше седум случаи на семејно насилство на различни локации низ државата, при што четири лица се лишени од слобода, а во повеќе случаи се водат истраги и ќе следуваат соодветни пријави. Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот партнер, 25-годишниот А.Е. Полицијата ...

Единаесет лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп, откако кај нив била пронајдена дрога, додека при претрес во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле откриени и таблети кај осуденик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во текот на 5 и 6 јули, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Т. (37), З.Т. (25), И.Д. (31), Б.Ј. (20), М.Г. ...

Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...

Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и ...

Со потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), официјално започнува нова фаза во реализацијата на автопатот Скопје–Блаце, проект кој Владата го оценува како еден од најзначајните инфраструктурни за поврзување на Македонија со регионот. Грантот во вредност од 30,8 милиони евра е обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), а ...

Двајца браќа се здобиле со повреди во напад со нож што се случил во тетовското село Пршовце, откако претходно, според нивната пријава, добиле закани и барање да му исплатат 100.000 евра на осомничениот, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 5 јули во 23:35 часот во СВР Тетово, 41-годишниот С.А. и неговиот брат А.С. (42) пријавиле дека околу 21:00 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, ...

Двајца жители на Скопје се приведени под сомнение дека го предизвикале големиот пожар што вчера попладне избувна во напуштен објект на булеварот „Македонија“, во близина на „Рампа“, во центарот на главниот град. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за С.А. (34) и И.Х. (39), кои се осомничени за кривичното дело „предизвикување општа опасност“. Пожарот предизвика сериозна интервенција на скопската ...

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на ...

Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој се сомничи дека во текот на изминатиот месец извршил повеќе кражби во верски објекти. Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според првичните сознанија, тој е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во црквата во селото ...

Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќаше пред сѐ анализа на постојната ...

Пишува: Фатмир Битиќи Во последните денови повторно, како ехо на авторитарно време кое мислев дека е зад нас, се наметна една теза: дека партијата им дала сè на луѓето. Изговорена можеби како порака за лојалност, но доживеана како потсетник дека поединецот треба вечно да биде должен. Како човекот да е политички производ, а не личност со труд, став, биографија, интегритет и јавен придонес. Тоа ме натера да размислам за едно суштинско ...

Во летните горештини, клима-уредите се најбрзото и најпрактичното решение за разладување на домот. Сепак, голем број граѓани, во обид да заштедат на сметките за електрична енергија, ја вклучуваат климата само повремено – по неколку минути или часови во текот на денот. Според експертите, токму ова е една од најчестите грешки што може да доведе до поголема потрошувачка на струја. Современите инвертер клима-уреди се дизајнирани да работат ...

Двегодишна научна студија спроведена од истражувачи од „Центарот за примена на концепт за намалување на штети“ покажува дека преминувањето од класични цигари на електронски цигари или производи кои го загреваат тутунот може значително да го намали оштетувањето на крвните садови и ризикот од развој на заболувања поврзани со пушењето. Истражувањето, кое било спроведено од меѓународен тим експерти со анализи извршени во независни ...

Вкупно 70 санкции и шест лишувања од слобода се епилогот од акциската контрола што ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување на подрачјето на Струмица. Контролата била реализирана на 5 јули, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, а била насочена кон санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични ...

Додека европските земји ја препознаваат стратешката важност на критичните минерали и вложуваат во отворање нови рудници, Македонија и понатаму нема реализирано ниту еден нов поголем проект за металични суровини. Еден од најзначајните е проектот „Иловица“, каде геолошките истражувања покажуваат резерви од околу 500 милиони тони руда со проценети 410.000 тони бакар. Според инвеститорот, годишното производство би надминало 10.000 тони бакар, ...

Започна постапката за избор на компанија што ќе ја реализира завршната фаза од чистењето на опасниот линдан од малата депонија во поранешната хемиска фабрика ОХИС. Преку меѓународен тендер, што го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проекти (УНОПС), ќе се избира изведувач кој ќе го отстрани преостанатиот опасен отпад од третата, четвртата и петтата касета на депонијата. Тендерската постапка следува откако Владата кон крајот ...

Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одржи надзорна расправа посветена на примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со фокус на неговото практично спроведување и предизвиците со кои се соочуваат институциите задолжени за неговата имплементација. На седницата се поканети претставници на надлежните институции, универзитетски професори, лектори и експерти од областа на македонскиот јазик, кои ќе ги презентираат ...

Овен Пред вас е динамичен ден исполнет со нови предизвици и можности за напредок. На работното место ќе бидете полни со идеи, а вашата енергија лесно ќе ги мотивира и луѓето околу вас. Сепак, обидете се да не реагирате импулсивно доколку некој не се согласи со вашите ставови. Финансиски, можно е да добиете добра вест поврзана со исплата, бонус или нов извор на приходи. Во љубовта, партнерот ќе очекува повеќе внимание и разбирање, додека ...

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“ со ново рочиште на кое Јавното обвинителство ќе ја продолжи доказната постапка. На денешното рочиште се очекува обвинителството да презентира листинзи од телефонската комуникација, кои се дел од материјалните докази во предметот. По нивното ...

Норвешка приреди вистинска сензација на Светското првенство, елиминирајќи го петкратниот светски шампион Бразил со 2:1 во осминафиналето и обезбедувајќи историски пласман меѓу осумте најдобри селекции на турнирот. Херој на Норвежаните беше Ерлинг Халанд, кој во завршницата на натпреварот го скрши отпорот на „кариоките“ и со два погодоци ја одведе својата репрезентација до една од најголемите победи во нејзината историја. По израмнета игра ...

Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на Вимблдон, откако со победата над Роман Сафјулин ја забележа својата 106-та победа на тревните терени на Ол Ингланд Клубот. Со тоа српскиот ас го надмина рекордот на Роџер Федерер и стана најуспешниот тенисер во историјата на Вимблдон според бројот на победи. Во меч што траеше четири сета, Ѓоковиќ славеше со 7:6 (8:6), 6:3, 3:6, 6:3 и обезбеди пласман во своето 17-то четвртфинале на ...

Еден пожарникар е повреден при интервенцијата за гаснење на големиот пожар што попладнево избувна во објект кај „Рампа“ во скопската населба Кисела Вода. Повредениот веднаш бил пренесен на скопските клиники, каде му е укажана лекарска помош. Пожарот, кој предизвика голема вознемиреност кај жителите на овој дел од градот, благодарение на брзата и координирана интервенција на екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, за кратко ...

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил пронајден починат во својот семеен дом на подрачјето на општина Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот, од Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека во домот е пронајдено безживотното тело на М.Ц. (24) од Скопје. Според првичните сознанија, младиот човек имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска ...

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска преку објава на социјалните мрежи се осврна на реакциите што следуваа по нејзиното учество на иницијативата „Разговорите за Македонија“, нагласувајќи дека нејзиниот ангажман не е насочен против партијата, туку, како што вели, во интерес на нејзино обновување и зајакнување. Таа посочи дека во изминатите денови добила бројни пораки и телефонски повици од граѓани, поддржувачи, пријатели, но и ...

Голем пожар избувна попладнево на Јужен булевар во центарот на Скопје, каде што пламен зафати барака лоцирана покрај булеварот, во близина на поранешниот Пазарен инспекторат. На терен интервенираат повеќе противпожарни екипи кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување кон околните објекти. Густ црн чад се издига над местото на пожарот и ги прекри околните станбени згради, додека голем број вознемирени ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен ...

Петнаесетгодишник од Велес е приведен откако украл патнички автомобил, со кој подоцна удрил во бетонски ѕид, а потоа го напуштил местото на незгодата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 4 јули, полициски службеници од СВР Велес, во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со малолетникот. Според полицијата, истиот ден на улицата „Алексо Демниевски“ во ...

Новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално започна со работа за мандатниот период од 1 јули 2026 до 1 јули 2029. Сенатот е конституиран по седницата одржана на 23 јуни 2026 година, а од почетокот на јули и формално ги презеде своите надлежности, кои ќе ги извршува согласно Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот. Како што соопшти УКИМ, по спроведеното гласање на ...

Полициски службеници од СВР Тетово запленија околу 116 грама хашиш при претрес во гостиварското село Здуње, а едно лице е лишено од слобода. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 4 јули од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58