Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Либанскиот претседател Џозеф Аун ги осуди нападите врз земјата денес, изразувајќи страв од можна инвазија по бомбардирањето на мостот Касмија. „Овие напади претставуваат опасна ескалација и очигледно кршење на суверенитетот на Либан“, напиша либанскиот претседател на платформата X (X) по израелското бомбардирање на мостот Касмија на реката Литани, во јужниот дел на Либан. Аун додаде дека ги смета овие напади за вовед во копнена инвазија, ...
Во првите реакции на повратната посета на премиерката Санае Такаичи на Вашингтон, јапонските медиуми изразуваат задоволство од блискиот однос што таа го воспостави со американскиот претседател Доналд Трамп и фактот дека таа издаде заедничка изјава во која двете земји изразуваат интерес за мир и стабилност во Тајванскиот теснец и се спротивставуваат на промена на статус кво преку „(воена) сила и принуда“. Јапонските аналитичари веруваат ...
Нова политичка бура ја тресе Европската Унија откако „Вашингтон пост“ објави истрага во која се тврди дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто со години споделувал доверливи информации од состаноците на ЕУ со рускиот министер Сергеј Лавров. Според извештајот, повикувајќи се на европски функционер, Сијарто за време на паузите од состаноците на Советот на ЕУ директно контактирал со Лавров и го информирал за текот на ...
Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со возило на земја. Поради инцидентот американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони, како што наведе поради вонредна состојба. ФАА не наведе други детали. „Ер Канада“, ФАА и противпожарната служба на Њујорк сè уште не го коментирале инцидентот. Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот Ла ...
Иран поседува балистичко оружје со кое може да ги загрози Рим и Лондон, пишуваат европските весници, посочувајќи дека американските и израелските напади не ги неутрализирале ракетните капацитети на Техеран. Италијанскиот весник „Ла Република“ наведува дека за евентуален напад врз европски цели, лансирните позиции би требало да се наоѓаат во северниот дел на Иран. Притоа се истакнува дека европските земји во моментов немаат оперативен ...
Израелските безбедносни сили (ИДФ) на Телеграм објавија дека „почнале широк бран напади насочени кон инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран“. Во источниот дел на Техеран утрово се слушнаа силни експлозии, а активирана е и иранската противвоздушна одбрана. Израел и САД го нападнаа Иран на 28 февруари, а Техеран возврати со ракетни и беспилотни напади врз Израел и земјите сојузнички на САД во Персиски Залив. ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги посочи можните последици што војната на Блискиот Исток би можела да ги има врз Грција и Европа, нагласувајќи дека Европа мора да биде подготвена, со јасен и употреблив план, во случај на напад врз нејзина територија. Тој нагласува дека настаните што се случуваат на илјадници километри директно влијаат врз Грција и Европа – од геополитичките тензии и енергетската несигурност до промените во ...
Од утре, понеделник (23 март), транспортерите од Босна и Херцеговина почнуваат масовни протест поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Блокадите ќе започнат точно во 07:00 часот наутро и ќе ги опфатат сите гранични премини наменети за камиони, вклучувајќи ги и оние со Србија. „Протестот е реакција на нехуманиот третман и ограничувањата кои ги оневозможуваат возачите од Западен Балкан нормално ...
Владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода освои најмногу гласови на 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, според првата излезна анкета објавена вечерва. Сите гласачки места, околу 3.000 од нив, беа затворени во 19 часот, а излезноста до 16 часот беше 50,37 проценти, што е за околу еден процент повеќе од истиот период за време на последните парламентарни избори во 2022 година. Првата излезна анкета објавена ...
Владата на Словенија донесе одлука со која од денеска се ограничува полнењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица. Ова доаѓа откако последните неколку дена имаше проблеми со снабдувањето на голем број пумпи во земјата. Проблемот со снабдувањето со гориво е најзабележителен на бензинските пумпи на Петрол, за што зборуваше и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој ги повика трговците со нафта да размислат за мерки ...
Либералната партија на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок, покажуваат првичните официјални резултати. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти државната изборна комисија. Опозициската ...
Најавен како мирен протест, со марширање низ Тирана, вчерашниот собир на опозицијата многу не се разликуваше од претходните, освен што немаше обраќање на претставници на политичките партии. Приврзаниците се собраа пред зградата на владата, каде почнаа да фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон објектот, поради што мораше да интервенира противпожарно возило. Полицијата ја растури толпата со водени топови и солзавец. Предводени ...
Долгоочекуваниот судски процес за железничката несреќа пред три година кај месноста Темпи, почнува денеска во специјално адаптираната просторија на конгресниот центар на Универзитетот Тесалија во грчкиот град Лариса, а обвинети се 36 лица, од кои 33 се гонат кривично, јави дописничката на МИА од Атина. Поради почетокот на судењето, грчката железница утрово започна 24-часовен штрајк, додека пак пред конгресниот центар закажани се и ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера оствари ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што се сретна со претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Посетата, како што истакна доцна синоќа Вучиќ на својот Инстаграм профил, била исклучително важна за зајакнување на билатералните односи и заедничката работа за мир и стабилност во тешки меѓународни околности. По кралот на Јордан и претседателот на Египет, Вучиќ ...
На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по ...
Педесетгодишна жена од Куманово е пронајдена почината во дворно место на улицата „Средорек“, информираат од полицијата. Според информациите, настанот бил пријавен вчера во 17:43 часот во СВР Куманово од страна на лекар од Итната медицинска помош. По пријавата, на местото излегла полициска екипа која извршила увид. Станува збор за Г.Д. (50) од Куманово, а по наредба на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две лица во Кавадарци, еден ...
Три угостителски објекти во скопската општина Аеродром ќе се соочат со кривични пријави откако при полициска контрола било утврдено дека служеле алкохол на малолетници. Како што информираат од МВР, во периодот од 19 до 22 март 2026 година, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спровеле зајакнати контроли насочени кон почитување на законските одредби, особено во делот на точење алкохол на лица под 18 години. Во ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обивни дека Мицкоски закасни со една половична мерка без ефект за намалување на цените и побара Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ, намалување на ДДВ за горивата на 5%, помала акциза за 4 денари и укинување на ДДВ за храна. Само со вакви конкретни мерки може да се постигне реално намалување на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните. „Намалувањето на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки. На СДС и Филипче ништо не им чини. СДС и Филипче настапуваат тотално без концепт. За тоа кој ја става Македонија во подредена и неподредена позиција, да потсетиме дека Венко беше еден од апологетите на најкриминалната влада во историјата на Македонија, а таа е владата на Заев и Филипче. Што се однесува до ...
Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската диспора, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада. Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор ја отвораат вратата за ...
Соопштение на СДСМ: Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо. Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари. Ова е потврда дека ...
За земја со околу 180.000 земјоделски производители, со сè поизразени топлотни бранови, помалку летни врнежи и сè поголем ризик од суша и мраз, адаптацијата кон климатските промени веќе не е прашање на избор – таа е нужност. Светскиот ден на метеорологијата, 23 март, затоа е и предупредување и повик за дејствување. Последната деценија, 2011-2020, е најтоплата од почетокот на метеоролошките мерења во земјата, а регистрирани се и повеќе од ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија. Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, г-ѓа Роксана Минзату. ...
Потресна и болна исповед за кобниот 16 март раскажа Кире Димитриев, татко на Диме, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Bu gönderiyi Instagram'da gör 4NEWS.mk (@4news.mk)'in paylaştığı bir gönderi Тој вели дека денот требало да биде исполнет со радост – неговата снаа Ангела, бремена, требало заедно со неговиот син Диме да заминат на Клиниката во Чаир за породување. „Се подготвував, мислев на раѓањето, на ...
Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, настапува со две различни правни теории за одговорноста во истиот случај „Пулс“, предупредува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов. Bu gönderiyi Instagram'da gör 4NEWS.mk (@4news.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според неговата анализа, постои очигледно разминување во правната квалификација меѓу основните обвинителства и Обвинителството за гонење на организиран ...
Институтот за судска медицина денеска започна со обдукција на пронајденото безживотно тело, откако првичните вештачења потврдија дека станува збор за лице од женски пол. Идентитетот на починатата засега не е утврден. Според неофицијални информации, телото било пронајдено во тешка состојба, без глава и дел од екстремитетите. Анализите што се во тек треба да утврдат дали деловите од телото недостасуваат како последица на насилство или, пак, ...
Еден од адвокатите во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Петре Шилегов, смета дека дел од одговорноста за трагедијата лежи и кај локалните обвинители. Bu gönderiyi Instagram'da gör 4NEWS.mk (@4news.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во својата изјава, Шилегов посочи дека станува збор за мала средина каде, како што рече, „сѐ се знае“, и дека не може да се исклучи одговорноста на обвинителството. „Кочани не е Њујорк, не ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби му останува во домашен притвор. Тој е обвинет во рамки на истрагата за злоупотреби поврзани со Државна лотарија на Северна Македонија, потврдија од скопскиот Кривичен суд. Според судот, мерката е продолжена по барање на Обвинителството, при што на Груби му е определен домашен притвор со 24-часовен полициски надзор. Груби, кој по повеќе од една година отсуство се врати во земјата кон крајот на февруари, ...