Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Штандот на МОК во Сити Мол е отворен за посетители од 11 до 18 часот. Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за ...

Реал Мадрид објави доцна синоќа ново официјално соопштение, јасно наведувајќи дека тимот никогаш не ја разгледувал можноста за повлекување од финалето на Купот на кралот против Барселона, кое треба да се игра денеска на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља. „Нашиот клуб е свесен дека несреќните и несоодветни изјави од судиите делегирани за овој натпревар, дадени 24 часа пред финалето, не можат да фрлат сенка врз овој спортски настан од глобално ...

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура”, синоќа во македонскиот културен центар-Нобис во Тирана, беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии. Исто така беше одржана и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства. – На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од Проф. д-р Владимир ...

Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди, јави дописникот на МИА од Белград. Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во Нови Сад, каде што им оддадоа почит на жртвите кои загинаа на тоа место на 1 ноември лани откако ...

Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник – 28 април. „Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до ...

На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември” во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле ...

Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска ќе се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери ќе се собираат во неа за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст. Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе биде средба или барем и кратка размена на неколку збора со американскиот претседател Доналд Трамп, ...

Повеќе од 2.000 луѓе протестираа синоќа во Тунис, барајќи ослободување на уапсениот адвокат и оставка од претседателот Каис Саид. „Народот сака пад на режимот“, скандираа демонстрантите, повторувајќи ги слоганите од 2011 година, кога беше соборен диктаторот Зин ел-Абидин Бен Али по повеќе од 20 години на власт. Тие исто така извикуваа „Твој ред е, диктаторе Каис. Револуцијата доаѓа“. Демонстрантите носеа транспарент со сликата на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса. – Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп. ...

Сообраќајот на сите државни патишта во земјава утринава се одвива непречено, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Според нивните податоци, коловозите на одредени места се влажни, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат на возачите прилагодување на брзината според ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална. Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации. Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои! Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се ...

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025″ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата. На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица: Левица најостро ја осудува праксата на непрофесионално, паушално пополнување на анкетните листови за имотна состојба од страна на функционерите на ДПМНЕ. Ова однесување претставува флагрантно потценување на законските обврски и грубо поткопување на транспарентноста и интегритетот на јавните функции. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, функционерите се ...

Владата е посветена на одблокирање на евроинтеграцискиот пат, но порачува дека таа посветеност треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на која било влада во оваа држава по однос на национални прашања. Опозицијата пак смета дека евроинтеграцискиот пат на земјава е целосно заглавен, поради, немањето иницијатива од страна на владеачката коалиција за спроведување на уставните измени. -Имаме дијалог и комуникација со Софија и ...

Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 во плејоф серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако победија со 116:104 на домашен терен. Првите победи во серијата од првото коло од плејофот ги забележаа Орландо и Милвоки. Тимбервулвс во првиот натпревар во Минеаполис го одбранија брејкот направен во Лос Анџелес. Натпреварот беше полн со пресврти. По почетното водство на Лејкерси од три поени, Минесота ја презеде контролата врз резултатот во првата ...

Јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje кое оваа година се одржува под слоганот „Community”, ја славиме модата како заедничко искуство, простор за креативност и поврзување, денеска и утре со богата и интересна понуда. Оваа година, FWSK 30 ја прославува индивидуалноста како колективна сила. Публиката нема да бидат само љубителите на модата – ќе бидат оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во ...

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј”, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” и ул.„Костурски Херои”, тој со патничко возило „фоксваген” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники ...

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата и во јакнењето на нејзината отпорност. За овие достигнувања и за натамошните предизвици се разговараше на серија средби што ги оствари гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот ...

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април. Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, ...

Погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во Ватикан, ќе биде не само верски туку и глобален дипломатски настан од највисок ранг. Со учество на повеќе од 130 странски делегации, вклучувајќи десетина кралски дворови, Ватикан воведе строги протоколарни правила, кои опфаќаат сè – од седењето, преку облекувањето, до начинот на однесување на сите присутни. Според официјалниот ватикански протокол, машките учесници мора ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан. Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите. На последното испраќање на Папата на плоштадот Свети Петар, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, најавено е присуство на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, коментирајќи го случајот со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“, истакна дека ова е сериозен удар врз интегритетот на институцијата, но и потврда дека институциите не постапуваат селективно. „Разочарувачки е тоа што ...

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи во сабота наутро. Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше ...

На социјалните мрежи споделено е видео кое како што велат е направено денес, а на кое се гледа дека има помор на риби, силна миризба и бела пена на брегот од Дојранското езеро. Многу медиуми за иста таква ситуација алармираа и пред неколку недели. Дали се работи за нова еколошка катастрофа? Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, минатиот пат ги демантираше информациите. Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја ...

Стеванче Јорданоски е избран за нов претседател на Националната федерација на фармери на денешната конститутивна седница на новиот Управен одбор на НФФ и изборната седница на Генералното собрание на здружението, која се одржала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. НФФ соопшти дека Јорданоски е долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште, кој се занимава со производство на пченица, тутун, ...

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3. Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Последната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на опремата за ВАР. Овој процес се спроведува во тесна ...

Две лица загинаа, а трето е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на обиколницата на Загреб. Хрватската полиција објави извештај за тешката несреќа во која настрадаа две сестри, а трето лице е повредено. „Денес во 9 часот наутро, 40-годишен маж управувал камион со загрепски регистарски таблички, а се движел се по автопатот А3 во североисточен правец. При достигнувањето на 39-тиот километар, тој не ја прилагодил брзината ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота со неговата сопруга Џил, соопшти неговиот кабинет. Двојката ќе патува на погребот самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот. Според Ватикан, речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот. Џо Бајден, католик (единствениот католички ...

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел од нафтената инфраструктура. Земјотресот се случил на длабочина од 23 км, соопшти EMSC. Владата во прелиминарен извештај објави дека едно лице е повредено и дека неколку јавни згради и приватни домови се ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
34%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
36%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.25
34%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
28%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
34%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
36%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61