Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М.(60) и Е.А.(63), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.04.2025 на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а на 22.03.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово била извршена ...

26-годишен полицаец од скопското село Зелениково доби кривична пријава откако пред речиси два месеца, пијан возел безобѕирно низ населбата Кисела Вода и за малку ќе предизвикал сообраќајна несреќа, по што му се заканувал на другиот возач и удирал по неговиот автомобил, соопшти МВР. „Поднесена е кривична пријава против Л.Д. (26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со ...

Вчера до полицијата пристигнале две пријави за штета од заталкан куршум во скопска Гази Баба. – На 11.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(51) од село Љуботен, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. – На 11.06.2025 во 17.40 часот во СВР ...

На 11.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„10“, ул.„12“, ул.„Финска“ и ул.„Пролетна офанзива“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од Ш.М.(46) од с.Средно Коњари, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(29) од с.Инџиково, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди ...

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за кривично дело Насилство, откако на почетокот на мај му се заканувал на наставник во основно училиште во градот и искршил дел од инвентарот, соопшти МВР. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавениот упатувал закани наставник во училиштето, а оштетил и дел ...

АД „Д-р Пановски“ во врска со денешните објавени информации од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои се информира јавноста дека Вишиот управен суд со пресуда го потврдил решението за постоење на забранет договор – картел помеѓу АД „Д-р Пановски“ и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје, за јавна набавка спроведена во 2016 година, информира дека досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции. За споменатата јавна ...

Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка набави противпожарно возило, кое ќе се користи за гасење на пожари во манастирскиот комплекс и неговата околина, кои особено преку лето претставуваат реална закана. Возилото е обезбедено со помош на Кумановско-Осоговската епархија на МПЦ-ОА, а донацијата пристигна од Шведска. Од манастирот информираат дека објектот е сместен во планински предел и опкружен со густа шума, а пристапот до него ...

На денешната седница во Собранието, резервирана исклучиво за прашања од пратениците од опозицијата, дојде до остар судир помеѓу министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска и пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи. Повод беше прашањето за доцнењето на повратот на ДДВ кон компании кои, според Битиќи, не се политички подобни за актуелната власт. Пратеникот Битиќи побара одговор кога Министерството ќе обезбеди средства за поврат на ДДВ и ...

СДСМ ја поздрави акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, при која се лишени од слобода неколку полицајци и полициски функционери кои биле на смена за време на трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март. Од партијата обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ, како и министерот Панче Тошковски и лидерот Христијан Мицкоски, цели четири месеци се обидувале да ја прикријат вината на вмешаните полициски службеници. СДСМ ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство. „Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура ...

Членките на Обединетите нации доцна вечерва по македонско време со големо мнозинство ја усвоија резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас и неограничен хуманитарен пристап за над два милиона Палестинци кои живеат во катастрофални услови поради израелската воена офанзива. Ова го пренесе парискиот „Монд“. Генералното собрание на ОН, кое брои 193 членки, гласаше со 149 „за“, 12 ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Во нашата Република Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (особено денес и утре) и најизразен ветерот ќе биде во Повардарието. Сепак, во попладневните часови ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Што ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна ...

Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, соопшти прес-службата на Владата. Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра. Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по ...

Поранешниот Формула 1 возач и стјуард на ФИА, Дерек Ворвик смета дека британскиот возач Луис Хамилтон не го покажува тоа што се очекува од него во Ферари. – Не знам зошто Хамилтон не може да се трка за Ферари. Тоа е мистерија. Во Кина, кога победи на трката во спринт, мислев дека тоа е пресвртница, но тој сè уште не може да се снајде во болидот. Мислам дека сите ја видовме неговата преселба во Ферари како одлична можност да ја освои својата ...

Пожарот во депонијата Вардариште се уште се гасне, а превентивно е исклучена блиската трафостаница поради што делови од Скопје се без електрична енергија. За пожарот во Вардариште потврдуваат и од РЦУК Скопје. „РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и ...

На 11.06.2025 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Брест, општина Чучер Сандево, М.Б.(49) и М.Б.(20), двајцата од с.Брест, скопско, откако стартувале патничкото возило „џип“ со скопски регистарски ознаки со туркање, изгубиле контрола над возилото и се лизнале по удолница. Со тешки телесни повреди се здобил М.Б.(49), а со телесни повреди се здобил М.Б.(20), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во ...

Во третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот од првенството на Аргентина, кошаркарскиот тим Феро ја победи Бока Јуниорс, најдобриот тим во лигашкиот дел од натпреварувањето, со резултат од 76:73. Гостинските играчи имаа напад за победа, не го реализираа, а по дефанзивниот скок, Емилијано Лескано постигна неверојатна тројка. Дваесет и четиригодишниот плејмејкер ја фрли топката од својот рекет и таа заврши во кошот на градскиот ривал од ...

Суплементацијата со витамин Д може да ја намали смртноста од рак за околу 13 проценти, покажуваат три мета-анализи на клинички студии. Според научниците од Германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), доколку сите Германци над 50 години земаат витамин Д, може да се избегнат до 30.000 смртни случаи од канцер годишно и да се добијат над 300.000 години живот, со потенцијални заштеди во здравствените трошоци. Истражувањата во последните ...

Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации и народи, ги обновувавме раскинатите врски и изградивме мостови онаму каде што многумина ги уриваа. Донесовме ...

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и заеднички работи при Владата ја избра за концесионер на комплексот. Директорот на оваа служба, Ивица Томовски за весникот „Вечер“ изјави дека примопредавањето ќе се случи во 11 часот, во присуство на претставници од Владата, кое би траело час, најмногу до час и половина, а ќе има и официјална покана. – На 23 или 24 овој месец, ...

Повеќе од половина час нема струја во речиси половина Скопје. Без струја се жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и Маџари, Хиподром, Стајковци, Инџиково и Јурумлери. Додека чекаме информација од ЕВН, 24инфо.мк неофицијално дознава дека дефектот во мрежата е поврзан со голем пожар во Вардариште. Граѓани во порака до редакцијата на 24инфо.мк велат дека во источниот дел од градот не работат ниту семафорите, па поради тоа се создаваат и гужви ...

Глобалната перцепција за САД значително се влоши откако Доналд Трамп се врати на претседателската функција, според ново меѓународно истражување на истражувачкиот центар Пју. Во истражувањето спроведено од крајот на февруари до почетокот на април, испитаниците беа прашани во 24 земји, вклучувајќи десет европски. Во повеќето од нив, имаше пад на поволното мислење за САД во споредба со пролетта 2024 година. Според резултатите, јавноста ширум ...

Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар., објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи. Во документот од 196 страници, во кој „Билд“ имале увид, Комисијата повикува на „супресија на потрошувачката на тутун, меѓу ...

Извршителот на масакрот во средното училиште во Грац, во кој беа убиени 10 лица, бил страствен гејмер и го испланирал својот напад темелно, соопшти полицијата во Грац. „Извршителот бил многу интровертна личност која живеела многу повлечен живот“, изјави Михаел Лонегер, директор на Канцеларијата за криминал на покраината Штаерска, на прес-конференција. Масакрот, кој траел седум минути, по што тој извршил самоубиство, бил направен со пиштол ...

Подгорица и Вашингтон не воделе дипломатски разговори за можноста Црна Гора да прифати мигранти протерани од САД, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. „Досега немаше комуникација со САД за тоа прашање“, изјави за „Вијести“ одделот во врска со тврдењето на американскиот Блумберг дека администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди земјите од Западен Балкан да прифатат мигранти чиј престој во САД е укинат. Врз основа на ...

На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола. Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78). Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка. ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
74%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.51
74%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1024
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.44
52%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
36%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
36%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
63%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
78%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326