Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Во текот на продолжениот викенд (20–22 март 2026), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што биле издадени вкупно 1699 платни налози. Од нив, дури 476 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, што ја потврдува и понатаму загрижувачката состојба со брзото возење. Во истиот период, 60 лица биле лишени од слобода поради ...
Соопштение на ДУИ: 40 унапредувања во Централниот регистар. 0 за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции. Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, ...
Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки ...
Прес конференицја на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска-пратеничка Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски. Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување ...
Соопштение на Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат” дупки од лошо менаџирање. ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Скандалот со блокираниот изборот на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција. Зошто се кочи изборот на вицегувернери? Дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а ...
Прес-конференција на Валентин Мансиевски од ВМРО-ДПМНЕ: СДС да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го ...
Синот на министерот за спорт, Борко Ристовски, пронашол 500 евра во маркет на Водно, по што парите веднаш биле предадени кај вработените, со цел да му бидат вратени на сопственикот. Неговата мајка, Нина Ристовска, информацијата ја сподели на социјалните мрежи, апелирајќи до јавноста да помогне во пронаоѓање на лицето кое ги изгубило парите. „Душан најде 500 евра. Ќе ми биде драго сопственикот да се врати по своите пари кои им ги дадовме ...
Иранскиот совет за одбрана се закани дека ќе постави морски мини и ќе го блокира целиот Персиски Залив доколку брегот или островите на Иран бидат нападнати. Секој обид на непријателот да го нападне брегот или островите на Иран природно, и во согласност со нормалната воена пракса, ќе доведе до минирање на сите пристапни патишта и комуникациски линии во Персискиот Залив и по должината на брегот со разни видови морски мини, вклучително и ...
Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми. Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година. Жоспен двапати беше кандидат на социјалистите на претседателските избори. Жоспен е роден во Медон на 17 јули 1937 година. Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина ...
Од утринава, угостителите кои работат на катот во Трговскиот центар – блок А во Кочани започнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали. Станува збор за обврска што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти. Со договорот е предвидено сите времени градби, кои се третираат како бесправни, да бидат отстранети на ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за промена на власта на островот, повика кога станува збор за Куба да не се прават паралели со настаните во Иран и Венецуела. „Би ги замолил луѓето да не прават паралели кога зборуваат за Куба. Ние имаме своја реалност, свои околности. И, како што реков, не мислиме дека постои потреба од каква било воена акција на Соединетите ...
Уредските работници се соочуваат со сериозни проблеми поради блокираниот интернет, тинејџерите постојано менуваат ВПН-ови, а таксистите тешко се снаоѓаат низ Москва без интернет-навигација. Ваквата состојба е резултат на засилените мерки на Кремљ, кој сè поагресивно ја демонстрира својата контрола врз дигиталниот простор, пишува Ројтерс во анализа за актуелната состојба во Русија. Во текот на изминатата недела, мобилниот интернет бил ...
Хрватска се соочува со сериозен недостиг на гориво, кој веќе почна да предизвикува затворање на бензински станици низ земјата. Најтешка е состојбата во помалите населени места, каде граѓаните остануваат без пристап до основните енергетски ресурси. Во местото Удбина, една бензинска станица веќе е затворена, со диспензерите обвиткани во пластика, додека другата, во сопственост на ИНА, работи со скратено работно време – само до 13 часот. ...
Вчера околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката ...
Пилотот и копилотот на авионот на „Ер Канада експрес“ загинаа, откако леталото при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со противпожарно возило. Во инцидентот повредени се десетици лица. Со противпожарното возило управувале полицајци. Според американските медиуми, во инцидентот со фрактури се здобиле наредник и полицаец. Тие се примени во болница и се во стабилна состојба. Со авионот ЦРЈ-900, што полета од Монтреал, се ...
Албанската полиција приведе 14 лица по протестот на опозицијата во Тирана, додека девет од нив се под истрага на слобода. Меѓу приведените имало и малолетници, но тие биле ослободени. На, протестот беа фрлени молотови коктели врз кабинетот на премиерот, Министерствата за внатрешни работи и Министерството за инфраструктура, во близина на Банката на Албанија, каде што беше цел на нападот седиштето на СП. Бидејќи полициските сили поставија ...
Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост”, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје. Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на ...
Само по повеќе од 100.000 километри станува очигледно вистинското лице на автомобилот, според „Ауто Билд“. Затоа тие спроведоа долгорочен тест, чии резултати беа објавени неодамна. Во тестот автомобилите се возат во сите услови – од градски сообраќај до долги автопати, по дожд, снег и топлина. На крајот, пресудата не е само техничка, туку претставува сеопфатна проценка на сигурноста, квалитетот на изработка и однесувањето во реалниот ...
Некои луѓе се чини дека не знаат за мирни и едноставни врски. Додека други бараат стабилност и сигурност, тие се чувствуваат најживо токму кога врската е комплицирана. Без разлика дали станува збор за нејасни ситуации, постојано преиспитување или врски кои никогаш не се целосно дефинирани, припадниците на овие хороскопски знаци честопати несвесно избираат токму таква динамика. Шкорпија Скорпиите се познати по својата интензитет, а тоа е ...
Луксузот и брзината повеќе не се резервирани само за автомобили – Бугати претстави велосипед кој чини повеќе од нов автомобил. Во соработка со британскиот производител Factor Bikes , создаден е Bugatti Factor One , ограничен на само 250 примероци низ целиот свет. Велосипедот е направен речиси целосно од јаглеродни влакна: Рамката е оптимизирана за минимален отпор на воздух ултра лесни тркала тежат 1.298 g по пар карбонски компоненти – од ...
Пожар избувна попладнево во скопската населба Маџари, каде што гори отпад, создавајќи густ црн чад што се шири во околината. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според првичните информации, огнот зафатил насобран отпад на отворен простор, а чадот е видлив од повеќе делови на градот. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, посочувајќи дека мирисот на изгорено се чувствува во поширокото подрачје. ...
Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино, поради уличен дефект Ф-200мм на ул.Славејко Арсов 48 во населба Водно. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до ...
Куба се подготвува за можна инвазија од страна на американската војска, но инсистира дека нејзината влада не сака да ги влоши односите со САД и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба во интервју емитувано во неделата. „Нашата војска е секогаш подготвена“, изјави Карлос Фернандез де Косио за NBC. „Всушност, овие денови се подготвува за можност од воена агресија. Гледајќи што се случува во светот, ...
Иран му одговори на „терористичкиот претседател на Соединетите Американски Држави“ откако Трамп се закани дека ќе ги нападне неговите електрани ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец до понеделник. „Постојано повторуваме дека Ормутскиот теснец е затворен само за непријателот и за штетен сообраќај“, изјави портпаролот на армијата, Ебрахим Золфагари, на државната телевизија. „Сè уште не е целосно затворен и е под наша интелигентна ...
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД имаат „доволно пари“ за финансирање на војна против Иран и дека нема да биде потребно зголемување на даноците. Бесент рече дека Вашингтон има доволно средства за да ги покрие трошоците за војна против Иран од постојните буџетски рамки. „ Имаме доволно пари за да ја финансираме оваа војна “, рече американскиот секретар за финансии. Тој додаде дека потенцијалното дополнително ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во неделата изрази силна поддршка за воените напори на претседателот Доналд Трамп против Иран и рече дека очекува членовите на алијансата да се обединат и да го поддржат Трамп. Руте постојано го поддржува Трамп дури и кога некои водечки европски сили – нагласувајќи дека НАТО е дизајниран како одбранбен сојуз – покажаа неподготвеност да му помогнат на Трамп во војна со Иран, вклучително и околу ...
Опасноста од војна на Блискиот Исток достигна многу алармантно ниво, со извештаи за напади врз комплексот за збогатување ураниум во Натанц, Иран, и врз израелскиот град Димона, каде што се наоѓа нуклеарен постројка. Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесоа светските медиуми. Според него, организацијата ги проучува настаните што се случија претходниот ден во ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез во неделата побара отворање на Ормутскиот теснец и заштита на сите енергетски објекти на Блискиот Исток, по ескалацијата на нападите врз клучните нафтени и гасни проекти во регионот, пишува „Гардијан“ . „Шпанската влада бара отворање на Хормуз и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток“, објави тој на социјалните мрежи. „Се наоѓаме на глобална пресвртница. Понатамошната ескалација би можела да ...